Департмани во Франција

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Департманите во Франција (француски: département) и многу поранешни колонии се крупни административни единици. Во склоп на Република Франција постои 101 департман, групирани 22 региони во Франција и 4 региони во прекуморски територии, и сите имаат сосем ист правен статус како делови од Франција. Департманите се поделени на 342 окрузи, кои пак се делат на кантони. Секој кантон се состои од неколку општини општини. Во прекуморските територии, некои општини играат улога на департмани.

Општи карактеристики[уреди]

Administration territoriale française mk.svg
Густина на населеноста во департманите според пописот од 1968 г. (жители/км²)
Региони и департмани во Франција

Административниот центар на департманот се нарекува префектура (préfecture) или chef-lieu de department и обично е некој поважен град некаде во средиштето на департманот. Ова потекнува од времето кога било кое место највеќе за едно деноноќие (24 часа). Префектурата не мора да е најголемиот град во департманот. Потоа департманите се делат на еден или повеќе окрузи. Седиштето на округот се нарекува потпрефектура (sous-préfecture) или chef-lieu d'arrondissement.

Секој департман има свој управен орган - генерален совет (conseil général). Ова е собрание со пратеници избрани со општи избори на мандат од 6 години , со тоа што претседателот на советот е извршен функционер на департманот, т.е. префект. Префектот има свои помошници - потпрефекти (sous-préfet) зависно од потпрефектурите во департманот.

Департманите понатаму се делат и на општини под управа на општински совет. Во 1999 г. во Франција постоеле 36.779 општини.

Во континентална Франција, средната површина на департманите изнесува 5.965 км², што е за 2,5 пати поголема од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Во 2001 г. средниот број на жители на департманите во континентална франција изнесувал 511.012 жители, што е 21 пати поголема од онаа кај окрузите во САД, но помалку од 2/3 од онаа на церемонијалните грофовии во Англија. Највеќето департмани зафаќаат површина од 4.000 до 8.000 км², а населението брои од 250.000 до 1 милион жители. Најголема површина има Жиронда (10.000 км²), а најмала има градот Париз (105 км²). Најнаселен департман е Север (2.550.000), а најмалку жители има Лозер (74.000).

Секој департман има свој двоцифрен број, кој фигурира во локалниот поштенски број, во INSEE-кодовите (и матичниот број) и на регистарските таблички. Бројот 20 не постои, туку наместо него постојат 2a и 2b (во Корзика). Поштенските броеви во Корзика прават исклучок, бидејќи сепак го користат бројот 20. Бројот 96 го користи Монако. Заедно со државниот код FR (од ISO 3166-1 alpha-2), бројките ги образуваат кодовите во ISO 3166-2 за континенталните департмани. Прекурмоските департмани имаат по две букви за ISO 3166-2 код, како на пр. 971 за Гваделуп.

Список[уреди]

Сите департмани имаат свој штит како обележје, но не сите се официјални или во службена употреба. Таму кајшто не се официјални се користи посовремен амблем. Самата Франција во целина нема грб (поради аристократското потекло на хералдиката). Овој обичај важи и за локалните управни органи во голем број департмани.

