Монако

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кнежевство Монако
Principatu de Múnegu (монегашки)
Principauté de Monaco (француски)
Гесло"Deo Juvante" (латински)
"Со Божја помош"
ХимнаHymne Monégasque
Местоположбата на  Монако  (зелено)на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Монако  (зелено)

на Европскиот континент  (темнозелено)  —  [Легенда]

Главен град Монако[1][2]
43°43′ СГШ 7°25′ ИГД / 
Најголем Најнаселен округ
Монте Карло
Службен јазик француски[3]
Демоним Монегаскец
Уредување уставна монархија
 -  Кнез Алберт II
 -  Државен министер Мишел Роже
 -  Претседател на националниот совет Лорен Нувион
Независност
 -  Династија Грималди 1297 
 -  Constitution 1911 
Површина
 -  Вкупна 1,95 км2 (232-ра)
 -  Вода (%) 0.0
Население
 -  проценка за 2009 32.965[4] (205-та)
 -  Попис 2000 32,020 
 -  Густина 16.818 жит/км2 (2nd)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $976 милиони (1st)
 -  По жител $47.440[5] (6-та)
БДП (номинален) проценка за 2005
 -  Вкупно $4.283 милијарди[6] 
 -  По жител $62.109[7] 
ИЧР (2003) 0.946 (висок) (16-та во 2005)
Валута Евро (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .mc
Повик. бр. +377

Монако (француски: Monaco, монегашки: Múnegu) или официјално Кнежевство Монако (Principauté de Monaco; Principatu de Múnegu) е мала независна држава во Западна Европа. Монко се наоѓа на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција. Од Италија Монако е одалечен само 16 километри. Вкупната површина на Монако изнесува 1 километри квадратни и има население од 33.000 жители.

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.[8] Често Монако се именува како Лас Вегас на Европа.

Монако е уставна монархија и кнежевство, каде на чело на државата е кнезот Алберт II. Династијата Грималди владеела со Монако уште од 1297 и официјално независноста на Монако била призната во 1861. Иако Монако е независна држава, безбедноста на државата е во рацете на Франција.


Етимологија[уреди]

Името на Монако потекнува од некогашната фокејска колонија од 6 век. Лигурците од страна на Старите Грците биле именувани како „моноикос“, термин што значи „една куќа“. Ова се однесувало на фактот што луѓето живееле само оддалечени од блиските соседи или пак се однесува на „само населено место“.

Историја[уреди]

Франсоа Грималди.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Монако.

Името на денешното кнежество Монако произлегува уште од грчкото доселување на овие простори во околу 1000 п.н.е. Во чест на Хераклес бил изграден храм кој по кој покасно оваа област била наречена Монако. На просториите на денешен Монако живееле многу народи, земјата била на неколку пати освојувана од најразлични императори и владетели. Во 43 п.н.е. Гај Јулиј Цезар Монако го вклучил во составот на Римската империја. Значајна улога во историјата на Монако одиграла династијата Грималди која владеела од 1295 до 1509 година, кога Монако паднал под француска власт. По падот на Француската империја, Монако повторно бил вратен на династијата. Покасно, по Виенскиот конгрес Монако бил под управа на Италија, а покасно повторно вратен на Франција.

Географија и клима[уреди]

Поглед кон Монако.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Монако.

Монакo е кнежество во Југозападна Европа. Монако претставува т.н. град-држава, кој се наоѓа на Средоземно море и граничи со Франција. Кнежество Монако е втората најмала држава во светот по Ватикан. Монако се наоѓа на т.н. Лазурен брег на Средоземно море, на 18 километри источно од францускиот град Ница. Највисока точка во државата е 163 метри, највисокиот врв “Ангел“ е висок 1109 метри. Монако не располага со никакви природни ресурси.

Климата во Монако е суптропска со мека и дождовна зима и топло и суво лето. средната минимална температура во јануари е 8 °C, а средната максимална температура во јули и август е 26 °C.

Политички систем[уреди]

Кнезот Алберт II
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Монако.

Монако е држава која била управувана од монархија уште од 1911 година, со кнезот како шеф на државата. Извршната власт е составена од државниот министер кој е шеф на владата и претседава на владиниот совет составен од пет члена. Сè до 2002 година, државниот министер бил француски државјанин поставен од кнезот според предлози од француската влада, но според уставните измени од 2002 година, државниот министер може да биде и државјанин на Монако. Сепак, кнезот повторно номинирал Французин за државен министер и моментален вршител на таа должност е Мишел Роже. До 1962 година власта била поделена во рацете на кнезот и на еднодомниот Национален совет. Советот е составен од 24 пратеници избрани на парламентарни избори.

Административна поделба[уреди]

Административни единици на Монако.

Монако е втора најмала држава во светот веднаш позади Ватикан. Исто така, Монако е најмала светска монархија. Државата се состои од само една општина. Не постои географска разлика помеѓу државата и градот Монако, иако административно има државни и локални надлежни органи. Според уставот од 1911 година, Монако е поделена на три општини:


Овие општини биле споени во една општина во 1917 година и биле истите именувани како квартови. Понатака биле создадени:

  • Фонтвил е четвртиот кварт создаден во 1970
  • Монгети е петиот кварт кој бил отцепен од Ла Кондамина
  • Ларвото е шестиот кварт кој бил отцепен од Монте Карло
  • Сен Роман е седмиот кварт кој исто така бил отцепен од Монте Карло

Покасно уште три нови биле додадени:

Демографија[уреди]

Катедралата Свети Никола.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Монако.

Демографијата на Монако е една од најчудните во светот, бидејќи матичниот народ, Монегасците, се малцинство во својата сопствена држава. Најголемиот број од населението се Французите со 47% од вкупното население, потоа следуваат Монегасците со 16% и Италијанците со 16%. Остатокот од 21% се припадници на 125. националности кои го сочинуваат странското население во државата. Монако има население од околу 33.000 жители и официјален јазик е францускиот јазик.

Официјална религија во Монако е католичката, но слободата на верска определба во државата е загарантирана со уставот. Во Монако има пет католички парохиски цркви и една катедрала која е седиште на надбискупот на Монако. Исто така, во Монако има припадници на Англиканската црква и Еврејската заедница.

Економија[уреди]

Фонтвил.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Монако.

Една од главните стопански гранки за приход во државата е туризмот. Секоја година Монако привлекува голем број туристи поради казината и пријатната клима, но сепак на самите Монегасци не им е дозволено да се коцкаат. Покрај туризмот, во државата во последно време се развиваат и други индустриски гранки како козметиката.

Државата има монопол на поголем број стопански сектори како што е тутунот и поштата. Порано и телефонскиот сообраќај бил во рацете на државата, но денес тој е приватизиран. Стандардот за живот на луѓето во Монако е мошне висок.

Монако не е член на ЕУ. Сепак, државата има силни врски со Франција па така официјална валута е Еврото. Пред воведувањето на Еврото, во државата се користел Монегашки франк.

Култура и транспорт[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Монако.

На територијата на Монако има неколку железнички линии и еден хелиодром. Најблизок аеродром е во Ница, Франција.

Панорама на Ла Кондамина.

Наводи[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Патување