Нулти меридијан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Нултиот меридијан означен на Земјината топка.

Нултиот меридијан е меридијанот (линијата на географска должина) на кој должината се зема како 0°. Според ова, нултиот меридијан е работа на конвенција, договор и низ историјата таа конвенција се менувала. Денес за нулти меридијан се зема линијата што минува низ Кралската Опсерваторија во Гринич, Англија, близу до Лондон. Според местото и меридијанот често пати се нарекува Гринички меридијан.

За разлика од напоредниците, кои се дефинирани како замислени линии кон север и кон југ од Екваторот (при што Екваторот по конвенција е на 0°, а половите на 90°), нултиот меридијан е сосема арбитрарен.

Нултиот меридијан минува низ Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Алжир, Мали, Буркина Фасо, Того и Гана.

Спротивно на нултиот меридијан на Земјината топка, на 180° географска должина се наоѓа Меѓународната датумска граница. Сите точки на Земјината топка помеѓу 0° и 180° се со западна географска должина, а оние помеѓу 180° и 0° се со источна географска должина.



Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици