Бискајски Залив

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Карта на Бискајскиот Залив

Бискајскиот Залив (шпан. Golfo de Vizcaya; фр. Golfe de Gascogne; баск. Bizkaiko golkoa; гаск. Golf de Gasconha), наречен и Кантабриско Море е залив во североисточниот дел на Атлантскиот Океан, јужно од Келтското Море. Се протега од западното крајбрежје на Франција, од Брест) до шпанската граница, и северното крајбрежје на Шпанија, сè до полуостровот Естака де Барес. Заливот го носи името на покраината Бискаја во Баскија (Шпанија).

Просечната длабочина на заливот изнесува 1.744 m, а максималната изнесува 2.789 m.

Содржина

[уреди] Географија

Плажата во Бијариц
Процут на фитопланктони во Бискајскиот Залив.

Во заливот длабоко навлегува континенталната плоча, па затоа на многу места водата е релативно плитка. Малата длабочина значи дека морето често е бурно, па поради ова локалните временски услови се меѓу најжестоките во Атлантикот. Зимата се одликува со особено силни бури. Сè до скоро, бродоломите биле вообичаена појава, и тоа со голем број настрадани. Во поново време жртвите се намалени благодарение на напредокот во бродоградбата и метеорологија.

[уреди] Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, Бискајскиот Залив го граничи „линија од ‘ртот Ортегал (43°46′N 7°52′W / 43.767°N 7.867°W / 43.767; -7.867) до ‘ртот Панмар (47°48′N 4°22′W / 47.8°N 4.367°W / 47.8; -4.367)“.[1]

[уреди] Реки

Најважните реки што се влеваат во Бискајскиот Залив се:

[уреди] Поважни градови

Најважни градови на крајбрежјето на Бискајскиот Залив се:

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

  1. „Граници на океаните и морињата. III издание + исправки“. Меѓународна хидрографска организација. 1971. стр. 42 [исправки за стр. 13]. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. проверено на 6 февруари 2010.  (англиски)

45°05′27″N 3°54′27″W / 45.09083°N 3.9075°W / 45.09083; -3.9075

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици