Европа

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Мапа на светот што ја покажува локацијата на Европа
Сателитска слика на Европа

Европа е геолошки и географски полуостров, формиран во најзападниот дел на Евроазија. Стандардно, се смета за континент, но во овој случај, станува збор повеќе за културна поделба отколку за географска поделба. Европа е обиколена на север со Арктичкиот Океан, на запад со Атлантскиот Океан, на југ со Средоземното Море и Црното Море, и на исток со планината Урал и Каспиското Езеро.

Ако се смета за континент, Европа е вториот најмал континент на светот по површина од 10.600.000 km², поголем единствено од Австралија. Европа со нејзината густина на население од 90 жители/km² и население од околу 900 милиони го завзема првото, односно второто место меѓу континентите. Пред неа е само Азија во бројот на жители број на жители.

[уреди] Географски граници

Додека северната, западната и јужната граница на континетот се прецизно дефинирани со водените површини, Источната граница е предмет на полемики меѓу географите. Денес за источна граница на континентот се смета планината Урал која на југ продложува со реката Урал и Каспиското Езеро и потоа преку Кумано-маничката низина излегува на Црното Море. Со ова цел Кавказ останува во Азија, а задкавкаските земји, иако географски припаѓаат на Азија, според модерните политички текови и тие се прилкучени кон Европа.

Во Европа се наоѓаат следните независни држави:

   

1 Ерменија и Кипар се географски во Азија но се сметаат како делови од Европа од културни и историски причини.
2 Азербејџан и Грузија се во Европа само делумно според дефиницијата што предвид го зема водниот регион од Кавказот како граница со Азија.
3 Европската територија на Казахстан се содржи од регион западно од реката Урал .
4 Оние територии од Русија што лежат западно од планината Урал и северно од кавкаските водни површини се сметаат за дел од Европа.
5 Европска Турција се содржи од територија на запад и на север од Босфор и Дарданелите.
2, 3, 4, 5 Види Земји истовремено во Азија и Европа за повеќе детали.

[уреди] Регионална поделна на Европа

Регионите на Европа според македонските изданија по географија

Континетот Европа е поделен на пет поголеми региони. Регионите се поделени поради статистички цели базирани на географскиот и етнографскиот карактер на регионот. Континетот е поделен на следните региони:

  1. Јужна Европа
  2. Северна Европа
  3. Средна Европа
  4. Западна Европа
  5. Источна Европа

[уреди] Галерија

Други јазици