Свети Илија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Илија
Еврејски пророк
Роден(а) Тесвит
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Источна католичка црква
Православна црква
Лутеранска црква
Слава 20 јули и 2 август
Особини пророк

Свети Илија (хебрејски:אליהו „Елихају“) е еврејски пророк кој живеал во 9 век п.н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. За неговото дело е напишано во Стариот завет, Новиот Завет, Талмудот и Коранот, што значи дека е почитуван во многу религи: јудаизмот, христијанството, исламот, Бахајството, Јеховите сведоци, Мормонизмот.

Во Стариот Завет[уреди]

Пророкот Свети Илија зазема значајна улога во религијата на христијаните и Евреите. За него најмногу е напишано во Третата и Четвртата книга “Царства“, а помалку во Втората книга "Паралипоменон" и "Книга на Малахија".

Трета и Четврта книга „Царства“[уреди]

Вовед[уреди]

Пророкот Свети Илија се појавува за да го насочи својот еврејски народ кон вистинскиот Бог, бидејќи дотогаш народот потпаднал под влијание на Езавел, сопругата на цар Ахав. Се родил во Ароноб. Според верувањата, кога Свети Илија се родил, неговиот татко Савах видел ангели околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Името Илија во превод значи “Мојот Бог е Јахве“, и можеби му било додадено подоцна, поради неговите проповеди. Младоста ја поминал во пустината, проучувајќи ја молитвата и религијата. Негова главна карактеристика е тоа што верата ја ширил без страв и многу брзо. Во тоа време, на тамошните простори била развиена многу и феникиската вера, поддржувана од самиот цар. Со неговите јавни настапи, тој предизвикувал големи нереди по цел Израел.

Политичка положба на Израел[уреди]

Во 9 век п.н.е. обединетото царство на Давид и Соломон се разделило на два дела: Јудеја, која опфаќала само две племиња, и Израел што ги вклучувал останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееле потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Израел го сакал Ерусалим за себе, центарот на еврејскиот религиозен и политички живот кој бил во границите на Јудеја. Поради овие причини, царевите на Израел правеле секакви обиди Светиот Град да го вклучат во својата територија. И покрај тоа што Амриј како нова престолнина ја направил Самерија, еврејското население не се откажувало од Ерусалимскиот храм, најсветото еврејско свето место.

Во тоа време, и самиот Илија не се согласувал јавно со Ахав, кој сè почесто ја подзаборавал религијата на Мојсеј, и наместо во Јехова, верувал во други богови. Неговата жена го наговорила да изгради храм за сирискиот бог Ваал и одредил свештеници за тој бог. Поради тоа морал да избега од Израел, и се доселил на протокот Херит, источно од Јордан. Според верувањата, Господ Свети Илија го испратил во Серепта Сидонска кај некоја вдовица, која требало да се грижи за него. Кога пристигнал кај неа ѝ побарал нешто за јадење, а таа му рекла дека самата таа и нејзиниот болен син немаат што да јадат, камоли и нему да му дадат. Тогаш, Илија ѝ порачал на вдовицата да му ја даде последната храна што ја имаат, бидејќи Бог нема да дозволи таа и нејзиниот син да останат гладни. Таа така и направила. По некое време обеќањето од Илија се остварило, но синот на вдовицата починал од болеста што ја имал. Затоа пак, Свети Илија се помолил на Господ и Тој повторно го вратил во живот.

По две години глад и суша, Господ му наредил на Илија да се врати повторно кај Ахав и да го објави крајот на сушата. По патот го сретнал Авдиј, послужник на царот и му рекол да се врати повторно кај царот за да го објави крајот на гладот и сушата.

Кога царот разбрал за зборовите на Илија, наредил да го доведат кај него. Пророкот побегнал кон Беер Шева во Јудеја. По патот продолжил низ пустината и по патот го помолил на Господ да му го одзеде животот бидејќи сметал дека не бил подобар од останатите грешници на светот. Потоа заспал под некое дрво, а во длабоката ноќ дошол ангел кој му донел јадење и му рекол дека го чека долг пат.

Илија патувал 40 дена и 40 ноќи се до планината Хорив, и кога престигнал влегол во некоја пештера. Таму Бог го прашал што прави во таа пештера, а самиот Илија му кажал се кое го мачи нему и неговиот народ. Тогаш Бог му кажал да излезе од пештерата. Само што излегол, Бог повторно го запрашал Илија што прави на оваа планина, а тој повторно му ги кажал страдањата и грешниот свет. По ова, Бог му наредил да оди во Дамаск и да помогне Азаил да стане цар на Сирија, Ивуј за цар на Израел а Елисеј за негов заменик.

Израелскиот цар Ахаав посакал земјата на Навутеј да ја присвои кон својата палата, за кое тој откажал бидејќи така му било наредено од Бог. Но самата Езавел направила план како да го одзема земјиштето. Кога веќе земјата била одземена, Илија отишол кај царот, кој го примил многу остро. По ова, пророкот заедно со својот ученик Елисеј отишол на реката Јордан, каде го дочекале уште педесетина негови ученици. Кога Илија удрил по водата, реката се разделила на две страни, каде го дочекале коњи преку кој тој воскреснал на небото.

Во Новиот Завет[уреди]

Кога Јован Крстител и Исус Христос ја проповедале својата вера, некои евреи сметале дека некој од нив е самиот Свети Илија. Самиот Свети Илија и Мојсеј се јавиле на Исус Христос на денот на Воскреснувањето. За последен пат Свети Илија се споменува од страна на Исус Христос на крстот, кога оние пред крстот сметале дека го вика Илија на помош.

Свети Илија е едиствениот пророк кој на небото воскреснал жив. Тој е еден од најзначајните светци во христијанството.

Цркви на Св. Илија во Македонија[уреди]

Црквата Св. Илија во Стенче

Археолошки локалитети во Македонија наречени по Св. Илија[уреди]

Поврзано[уреди]