Мухамед

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мухамед (арапски: محمد; Abu al-Qasim Muhammad Ibn Abd Allāh al-Hashimi al-Qurashi) е арапски религиозен и политички пророк во Исламот.

Детство[уреди]

Дел од серијалот

Ислам
Mosque02.svg

Istanbul, Hagia Sophia, Allah.jpg
Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунитизамШиитизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилософија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Видете исто така

Исламски лексикон
Индекс на статии за Исламот

Роден е на 12 април 570 година во околината на Мека, денешна Саудиска Арабија. Неговиот татко починал неколку месеци пред тој да се роди. Како мал живеел надвор од градот, односно во пустина каков што бил и обичајот во Арабија. Кога наполнил шест години, починала мајка му, а по две години и дедо му. По нивната смрт, тој живеел заедно кај неговиот чичко. Заедно со него, повеќе пати бил во Сирија каде се среќавал со христијански монаси и службеници. На дваесетгодишна возраст стапил во брак со Хатиџа, која била ќерка на богат трговец и околу десет години постара од него. Во бракот, Мухамед се ослободил од материјалните проблеми. Во тој брак го посинил Али. Во исто време се повеќе почнал да се интересира за религијата на Авраам. Кога наполнил четириесет години , Мухамед за прв пат, според Куранот го слушнал гласот Божји кој му наредувал од името на Господ да испрати порака кон својот народ. Во ова на почетокот поверувала само неговата жена, но наскоро и неговите посвоени синови Али и Заид.

Почетоци на Куранот[уреди]

Мухамед во ракопис од Иран од 14-ти век

Мухамед секоја година по неколку месеци поминувал сам на планината Хира блиску Мека. Преданието кажува дека во 610 година, на Мухамед му се јавил ангелот Гаврил. Ова бил и почетокот на Куранот, а со тоа и на Исламот. Во прво време, Мухамед проповедал само пред своите најблиски роднини и пријатели, но по три години веќе јавно проповедал низ Мека, каде новата вера за прв пат ја прифатиле сиромашните. Мухамед им советувал на богатите да го поделат својот имот со сиромашните, сè со цел да има рамноправност меѓу муслиманите пред Бога. Но, богатите трговци почнале да се плашат за нивното богатство, па се обидувале да го протераат од Мека. Честопати неговите проповеди на Каба доведувале до безредија меѓу народот.

Преместување од Мека во Медина[уреди]

Поради опасноста за својот живот во Мека, Мухамед заедно со Абу Бакр преминале во Јатриба, денешна Медина на 16 јуни 622 година. Ова преминување во исламот е познато како Хиџра, и претставува почеток на исламската ера и првиот ден во одбројувањето на годините според исламскиот календар. Во Медина Мухамед живеел околу десет години, проповедајќи меѓу населението. Тој не само што бил пророк, туку станал и политички водач. Градот по него станал познат како “Град на пророкот“ или Medinaat at Naabi, од каде доаѓа и денешното име Медина. Во Медина била изградена и првата ниша, која го посочувала патот кон Ерусалим.

Во Медина започнале да пристигнуваат трговци од Мека, пљачкосувајќи го населението. Ова прераснало во конфликт помеѓу Мека и Медина. Така, првата војна започнала во 624 година, кога мединските муслимани под раководство на самиот Мухамед ги нападнале трговците од Мека во Битката кај Бедра и им нанеле тежок пораз. Но во Битката кај Ухуда, муслиманите биле поразени. По две години, Мека со 10 000 војници ја опседнала Медина, која имала само 3 000 војници. Но, на крајот сепак Мека била поразена. Во 630 година во Мека бил убиен еден муслиман, а тоа станало причина Мухамед да започне пресудна војна за Мека. До војна не ни дошло бидејќи Мухамед ја признал Мека за Свет град, меѓутоа идолите биле исфрлени од Кабакоја станала светилиште на единствениот Бог Алах. Голем број од населението ја прифатило новата вера.

Освојување на Арабија[уреди]

Од Мека, Мухамед започнал да го шири исламот, а со тоа и исламската држава, прогонувајќи многу немуслимански племиња и народи. Тој постојано им сугерирал на неговите сојузници да го прифатат исламот. За многу кратко време, цела Арабија била дел од исламската држава.

Смртта на пророкот[уреди]

По десет години откако преминал од Мека во Медина, Мухамед заминал на аџилак, учејќи ги своите следбеници за правилата и обичаите на аџилакот. Тој на тоа патување го одржал и својот последен говор (арапски: Khutbat al-Wadaa') советувајќи ги муслиманите да не живеат со старите туку да ги прифатат новите обичаи. По само неколку месеци од овој говор, Мухамед се разболел и починал во својот дом во Медина на 8 јуни 632 година, без машки потомок. Неговиот гроб се наоѓа на местото на неговата куќа, денешната џамија Масџид Ал-Набави. Џамијата Ал Акса е местото кое се смета дека Мухамед воскреснал кон небото.