Корзика
Од Википедија, слободната енциклопедија
Корзика (француски: La Corse; корзикански и италијански: Corsica) е четвртиот најголем остров во Средоземното Море (по Сицилија, Сардинија, и Кипар). Се наоѓа на запад од Италија, југоисточно од француското копно, на север од островот Сардинија.
Корзика е една од 26 региони на Франција, додека со закон е именувана како територијален колективитет. Како територијална колективитет, таа ужива поголеми овластувања отколку другите региони, но во поголемиот дел од нејзиниот статус е многу слична со останатите. Иако островот е одвоена од континентална Франција и е блиску до Италија, политички Корзика е дел од Франција. Островот еднаш бил независен, односно до 1768. Корзика е познат како родното место на Наполеон Бонапарта.


