Атлантски Океан

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај



Атлантскиот Океан (Атлантик) 0° N 30° W е втор по големина од светските океани, со површина од околу 106,4 милиони км2, и покрива околу 20% од површината на Земјата. За споредба, површината на најголемата земја - Русија е 17 милиони km². Најстариот спомен за Атлантикот доаѓа од Херодот околу 450год. п.н.е.

Атлантски Океан

Атлантскиот океан на запад е ограничен со Северна и Јужна Америка, на исток со Европа и Африка, а на север и југ продолжува во Северниот и Јужниот океан.

Со Пацификот е поврзан преку Панамскиот канал и преку Дрејковиот премин јужно од Јужна Америка. На југоисток, Атлантикот продолжува во Индискиот Океан, а за граница се смета меридијанот 20° источно.

Средоземното море е поврзано со Атлантикот преку протокот Гибралтар.

Просечната длабочина на Атлантикот е 3.926м, а најголемата е во ровот Порто Рико, 8.605м. Најголемата ширина е 2.848км помеѓу Бразил во Јужна Америка и Либерија во Африка, а најголемата е 4.830км помеѓу САД и Северна Африка.

Во просек, Атлантикот е најсолен од сите океани, салинитетот изнесува 3,3 - 3,7%. Температурата на водата се движи помеѓу 7-8°C околу географските ширини 45° северно и јужно.

Брановите во движењето на воздухот создават нестабилности во Атлантикот кои можат да доведат до појава на урагани.
Брановите во движењето на воздухот создават нестабилности во Атлантикот кои можат да доведат до појава на урагани.

Околу екваторот, поради варијации на температурите на водата и воздухот, во текот на летото (мај-септември) се создават тропски циклони и урагани.

Попознати острови во Атлантскиот океан се Гренланд, Исланд, Фарските острови, Британските острови, Њуфаундленд, Азурите, Канарските острови, Карипските острови, Малите и големите Антили, Бермудските острови и др.

Лични алатки