Географија на Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географски координати :

Додека континентална Франција се наоѓа во Западна Европа, Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и на Антарктик.[1]

Европскиот дел на Франција зазема 547.030 км2,[2] заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на релјеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаат Алпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија. На 4.807  метри над морското ниво, највисоката точка на Европа, врвот Монблан, се наоѓа на Алпите на границата меѓу Франција и Италија.[3] Континенталниот дел на Франција има исто така и раширени речни системи меѓу кои реката Лоара, Гарона, Сенаи Рона, која го дели Централниот Масив од Алпите и се влева во Средоземното Море кај местото Камарг, најниската точка на Франција (2 м под морското ниво).[3] Корзика се наоѓа во Средоземното Море.

Француската економска зона се протега на 11 милиони км2 океан низ светот.[4]

Целосното копно на Франција, заедно со ДОМ и ТОМ (без Адели Ленд), изнесува 674.843 км2, 0,45% од целосното копно на Земјата. Сепак, Франција поседува втора по големина економска зона (EEZ) на светот, или 11.035.000 км2, приближно 8% од целосната површина на сите економски зони во светот, и се наоѓа веднаш зад Соединетите Држави (11.351.000 км2) пред Австралија (8.232,000 км2 ).[5]

Европскиот дел на Франција се наоѓа 41° и 51° северно, во западниот дел на Европа, па оттука лежи во северната температурна зона. Северот и северозападот имаа умерена клима, додека комбинација од морски влијанија, широчината и височината предизвикува разновидна клима во останатиот дел на континентална Франција.[6] На југоисток преовладува средоземна клима. Во западниот дел, климата главно е океанска со висок степен на врнежи, меки зими и свежи до топли лета. Во внатрешниот дел климата станува континентална со жешки, лета, постудени зими и со помалку врнежи. Климата на Алпите и другите планини главно е алпска, со голем број денови со температури под нулата и со 150 снежни денови каде снегот трае до 6 месеци.

  1. Sovereignty claims in Antarctica are governed by the Antarctic Treaty System
  2. CIA (2007). „The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2007-12-06.
  3. 3,0 3,1 CIA (2006). „The World Factbook: Field Listing - Elevation extremes“. Архивирано од изворникот на 2018-11-23. Посетено на 2006-12-14.
  4. (француски) French Ministry of Foreign Affairs. „La France en bref“. Архивирано од изворникот на 2008-02-21. Посетено на 2008-03-20.
  5. Согласно една поинаква пресметна наведена од Pew Research Center, економската зона на Франција изнесува 10.084.201 км2, сепак зад онаа на Соединетите Држави (12,174,629 км2), и сепак пред Австралија (8.980.568 км2 и Русија (7.566.673 км2
  6. Ministry of Foreign Affairs (2005). „Discovering France: Geography“. Архивирано од изворникот на 2007-01-06. Посетено на 2006-12-29.