Гана
| Republic of Ghana Република Гана |
||||
|---|---|---|---|---|
|
||||
| Гесло: "Слобода и правда" | ||||
| Химна: God Bless Our Homeland Ghana[1] Господ да ја благослови нашата татковина Гана |
||||
| Главен град | Акра 5°33′N 0°15′W / 5.55°N 0.25°W |
|||
| Најголем град | главниот град | |||
| Службен јазик | англиски | |||
| Демоним | Ганец | |||
| Уредување | Република | |||
| - | Претседател | Џон Ата Милс | ||
| - | Заменик претседател | Џон Драмани Махама | ||
| Независност | од Велика Британија | |||
| - | Објавена | 6 март 1957 | ||
| - | Република | 1 јули 1960 | ||
| - | Сегашен устав | 28 април 1992 | ||
| Површина | ||||
| - | Вкупна | 238,535 km2 (81-ва) 92,098 sq mi |
||
| - | Вода (%) | 3.5 | ||
| Население | ||||
| - | проценка за 2009 | 23.837.000[2] (48-ма) | ||
| - | Густина | 99.9/km2 (103-та) 258,8/sq mi |
||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2009 | |||
| - | Вкупен | $36.322 милијарди[3] | ||
| - | По жител | $1.571[3] | ||
| БДП (номинално) | проценка за 2009 | |||
| - | Вкупно | $17.75 милијарди[3] | ||
| - | По жител | $1000[3] | ||
| ИЧР (2007) | ▲ 0.553 (среден) (136-та) | |||
| Валута | Седи (GHS) |
|||
| Часовен појас | GMT (UTC0) | |||
| - | (ЛСВ) | GMT (UTC0) | ||
| Се вози на | десно | |||
| НИД | .gh | |||
| Повик. бр. | 233 | |||
Гана (англиски: Ghana) или официјално Република Гана (Republic of Ghana) е држава во Западна Африка. Гана на запад граничи со Брегот на Слоновата Коска, на север со Буркина Фасо и на исток со Того. На југ државата излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Името на државата значи „крал воин“[4] и потекнува од Империјата Гана. Главен град на државата е Акра и официјален јазик е англискиот јазик.
Гана била населена пред колонизацијата, најмногу од Акани и акански кралства на источниот брег, додека во внатрешноста била Ашантиската Империја, империјата на Фанте и уште неколку други империи како тие на народите Га или Еве. По доаѓањето на Португалците во 15 век, трговијата со Европјаните започнала, додека во 1874 година Гана била британска колонија позната како Златен Брег[5]
Златниот Брег се стекнал со независност во 1957 година и станала прва суп-сахарска африканска држава која се стекнала со независност[6][7][8] и името „Гана“ било избрано за име на новата држава како наследник на Империјата Гана која владеела со голем дел од Западна Африка. Државата е втор најголем производител на какао во светот.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Зборот „Гана“ во буквален превод значи „крал воин“ и била титула на кралот на средновековната Империја Гана.[9] Географски, Империјата била 800 километри северно и западно од денешна Гана и таа владеела територии околу реките Сенегал и Нигер и на териториите на државите Сенегал, Мавританија и Мали. По независноста на Златниот Брег, британска колонија, името Гана било земено како ново име на државата на 6 март 1957 година.
[уреди] Историја
Во поголемиот дел од јужните земји од Сахара, по 500 година започнало да се развива земјоделството. Во тоа време започнале да се формираат првите организирани села. Кон крајот на класичната ера, во Западна Африка се создале голем број на кралства, од кои едно од најголемите и првите било Гана. Стара Гана зазимала територии од денешните држави Мавританија и Мали. Пред доаѓањето на европските трговци, Гана била периферно подрачје на кралството кое се наоѓало јужно од Сахара. Првите контакти на трговците од Европа со регионот биле кон 15 век. Главно, потчинетото население се користело за трговија со робови, а земјата се експлоатирала за откривање на злато. Велика Британија кон втората половина од 19 век ја зазеле територијата на денешна Гана.
