Св. Илија (Челопеци)

Координати: 41°28′21″N 21°1′42″E / 41.47250° СГШ; 21.02833° ИГД / 41.47250; 21.02833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Илија

Карта

Местоположба 41°28′21″N 21°1′42″E / 41.47250° СГШ; 21.02833° ИГД / 41.47250; 21.02833
Основни податоци
Место Челопеци
Општина Кичево
Тип

 базилика  некропола


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Св. Илијаархеолошко наоѓалиште во кичевското село Челопеци. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа северно, на ридот што благо се издига над селото, каде се наоѓа црквата Св. Илија изградена во 1861 година, а обновена во 1910 година. Црквата била подигната врз темелите на постар сакрален објект и некропола. Во нејзините ѕидови се вградени сполии од камена пластика. Така, еден коринтски капител, изработен од ситнозрнест мермер, свртен наопаку, служи како база на дрвен столб врз кој се потпира балконот во западниот дел на црквата; на јужниот влез се вградени две плочи од кои едната служи за праг, а другата за довратник. На плочата довратник е зачуван дел од старогрчки натпис во 6 реда. Над влезот има ниша со вградени камени греди, од кои на една исто така има зачуван дел од старогрчки натпис. И на крајот, во олтарниот ѕид е вградена надгробна плоча со двојно профилирана рамка. Од присуството на овие плочи со натписи вградени во црквата би можело да се претпостави дека во непосредната близина, или на нејзината локација, се наоѓале постар објект и некропола од римското старохристијанско време.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069