Географски координатен систем
Од Википедија, слободна енциклопедија
Географскиот координатен систем ја прикажува секоја локација на Земјата со две или три координати на сферен координатен систем кој што е подреден со оската на ротација на Земјата. Позајмувајќи теории од античките Вавилонци, а подоцна проширени од познатиот грчки мислител и географ Птолемеј, на полн круг му се припишуваат 360°.
Географскиот координатен систем овозможува секоја локација на земјата да биде определена преку три координати на сферичниот координатен систем, кој е подреден на оската на ротација на земјата.
[уреди] Прва и втора димензиа, логнитуда и латитуда
- Латитуда или географска ширина е аголот во центарот на координатниот систем помеѓу било која точка на земјината површина и рамнината на екваторот. Линиите кои се спојуваат во точките на иста латитуда се нарекуваат паралели. Тие исцртуваат концентрични кругови на површината на земјата. Секој до земјините полови се наоѓа на 90 степени. Северниот пол е 90° N; јужниот пол е 90° S.
Нултиот степен од паралелата на латитудата е означен со екваторот. Тоа е замислена линија која ја дели земјината топла на северна и јужна хемисфера.
- Логнитуда или географска должина е аголот кон исток или запад, во центарот на координатниот систем, помеѓу било која точка на земјината површина и рамнината помеѓу северниот и јужниот пол. Линиите чии точки се спојуваат на иста логнитуда се нарекуваат меридијани. Сите меридијати се половина од замислени кругови и не се паралелни. По дефиниција тие се спојуваат на половите. Линијата која поминува преку Гринич (Во близината на Лондон) е интернационалната нулта точка за географска должина. Таа точка е местото кадешто истовремено меридијанот е 180°W (запад) и 180°E (исток).
Со комбинација на овие два агли хоризонталната позиција на било која локација на земјата може да биде определена.
На пример Скопје има латитуда од 42°0′N и логнитуда од 21°26′E . Ако повлечеме линија од центарот на земјата со агол од северно од екваторот и од Гринич, оваа линија ќе помине низ Скопје.
За попрецизна определба, степените се делата на минути (1 минута е 1/60 дел од степенот и е означена со „м“ или '. Дополнително минутите се делат на секунди означени со „с“ или .
[уреди] Трета димензија - длабочина односно надморска височина
За целосно да се определи некоја локација на земјата, мора исто така и да се определи нејзината висина во однос на нивото на морето. За локации кои се наоѓаат под морското ниво се користи центарот на земјата како референтна точка.

