2002
| < XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
| Грегоријански календар | 2002 MMII |
| Ab urbe condita | 2755 |
| Асирски календар | 6752 |
| Бахајски календар | 158–159 |
| Бенгалски календар | 1409 |
| Берберски календар | 2952 |
| Будистички календар | 2546 |
| Бурмански календар | 1364 |
| Византиски календар | 7510–7511 |
| Еврејски календар | 5762–5763 |
| Ерменски календар | 1451 ԹՎ ՌՆԾԱ |
| Етиопски календар | 1994–1995 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 1002–1003 |
| Ирански календар | 1380–1381 |
| Исламски календар | 1422–1423 |
| Јапонски календар | Хеисеи 14 (14年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 辛巳年月日 (4638/4698) — до —
壬午年月日(4639/4699) |
| Коптски календар | 1718–1719 |
| Корејски календар | 4335 |
| Календар Мингуо | Република Кина 91 民國91年 |
| Селевкидски календар | 2313–2314 |
| Тајландски сончев календар | 2545 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2058–2059 |
| - Шака самват | 1924–1925 |
| - Кали југа | 5103–5104 |
| Француски револуционерен календар | CCX–CCXI 210–211 |
| Холоценски календар | 12002 |
| Џуче-календар | 91 |
2002 (MMII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 2002. година од новата ера, 2. од третиот милениум, 2. од 21 век и трета од 2000-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7510 и 7511 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6752 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5762 и 5763 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2755.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2002. година се протега во 4638 и 4639, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4698 и 4699 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2545. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1422 и 1423 исламска година.
Настани [уреди]
- 1 јануари – Еврото е пуштено во оптек во 12 земји членки на Европската Унија
- 18 јануари - Доста Димовска, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ, ја напушти партијата, поднесувајќи неотповиклива оставка на сите нејзини функции.
- 8 – 24 февруари – Се одржуваат Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити
- 12 февруари – Започнува судењето на југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ во Хаг
- 22 февруари – Започнува да се применува примирјето во Шри Ланка
- 11 – 14 април – Во Венецуела е извршен неуспешен државен удар против претседателот Уго Чавез
- 12 мај – Поранешниот американски претседател Џими Картер ја посетува Куба
- 20 мај – Источен Тимор станува независна држава
- 9 јули – Официјално е распуштена Организацијата за Африканско Единство и е заменета со Африканската Унија
- 10 септември – Швајцарија станува членка на Обединетите Нации
- 15 септември - Се одржуваат парламентарни избори во Република Македонија, на кои победува коалицијата За Македонија заедно
- 19 септември – Започнува граѓанската војна во Брегот на Слоновата Коска
- 19 октомври - Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски.
- 1 ноември - Македонското Собрание ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.
- 15 ноември – Ху Џинтао станува генерален секретар на Комунистичката партија на Кина
Родени [уреди]
Починале [уреди]
- 12 јануари – Сајрус Венс, американски политичар
- 23 јануари – Роберт Нозик, американски философ
- 11 март – Џејмс Тобин, американски економист
- 6 мај – Пим Фортаун, холандски политичар
- 16 август – Абу Нидал, палестински милитант
- 24 ноември – Џон Ролс, американски политиколог
Поврзано [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „2002“ |