Гарона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гарона
Garonne
Garona

Карта на Гарона
Извор Пиринеи
42°36′26.26″ СГШ 0°57′55.52″ ИГД / 42.607295, 0.965424
Утока Жиронда,
Атлантски Океан
45°02′29″ СГШ 0°36′24″ ЗГД / 
Земји во сливот Франција, Шпанија
Должина 602 км
Надм. вис. на изворот 2.600 м
Сливно подрачје 84.811 км² *
*вкл. Дордоња

Гарона (француски: Garonne; окситански, каталонски и шпански: Garona; латински: Garumna[1] или Garunna) — река во југозападна Франција и северна Каталонија, (Шпанија) со должина од 602 км.

Географија[уреди]

Извор[уреди]

Водотекот од клисурите Баранкс и Ескалета

Реката извира во Аранската Долина на Пиринеите, иако точното место е спорно. Предложени се три можности: „Гаронско Око“ (окситански: Uelh deth Garona) (42°42′34.17″ СГШ 0°56′43.43″ ИГД / 42.709494, 0.945398 ), во Тарера-Саборедо 42°36′26.26″ СГШ 0°57′55.52″ ИГД / 42.607295, 0.965424 ) или на падините на Ането (клисурата Салтерилјо-Баранкс 42°38′59.28″ СГШ 0°40′05.88″ ИГД / 42.6498, 0.6683 согласно годишното време).

Течение[уреди]

Гарона тече низ Аранската Долина во северен правец и влегува во Франција, минувајќи низ Тулуз и Ажен кон Бордо, па доаѓа до естуарот Жиронда и истекува во Бискајскиот Залив (Атлантски Океан). По течението има три поважни притоки: Арјеж, Тарн и Лот. Веднаш по бордо, реката се спојува со Дордоња, образувајќи го естуарот Жиронда, кој а завршува во Атлантскиот Океан по 100 км. Други притоки се Сав и Жер.

Ова е една од неколкуте реки во светот што добива приливен бран.[2][3][4] По бранот може да се едри на даска и со скутер барем до селото Камб, оддалечено 120 км од океанот

Пловност[уреди]

Гарона игра важна улога во превозот на стоки. Океанските бродови влегуваат по реката и доаѓаат до Бордо, и се потпомогнати од т.н. „Канал на двете мориња“ (Canal des Deux Mers), што го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан, овозможувајќи пократок и побезбеден превоз на стоки од земјоделските подрачја во јужна Франција до Атлантскиот Океан.

Населени места по течението[уреди]

Гарона во Тулуз

Поважни притоки[уреди]

Поважни притоки на Гарона (низводно) се следниве:

  • Пик
  • Урз
  • Нест
  • Сала
  • Волп
  • Ариза
  • Луж
  • Жал де Бланкфор

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Smith, William (1850). „A new classical dictionary of Greek and Roman biography, mythology, and geography“. London: John Murray. стр. 492. OCLC 223027795. 
  2. Chanson, H., Lubin, P., Simon, B., and Reungoat, D. (2010). „Turbulence and Sediment Processes in the Tidal Bore of the Garonne River: First Observations“. Hydraulic Model Report No. CH79/10, School of Civil Engineering, The University of Queensland, Brisbane, Australia, 97 pages. ISBN 978-1-74272-010-4. http://espace.library.uq.edu.au/view/UQ:219711. 
  3. Simon, B., Lubin, P., Reungoat, D., Chanson, H. (2011). „Turbulence Measurements in the Garonne River Tidal Bore: First Observations“. Proc. 34th IAHR World Congress, Brisbane, Australia, 26 June-1 July, Engineers Australia Publication, Eric Valentine, Colin Apelt, James Ball, Hubert Chanson, Ron Cox, Rob Ettema, George Kuczera, Martin Lambert, Bruce Melville and Jane Sargison Editors, pp. 1141-1148. ISBN 978-0-85825-868-6. http://espace.library.uq.edu.au/view/UQ:243200. 
  4. Chanson, H., Reungoat, D., Simon, B., Lubin, P. (2011). „High-Frequency Turbulence and Suspended Sediment Concentration Measurements in the Garonne River Tidal Bore“. „Estuarine Coastal and Shelf Science, Vol. 95, No. 2-3, pp. 298-306“. doi:10.1016/j.ecss.2011.09.012. ISSN 0272-7714. 

Надворешни врски[уреди]