Димче Коцо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димче Коцо
Роден 10 октомври 1910
Охрид, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 17 март 1993(1993-03-17) (возр. 82), Македонија
Националност Македонец
Занимање историчар на уметност, ликовен критичар, археолог

Димче Коцо (Охрид, 10 октомври 1910 - 17 март 1993) — македонски и југословенски историчар на уметноста, ликовен критичар и автор на голем број трудови од областа на средновековната уметност и археологијата.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден бил во Охрид на 10 октомври 1910 година. Матурирал во Битола, а дииломирал во 1937 година на групата Историја за уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Паралелно со студирањсто на Факултетот, учел една година сликарство во Уметничката школа во Белград[2].

Бил на студиски престој во Франција и Италија. Учествувал со реферати на сите меѓународни конгреси на византолозите, организирани по војната.

Од 1938- 1941 година работи како наставник во средни училишта, а од 1942 до 1944 година бил асистент во Народниот музеј во Скопје.

По војната бил директор на Народниот музеј во Скопје, и на Археолошкиот музеј во Скопје и на Заводот за заштита на културно-историските споменици на СРМ. Од крајот на 1946 година бил наставник по предметот историја на уметноста на Филозофскиот факултет, првин во звање предавач, а во 1963 година е избран за редовен ирофесор. Во учебните 1950/51 и 1957/58 година бил декан на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 1951-1952 и 1958-1959 година продекан на истиот факултет. Бил одговорен уредник на Гласникот на Музејско-конзерваторското друштво на СРМ и на Зборникот на Археолошкиот музеј во Скопје, уредник на Енциклопедијата па ликовните уметности (за Македонија), потоа претседател и член на ДЛУМ, како и на повеќе управи на друштва од републичко и од сојузно значење и прстседател на повеќе совети.

Донисен член е на Германскиот археолошки институт во Франкфурт на Мајна (од 1955), а во 1969 година е избран за (Doctor Honoris Causa на Универзитетот во Безансон).

Бил сојузен пратеник и долгогодишен одборник на Народииот одбор на Скопје.

Добитник е на Награда на Владата на НРМ за 1959 година и на „11 Октомври“ за 1969 година.

Истовремено, тој бил и активен ликовен уметник и критичар. Од ослободувањето до денес има три самостојни изложби, а учествувал на речиси сите изложби па ДЛУМ во Југославија и во странство – Франција и Италија.

Објавил новеќе научни трудови од областа на македонската средновековна уметност, средновековната уметност на другите балкански народи и современата македонска уметност. Неговото капитално дело „Археолошка карта на Република Македонија“ е објавено во три тома под издаваштво на МАНУ.

За дописен член на Македонската акадсмија на науките и уметностите е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член – на 26 декември 1974 година.

Починал на 17 март 1993 година[3].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Како историчар на уметноста и ликовен критичар објавил повеќе статии од областа на средновековната уметност, современата уметност, како и археологијата.

Во науката се здобил со трајно место со ископувањата на Климентовата цркваСв. Пантелејмон“ во Охрид, врз основа на резултатите објавени во 1948 г.

Исто така, вршел ископувања и во манастирот „Св. Наум Охридски“ и на црквата „Св. Петнаесет струмички маченици]]“ во Струмица.

Во доменот на фрескоживописот се особено значајни неговите резултати од истражувањата на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир (Мариово),

Св. Никола Топлички“ (Демир Хисар), како и на други споменици од средновековниот и од доцносредновековниот период во Македонија.

Во науката се прифатени неговите проучувања на триконхалните цркви, потоа за реконструкцијата на црквата „Св. Софија“ во Охрид (особено за постоењето на купола во постарата градба), за датирањето на црквата „Св. Богородица Челница“ во Охрид и др.

Во 1969 г. е избран за член на МАНУ. Бил член на Деутсцхес Арцхаологисцхес Институт (Ромисцх-германисцхе Комиссион) во Франкфурт на Мајна и доцтор хонорис цауса на Универзитетот во Безансон.

Димче Кочо: Три глави, таписерија (1978)

Климентовиот манастир „Св. Пантелејмон]]“ и раскопката при „Имарет“ во Охрид, ГЗФФ, 1, Скопје, 1948, 129–180;

Црквата Св. Софија во Охрид, ГЗФФ, 2, Скопје, 1949, 341–358;

Неколку нови податоци за средновековните споменици во Македонија, „Гласник на Музејско-конзерваторското друштво на Македонија“, И/2, Скопје, 1954, 7–22;

Ноувеллес цонсидератионс сур л’еглисе де Саинте-Сопхие à Охрид, Аркхаеологиа Југославица, Ⅱ, Београд, 1956, 139–144;

Д. Коцо, П. Миљковиќ-Пепек, Манастир, Скопје, 1958;

Триконхалните цркви во Климентовото време, Словенска писменост – 1050-годишнина на Климент Охридски, Охрид, 1966, 91–100;

Нови податоци за историјата на Климентовиот манастир Св. Пантелејмон во Охрид, ГЗФФ, 19, Скопје, 1967, 245–255;

Прилог кон проучувањата на Брегалничката епископија, Зборник Светозара Радојчића, Београд, 1969, 155–160;

Богородица Челница, Зборник –. Бошковић, „Старинар“, ⅩⅩ, Београд, 1970, 171–179;

Д. Коцо, П. Миљковиќ-Пепек, Б. Алексова, Првите резултати од археолошките ископувања на локалитетот Св. 15 маченици во Струмица – 1972 г.

„Ликовна уметност“, 1, Скопје, 1973, 43–44. ЛИТ.: [[Константин Петров, По повод 60-годишнината на професорот Димче Коцо, Зборник посветен на Димче Коцо, Скопје, 1975, 11–16. Цв. Гр. Кочани

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Svetislav Đurić (1975). Katalog knjiga na jezicima jugoslovenskih naroda, 1868-1972 (српскохрватски). Narodna biblioteka SR Srbije.
  2. Димче Коцо
  3. Димче Коцо (1910-1993)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]