Земјата во 1957 година станала првата земја која добила независност во регионот. Кваме Нкрума станал првиот реководител на земјата. Во 1966 година врз него бил извршен воен удар. По долгогодишни конфликти, на власт во 1981 година дошол Џери Раулингс, кој ги забранил политичките партии и промена на уставот. По воведувањето на повеќепартискиот систем, Џери Раулингс на два пати бил избран за претседател.
[уреди] Географија и клима
Гана се наоѓа во Западна Африка и има излез на Гвинејскиот Океан. Државата е во близина на екваторот и поради тоа има доста топла клима. Вкупната површина на Гана е 238.500 километри квадратни. Гана на исток се граничи со Того, на запад со Брегот на Слоновата Коска и на север се наоѓа Буркина Фасо. Главен град во државата е Акра.
Гана е составена од пет различни географски региони како што се приморскиот, северните висорамнини, шумите во средишниот дел од земјата и на исток се наоѓа планинскиот дел. Басенот на Волта се наоѓа во средишниот дел од земјата. Највисок врв во Гана е Афаџато со висина од 885 метри. Езерото Волта е најголемо вештачко езеро во светот и се наоѓа во источна Гана.
[уреди] Политички систем
Политиките на Гана се одвиваат во рамките на претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и шеф на владата. Седиштетот на владата е во Златната јубилејна куќа. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и собранието на Гана. Уставно, судската власт е независна.
[уреди] Административна поделба
Гана е поделена на 10 административни региони, кои пак се поделени на 138 окрузи. Регионите на Гана се:
|
|
|
Поголеми градови во Гана се:
| Град | Население |
|---|---|
| Акра | 3.096.784 |
| Кумаси | 2.604.909 |
| Тамале | 390.730 |
| Такоради | 260.651 |
| Тема | 229.106 |
| Тешие | 154.513 |
| Секонди | 153.900 |
| Кејп Коуст | 200.204 |
| Обуаси | 147.613 |
| Дунква-он-Офин | 108.482 |
[уреди] Економија
Гана е држава со голема залиха на природни ресурси и има двојно поголем БНП по глава на жител од останатите држави во Западна Африка. Иако е побогата од околните држави, таа е зависна од меѓународна асистенција и инвестиција. Околу 28% од наслението живеат во сиромаштија со 1.25 долари на ден.[10]
Гана е позната по своето злато и денес, како и порани, е една од најголемите призводители на злато. Покрај златото, се извезуваат и какао, дрва, електрична енергија, дијаманти и магнезиум[11] Покрај ова, во 2007 година се открил и извор на нафта.[12]
Работоспособното население на Гана брои околи 11.5 милиони луѓе. [Земјоделство]]то зазема околу 37.3% од стопанството и овозможува вработување на околу 56% од работоспособното население. Официјална валута во државата е ганско седи.
[уреди] Население, јазик и религија
Вкупното население на Гана изнесува 23.837.000 жители. Гана е дом на над 100 различни етнички групи, и за среќа досега нема забележано конфликт на различпните етникуми, како што било во останатите африкански држави[13]. Официјален јазик во државата е англискиот, но скоро секој жител зборува најмалку уште еден локален јазик.
Етнички, Гана е составена од Акани кои се 49.3% и ги вклучува етничките групи Фанте, Акјем, Ашанти, Кваху, Акрпонг-Акуапем, Нзема, Аброн, Акваму, Аханта и други. Мосите и Дагбоните се застапени со 15.2%, Еве со 11.7% и Га со 7% каде спаѓаат и Адангбе, Ада, Кробо и други. Понатака следуваат Гуани со 4%, Гурма со 3.6%, Гуранси со 2.6%, Манде 1%, Хауса, Џерма и Фула со 1.8% и останати 1.4%. Според ЦИА, религиски Гана е составена од Христијани со 68.8%, Муслимани со 15.9% и традиционални африкански религии со 8.5%[14][15].