INSEE Грб 1 Департман Префектура Регион
01 Грб на департманот 01 Ен Бур ан Брес  Рона-Алпи
02 Грб на департманот 02 Ена Лан  Пикардија
03 Грб на департманот 03 Алие Мулен  Оверњ
04 Грб на департманот 04 Горнопровансалски Алпи Дињ ле Бен  Прованса-Алпи-Азурен Брег
05 Грб на департманот 05 Горни Алпи Гап  Прованса-Алпи-Азурен Брег
06 Грб на департманот 06 Приморски Алпи Ница  Прованса-Алпи-Азурен Брег
07 Грб на департманот 07 Ардеш Прива  Рона-Алпи
08 Грб на департманот 08 Ардени Шарлевил Мезјер  Шампања-Ардени
09 Грб на департманот 09 Арјеж Фоа  Југ-Пиринеи
10 Грб на департманот 10 Об Троа  Шампања-Ардени
11 Грб на департманот 11 Од Каркасон  Лангдок-Русијон
12 Грб на департманот 12 Аверон Родез  Југ-Пиринеи
13 Грб на департманот 13 Устие на Рона Марсеј  Прованса-Алпи-Азурен Брег
14 Грб на департманот 14 Калвадос Кан  Долна Нормандија
15 Грб на департманот 15 Кантал Оријак  Оверњ
16 Грб на департманот 16 Шаранта Ангулем  Поату-Шаранта
17 Грб на департманот 17 Приморска Шаранта Ла Рошел  Поату-Шаранта
18 Грб на департманот 18 Шер Бурж  Центар (Франција)
19 Грб на департманот 19 Корез Тил  Лимузен
2A Coat of arms of Корзика Јужна Корзика Ајачо  Корзика
2B Coat of arms of Корзика Горна Корзика Бастија  Корзика
21 Грб на департманот 21 Златен Брег Дижон  Бургундија
22 Грб на департманот 22 Арморски Брег Сен Брие  Бретања
23 Грб на департманот 23 Крез Гере  Лимузен
24 Грб на департманот 24 Дордоња Периге  Аквитанија
25 Грб на департманот 25 Ду Безансон  Франш-Конте
26 Грб на департманот 26 Дром Валанс  Рона-Алпи
27 Грб на департманот 27 Ер Евре  Горна Нормандија
28 Грб на департманот 28 Ер и Лоар Шартр  Центар (Франција)
29 Грб на департманот 29 Финистер Кемпер  Бретања
30 Грб на департманот 30 Гар Ним  Лангдок-Русијон
31 Грб на департманот 31 Горна Гарона Тулуз  Југ-Пиринеи
32 Грб на департманот 32 Жер Ош  Југ-Пиринеи
33 Грб на департманот 33 Жиронда Бордо  Аквитанија
34 Грб на департманот 34 Еро Монпелие  Лангдок-Русијон
35 Грб на департманот 35 Ил и Вилен Рен  Бретања
36 Грб на департманот 36 Ендр Шатору  Центар (Франција)
37 Грб на департманот 37 Ендр и Лоара Тур  Центар (Франција)
38 Грб на департманот 38 Изер Гренобл  Рона-Алпи
39 Грб на департманот 39 Јура Лон ле Соње  Франш-Конте
40 Грб на департманот 40 Ланд Мон де Марсан  Аквитанија
41 Грб на департманот 41 Лоар и Шер Блоа  Центар (Франција)
42 Грб на департманот 42 Лоара Сент Етјен  Рона-Алпи
43 Грб на департманот 43 Горна Лоара Ле Пиј ан Веле  Оверњ
44 Грб на департманот 44 Атлантска Лоара Нант  Лоарски Крај
45 Грб на департманот 45 Лоаре Орлеан  Центар (Франција)
46 Грб на департманот 46 Лот Каор  Југ-Пиринеи
47 Грб на департманот 47 Лот и Гарона Ажен  Аквитанија
48 Грб на департманот 48 Лозер Манд  Лангдок-Русијон
49 Грб на департманот 49 Мен и Лоара Анже  Лоарски Крај
50 Грб на департманот 50 Манш Сен Ло  Долна Нормандија
51 Грб на департманот 51 Марна Шалон ан Шампањ  Шампања-Ардени
52 Грб на департманот 52 Горна Марна Шомон  Шампања-Ардени
53 Грб на департманот 53 Мајен Лавал  Лоарски Крај
54 Грб на департманот 54 Мерт и Мозел Нанси  Лорена
55 Грб на департманот 55 Меза Бар ле Дик  Лорена
56 Грб на департманот 56 Морбиан Ван  Бретања
57 Грб на департманот 57 Мозел Мец  Лорена
58 Грб на департманот 58 Њевр Невер  Бургундија
59 Грб на департманот 59 Север Лил  Север-Па де Кале
60 Грб на департманот 60 Оаз Бове  Пикардија
61 Грб на департманот 61 Орн Алансон  Долна Нормандија
62 Грб на департманот 62 Па де Кале Арас  Север-Па де Кале
63 Грб на департманот 63 Пиј де Дом Клермон Феран  Оверњ
64 Грб на департманот 64 Атлантски Пиринеи По  Аквитанија
65 Грб на департманот 65 Горни Пиринеи Тарб  Југ-Пиринеи
66 Грб на департманот 66 Источни Пиринеи Перпињан  Лангдок-Русијон
67 Грб на департманот 67 Долна Рајна Стразбур  Алзас
68 Грб на департманот 68 Горна Рајна Колмар  Алзас
69 Грб на департманот 69 Рона Лион  Рона-Алпи
70 Грб на департманот 70 Горна Сона Везул  Франш-Конте
71 Грб на департманот 71 Сона и Лоара Макон  Бургундија
72 Грб на департманот 72 Сарта Ле Ман  Лоарски Крај
73 Грб на департманот 73 Савоја Шамбери  Рона-Алпи
74 Грб на департманот 74 Горна Савоја Анси  Рона-Алпи
75 Грб на департманот 75 Париз Париз  Ил де Франс
76 Грб на департманот 76 Приморска Сена Руан  Горна Нормандија
77 Грб на департманот 77 Сена и Марна Мелен  Ил де Франс
78 Грб на департманот 78 Ивлин Версај  Ил де Франс
79 Грб на департманот 79 Де Севр Њор  Поату-Шаранта
80 Грб на департманот 80 Сома Амјен  Пикардија
81 Грб на департманот 81 Тарн Алби  Југ-Пиринеи
82 Грб на департманот 82 Тарн и Герона Монтобан  Југ-Пиринеи
83 Грб на департманот 83 Вар Тулон  Прованса-Алпи-Азурен Брег
84 Грб на департманот 84 Воклиз Авињон  Прованса-Алпи-Азурен Брег
85 Грб на департманот 85 Вендеја Ла Рош на Јон  Лоарски Крај
86 Грб на департманот 86 Виена Поатје  Поату-Шаранта
87 Грб на департманот 87 Горна Виена Лимож  Лимузен
88 Грб на департманот 88 Вогези Епинал  Лорена
89 Грб на департманот 89 Јона Осер  Бургундија
90 Грб на департманот 90 Територија Белфор Белфор  Франш-Конте
91 Грб на департманот 91 Есона Еври  Ил де Франс
92 Грб на департманот 92 Сенски Висови Нантер  Ил де Франс
93 Грб на департманот 93 Сена-Сен Дени Бобињи  Ил де Франс
94 Грб на департманот 94 Долина на Марна Кретеј  Ил де Франс
95 Грб на департманот 95 Долина на Оаза Понтоаз  Ил де Франс
971 Грб на Гваделуп Гваделуп 16 Бас Тер  Гвадалупе
972 Грб на Мартиник Мартиник 16 Фор де Франс  Мартиник
973 Грб на Гвајана Гвајана 16 Кајена  Француска Гвајана
974 Грб на Реинион Реинион 16 Сен-Дени  Реинион
976 Грб на Мајот Мајот 17 Мамуѕу  Мајот

Белешки:

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]