Бордо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Montage Bordeaux 1.jpg
Грб на Бордо
Управа
Земја Франција
Регион
Департман
Општ. заедница Урбана општина Бордо
Градоначалник Алан Жупе (UMP)
(2008–2014)
Градски Статистики
Површина1 49,36 км²
Население1 250.082 жит.  
 - Ранг деветти во Франција по број на население
 - Густина 5066 жит/км²
Урбана област 1.057 km2 (408 sq mi) (2007 проценка)
 - Население 1,010,000 (2007 estimate)
Метро. област 38.752 km2 (14,962 sq mi) (2007 estimate)
 - Население 805,000 (седми во Франција) (2007 estimate)
Часовен појас CET (GMT +1)
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.

Бордо (фр. Bordeaux) е град во југозападна Франција, главен град на регионот Аквитанија и департманот Жиронда. Претставува дел од урбаната општина Бордо. По податоците од пописот од 2006 година[1], бројот на жители во Бордо изнесува околу 232.000 жители, додека вкупното население во општината е над милион. Бордо е светски познат по своите вина, нивниот висок квалитет и лозовите насади, од времето на „златната доба“ oд XVIII век. Овој град е и поранешен главен град на Гијен и бил дел од Гаскоња.

Еден дел од градот познат како Порт де ла Лин (Port de la Lune), од јуни 2007 година е дел од светското културно наследство според УНЕСКО[2].

Историја[уреди]

Пред помеѓу 30 000 и 20 000 години, регионот околу Бордо бил населен од неандарталецот. Останки од овој период се пронајдени во пештерата позната како Пер-нон-пер (Pair-non-Pair) во близина на Бург, северно од Бордо.

Околу 300 година пне, на овие простори се сместило келтското племе, Bituriges Vivisci, кое го нарекло градот Бурдигала. Името Бурд се уште е име на реката јужно од градот. Бордо потпаднал под римска власт околу 60 година пне и имал голема важност за трговијата со калај и олово. Подоцна станал главен град на Романски Акитен, кој значително се развил за време на династијата Севери (3ти век). Во 276 Бордо бил опустошен од Вандалите. Потоа следеле уште неколку опустошувања: повторно од страна на вандалите во 409 година, па западните готи во 414 и Франките во 498 година, по што следело мрачен преиод за градот.

Кон крајот на 6тиот век, градот повторно се издигнал, станувајќи седиште на грофовијата и архиепископијата во меровинговото кралство на франките. Градот бил опљачкан од трупите на Абд ер Рахман во 732 година.

Од 12 до 15 век, Бордо повторно се здобива со значајност, по бракот на војводката Елеанор од Акитен со грофот Хенри Плантагенет кој само неколку месеци по венчавката станал крал Хенри II од Англија. Градот почнал да се развива, најмногу благодарение на трговијата со вино. Изградена била катедралата Сент-Андре. Бордо станал и главен град на независната држава на Едвард, Црниот принц (1362-1372), но на крајот по Битката под Касијон (1453), градот потпаднал под Франција. Замокот труба (Château Trompette) и Форт ду а (Fort du Hâ) изградени од страна на Шарл VII од Франција, биле симбол на новата доминација. Ова се одразило на богатството на градот, бидејќи била запрена трговијата со Англија. Во 1463 година, Бордо добива парламент, но важноста е зголемена дури за време на 16тиот век кога овој град станува центар за дистрибуција на шеќер и робови од Карибите.

Бордо бил целосно вклучен во Франскуското кралство дури во 1653 година кога Луј XIV влегол во градот.

18тиот век биле „златните години“ на Бордо. Многу градби (околу 5000) кои се уште стојат во стариот дел на градот се токму од овој период. Виктор Иго градот го сметал за толку убав што еднаш рекол : „земето го Версај, додадете го Антверпен и го имате Бордо“. Барон Осман, го користел Бордо од 18тиот век за модел, кога бил замолен од императорот Наполеон III да го трансформира тогашниот квази-средновековен Париз во модерена европска метропола со која Франција би се гордеела.

Француската влада била преселана од Париз во Бордо за време на Втората светска војна, која веќе станало очигледно дека градот ќе падне во рацете на германските трупи.

Географија[уреди]

Бордо е лоциран во близина на европскиот атлантски брег, во југозападниот дел на Франција и северниот дел на регионот Акитен. Градот е изграден на бреговите на реката Гарона и поделен е на два дела : десен брег на исток и лев брег на запад. Историски гледано, левиот брег секогаш бил поразвиен од десниот. Бордо е пристапен до океанските линии, благодарение на реката Гарона.

Клима[уреди]

Климата во Акитен е типично океанска клима, која се карактеризира со благи зими и топли лета. Врнежите се доста чести и присутни за време на целата година. Годишно поѓаат околу 820 милиметри дожд и има околу 150 дождливи денови. За време на летниот период, врнежите се последица на топлите бури. Во јули 1883 година, најголемите дождови од 30 минути кои биле забележани во Франција, биле во Бордо.