[уреди] Јазици
Во Гана се зборуваат 47 етнички јазици. Англискиот јазик е официјален јазик и доминантен јазик во владата и бизнис секторот. Исто така англискиот се користи во образованието. Јазиците на Ганците се поделени на две подгрупи од групата на Нигер-конгоански јазици. Јазиците кои припаѓаат во групата на ква јазици се зборуваат јужно од реката Волта, додека тие кои припаѓаат во групата на гур јазици се зборуваат северно од реката. Ква јазиците се зборуваат од повеќе од 75% од населението.[16]
Девет јазици имаат статус на владини спонзорирани јазици, и тие се: акански јазик, нзема јазик, дагаре јазик, дагбани јазик, адангме јазик, еве јазик, га јазик, гонџа јазик и касем јазик. Иако не е официјален, хауса јазикот е лингва франка на муслиманите во Гана.
[уреди] Култура
Гана е држава каде има доста големо културно и етничко шаренило. Ганската култура е мешавина на повеќето етнички групи како Ашанти, Фанте, Акјем, Кваху, Га, Еве, Мампруси, Дагомба и други. Оваа разновидност е доста видлива во локалната кујна и облека. Клучни елемнти со културата се прославите на празниците и фестивалите како на пример хомово, одвира, абоакјер, додолеглиме, хогбецоцо, тедуду, деза, сандема и други. Покрај овие, голем број на ритуали годишно се одржуваат во чест на различни нешта.
[уреди] Наводи
- ↑ http://www.emefa.myserver.org/Ghana.mp3
- ↑ Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations. Проверено на 2009-03-12.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Ghana“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=652&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=23&pr.y=1. проверено на 2009-10-01.
- ↑ Jackson, John G. Introduction to African Civilizations, 2001. Page 201.
- ↑ MacLean, Iain. Rational Choice and British Politics: An Analysis of Rhetoric and Manipulation from Peel to Blair, 2001. Page 76.
- ↑ Peter N. Stearns and William Leonard Langer. The Encyclopedia of World History: Ancient, Medieval, and Modern, Chronologically Arranged, 2001. Pages 813, 1050.
- ↑ „Ghana - MSN Encarta“. Архивирано од оригиналот на 2009-10-31. http://www.webcitation.org/5kwptUKKy.
- ↑ [1]
- ↑ „Ghana - MSN Encarta“. Архивирано од оригиналот на 2009-10-31. http://www.webcitation.org/5kwptUKKy.
- ↑ Human Development Indices, Table 3: Human and income poverty, p. 35. Retrieved on 1 June 2009
- ↑ http://www.aluworks.com/site/index.php?option=com_content&view=article&id=63&Itemid=60&734e1554a786d82e908c7c85044123c2=746b376516a36724613692ecab763f6f
- ↑ Ghana leader: Oil reserves at 3B barrels - Yahoo! News
- ↑ „Ghana - MSN Encarta“. Архивирано од оригиналот на 2009-10-31. http://www.webcitation.org/5kwpue2eM.
- ↑ „International Religious Freedom Report 2007“. U.S. Department of State. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2007/90100.htm. проверено на 05 декември 2009.
- ↑ „CIA - The World Factbook - Ghana“. U.S. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/gh.html. проверено на 05 декември 2009.
- ↑ LaVerle Berry, уред (1995). „Ghana: A Country Study“. Federal Research Division, Library of Congress. стр. 81–82. ISBN 0844408352. http://lcweb2.loc.gov/frd/cs/ghtoc.html.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Гана на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Влада
- Општо
- Гана на BBC
- Гана на Britannica
- Запис за Гана во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Гана на UCB
- Гана - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Вести
- Туризам
|
|||||||||||||||||||||||||||||