Географија на Русија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Физичка карта на Русија

Русија е земја која се простира на огромни пространства од источна Европа и северна Азија.

Граници[уреди]

Вкупната површина на земјата изнесува 17,075,400 km² , и според тоа се наоѓа на 1 место по големина во светот. Околу 11,5 % од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави.

Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија,Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северен Леден, и Тихи Океан. Русија истотака има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.

Главниот град Москва е најголемиот во државата со околу 10.415.400 жители.

Население[уреди]

Според пописот, вкупното население на Русија е oколу 144.526.378 жители. Густината на населеноста е 8.3 km² жители на квадратен километар.

Клима[уреди]

На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Касписко море до поларните ледови на Нова Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на Русија е опфатен со рамнини. Најголема е Источноевропската рамнина. На нејзината источната страна се наоѓа планината Урал со највисок врв Народнаја (1.895 м). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската рамнина, Средносибирското блато и Јакутската Рамнина.

Планинските области се наоѓаат на источниот и јужниот дел од државата, северните делови од Голем Кавказ каде се наоѓа и најголемата точка во Русија, планината Елбрус висока 5.642 м, Јужносибирските планини вклучувајќи го Алтај со највисокиот врв Белуха со 4.506 м, Западен и Источен Саја.


Климата во Русија е континентална, во северните делови умерено континентална, а на Далечниот исток умерена. Во јужните делови е топла. Средните температури во јануари се од 0 до -5°С во европскиот дел, до -40 С и -50° С во Јакутија. Во јули температурите се од 5 С во Северен Сибир до 24-25°С во Прикасписката низина.

Врнежи- до 2000 мм во Алтај и Северен Кавказ, до 1000 мм во Далечниот исток, 700 мм во европските рамнини. Најголемите реки во Русија се Северна Двина, Печора, Енисеј, Лена, Индигирка, Амур, Анадир, Дон, Кубан, Нева и други. Основните езера во Русија се Касписко море, Бајкал, Ладошко езеро.