Средната температура во јануари е 6,4 °C, и 20,9 °C во август, со годишна средна температура од 13,3 °C. За време на летниот период во Бордо има 15-20 дена со температури над 30 °C. Екстрамни температури се забележани за време на летото 2003 година, кога достигнале 41 °C. Истото лето имало 12 последователни дена кога максималната температура преминала 35 °C. Бордо годишно профирира од над 2000 сончеви часови, и дури 2200 часови сонце во крајбрежјето.

Бордо имал исклучително ладни зими во 1985 и 1987 година, потоа суша од 1988 до 1992 година. Друг сушен период бил од 2002 до 2005 година.

Nuvola apps kweather.png  Температури Бордо-Мерињак
Месец Јан Фев Март Апр Мај Јуни Јули Авг Сеп Окт Нов Дек
Просечна максимална температура (°C) 9 11 14 16 19 23 26 26 23 18 13 10
Просечна минимална температура (°C) 2 3 4 6 10 13 15 15 12 9 5 3
Просечна температура (°C) 6 7 9 11 15 18 21 21 18 14 9 7
Просечни врнежи (mm) 76 64 66 66 71 66 53 58 71 86 89 86
Извори : The Weather Channel Météo France

Геологија[уреди]

На левиот брег на Гарона, на кој се наоѓа поголемиот дел од градот Бордо, е пространа низина, со мочуришен дел во северниот дел кај Бордо-Лак. Иако постојат некои ритчиња, надморската висина на овој дел останува доста ниска. Овој низински регион е составен од седименти, и земјата е главно составена од чакал. Западно од предградијата почнува песочната низина на Ланд. Почвите во тој дел се неплодни, брзо ја пропуштаат водата и лесно складираат топлина. Овие почви се совршено адаптирани за лозовите насади. Градот Бордо е сместен помеѓу Медок (Médoc) и Грав (Graves) кои се доста слични од геолошка гледна точка.


Десниот брег на Гарона е многу пораличен, затоа што речиси директно преминуваме од низина на варовничка висорамнина. Надморската височина се зголемува до околу 90 метри. На истота висорамнина која почнува во Бордо, околу 20 километри поисточно се наоѓаат светски познатите винарски домени како Сент-Емилион, Померол и Фронсак, каде се произведуваат едни од најскапите вина во светот.

Урбанизам[уреди]

Бордо е поделено на 8 кантони. Кантоните од 1 до 6 се наоѓаат на левиот брег покрај реката. Седмиот кантон се однесува на десниот брег односно на квартот Бастид. Осмиот кантон е квартот Кодеран. Оваа поделба и чисто административна и нема никаква историска поврзаност.

Градот може да се подели на три дела :

  • стариот град Бордо
  • старите предградија
  • надворешните квартови (како Бордо-Лак и Кодеран)


Демографија[уреди]

Градот Бордо има 235 878 жители (според пописот од 2009 година), и е деветтиот град по населеност во Франција. Со предградијата вкупното население е 753 931 жител (попис од 1999 година), и е седмата француска агломерација по големина по Париз, Лион, Марсеј, Лил, Тулуз и Ница. Урбаната зона опфаќа 1 009 000 жители (попис од 2005 година). По периодот на нагло опаѓање на населението (280 000 жители во 1946 година, 208 159 жители во 1982 година) и глемите проекти на реновирање на квартовите, популацијата во градот почнува да се зголемува. Општината на Бордо има покачување од 20 000 жители за 20 години.

Пописите направени во 2004 и 2005 година покажуваат дека има 126 046 домаќинства и 139 707 живеалишта. Од 229 900 жители на Бордо, 46% се мажи, а 54% се жени. Од вкупнато население над 15 години, 54% се самци, 32% се во брак, 8% се разведени, а 6% се вдовец/вдовица.

Население во Бордо од 1350 до 2006
1350 1375 1420 1660 1750 1790 1801 1936 1946
30 000 10 000 20 000 40 000 60 000 111 000 91 000 258 000 280 000
1954 1962 1968 1975 1982 1990 1999 2006
284 494 278 000 266 000 223 000 208 159 210 336 215 363 232 260

Економија[уреди]

Лозарство[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Бордо (вински регион).

Бордо се смета за светскиот центар на виното. Во околината на Бордо има огромни површини лозја и тука се произведуваат едни од најпрестижните вина во светот. Вината се познати како Вина од Бордо. Во околината има 14 000 производители на вино, 117 514 хектари лозје, 400 трговци со вино и приходи од околу 14,5 милијарди евра. Годишното производство е 700 милиони шишиња.

Се произведуваат и бели и црвени вина. Црвените вина го даваат потеклото на името на бојата бордо. Црвените вина најчесто се произведуваат од сортите каберне совињон, мерло, каберне франк, пети вердо, малбек и малку поретко карменер. Белите вина се произведуваат од сортите совињон бланк, семијон и мускадел.

