Пиринеи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пиринеите на француска географска карта.

Пиринеите (шпан. Pirineos; фр. Pyrénées; катал. Pirineus; баск. Pirinioak) е планински венец во југозападна Европа кој обликува природна граница помеѓу Шпанија и Франција, и помеѓу Пиринејскиот Полуостров и остатокот од европскиот континент.

Планинскиот венец се протега во должина од околу 430км од Бискајскиот Залив во Алантикот до Средоземното Море, во правец запад - исток. Највисок врв е Ането со 3.404 м, а вкупно има 48 врвови над 3.000 м.

Андора се наоѓа во планинскиот масив, помеѓу Франција и Шпанија.