Лозовите површини во бордошкиот регион се поделени на 5 региони: Ентр-д-мер, Либурне, Бурже-Блаје, Грав и Медок. Најпознатите тероари се Сент-Емилион, Појак, Сент-Естеф, Сотерн и Померол. Рангирањето на вината од Бордо е поставено во 1855 година, но е подложено на многу критики поради неговиот непроменлив карактер.

Во последно време, постои криза во индустријта до вина, најмногу поради меѓународната конкуренција и паѓањето на цените. Во последните години, бројот на производители значително се намалил.

Индустрија[уреди]

Бордо е исто така и индустриски град. Во индустријата работат околу 28 000 вработени, од кои најмногу во производителот на автомобили Форд. Агломерацијата на Бордо е главен национален центар на воздухопловната, вселенската и одбранбена индустрија. Токму во овој регион се создадени авионот Falcon и кабината на Airbus A380. Ласерот Mégajoule е во изработка во Бордо. Во овој проект, кој е главен во обновувањето на француската нуклеарна програма, француското министерство за одбрана инвестирало околу 2 милијарди евра. Во градот е присутна и петрохемиска и фармацевска индустрија.

Автономно пристаниште[уреди]

Градот Бордо има и значајна пристанишна активност. На ова автономно пристаниште годишно доаѓаат околу 1600 брода со околу 9 милиони тони производи. Низ Бордо поминуваат и деловите за Airbus A380 кои продолжуваат накај Тулуз.

Туризам[уреди]

Годишно Бордо го посетуваат околу 2,5 милиони посетители од целиот свет. Овој град е и второто место на атлантскиот брег на кое запираат бродовите кои крстарат. Секоја година дваесеттина од овие големи патнички бродови се закотвуваат во строгиот центар на градот.

Администрација[уреди]

Градоначалници на Бордо[уреди]

Последни градоначалници на Бордо :

Административни квартови[уреди]

Квартови на Бордо

Во 1995 година, управата на градот го поделила Бордо на 12 административни кварта. Оваа поделеност овозможува поефикасно решавање на локалните проблеми. Овие 12 кварта содржат и повеќе историски квартови.

12те кварта во Бордо се :

  • Бордо-Лак
  • Бакалан
  • Гранд-парк – Шатрон – Пол Думе
  • Бастид
  • Отел д вил – Кинконс – Сан-Пјер – Сант-Елоа
  • Сен-Серан – Фондодеж
  • Кодеран
  • Сант-Агустан – Кантан-Лушер – Тонду
  • Сен-Бруно – Сен-Виктоар – Мериадек
  • Капусан – Виктоар – Сен-Мишел – Сен-Кроа
  • Нансути – Сен-Жене – Симиот – Бариер д Тулуз
  • Сен-Жан – Белсие – Карл Верне – Алебер I – Сакре кер

Кантони[уреди]

Kantoni Bordeauxa

Во 1965 година, општината Кодеран е припоена кон градот, и денес ја претставува осмата кантона.

  • 1. кантона брои 24 453 жители;
  • 2. кантона брои 23 855 жители;
  • 3. кантона брои 31 634 жители;
  • 4. кантона брои 30 994 жители;
  • 5. кантона брои 25 184 жители;
  • 6. кантона брои 27 302 жители;
  • 7. кантона брои 12 993 жители;
  • 8. кантона брои 38 948 жители.

Образование[уреди]

Бордо е 6ти универзитетски град после Париз, Лион, Тулуз, Лил и Марсеј. Во градот живеат околу 70 000 студенти кои се запишани на универзитетите или на високите школи.

Универзитети[уреди]

Универзитетот во Бордо е создаден од надбискупот Пеј Берлан (Pey Berland). Укинат е во 1793 година за време на француската револуција, а потоа повторно е обновен од страна на Наполеон I во 1808 година.

Универзитетот во Бордо е поделен на четири дела :

Во Бордо има и голем број на државни и приватни високи школи.

Спорт[уреди]

Стадионот Шабан-Делмас, именуван по познатиот градоначалник на Бордо

Стадионот Шабан-Делмас е најголемиот стадион во Бордо со капацитет од 35 000 гледачи. Спортски тимови во Бордо :

- Girondins de Bordeaux - игра во првата француска лига (League 1)

- Union Bordeaux Bègles – игра во втората дивизија (Championnat de France Pro D2)

- JSA Bordeaux – игра во третата машка дивизија (NM1)

- Girondins de Bordeaux HBC – игра во машката националната прва лига - CA Bèglais Handball – игра во женската втора дивизија - Mérignac Handball – игра во женската втора дивизија - US Mios-Biganos Handball Club – игра во женската прва дивизија

- Bordeaux Gironde Hockey 2000 ...

Познати личности кои живееле во Бордо[уреди]

Збратимени градови[уреди]

Бордо е збратимен град со :

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]