Географија на Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Релјефна карта

Украина е втората најголема земја во Европа. Нејзините различни региони имаат различни географски одлики, кои се движат од висорамнини до низини.

Географска положба[уреди | уреди извор]

Украина има стратешка положба во Источна Европа, граничејќи се со Црното Море на југ, со Полска, Словачка и Унгарија на запад, со Белорусија на север, со Молдавија и Романија на југозапад и со Русија на исток.

Северниот дел на Карпатите се наоѓаат во Украина во нејзиниот западен дел. Највисокиот врв е Говерла, које 2.061 метар висок. Поголемиот дел на површината на Украина има одлики на степа, особено северно од Црното Море. Украина е скоро на половина поделена со реката Днепар, која ја сече Украина од север на југ. Се влева во Црното Море, западно од Крим и близу устието на реките Јужен Буг и Днестар. Границата со Русија е најдолга граница на земјата и води низ водите на Азовското Море.

Земја[уреди | уреди извор]

Приближен распоред на климатските зони околу Црното Море

Вкупната површина на Украина е 603.550 км2. Вкупната должина на границите на Украина изнесува 4.558 километри. Должините на границите со секоја земја се: Белорусија 891 км, Унгарија 103 км, Молдавија 939 км, Полска 428 км, Романија 169 км на југ и 362 км на запад, Русија 1576 км и Словачка 90 км. Исто така, Украина има крајбрежје во должина од 3.783 км.

Поголемиот дел на Украина се состои од плодни низини (или степи) и висорамнини. Во поглед на користењето на земјата, 58% во Украина се смета за обработливо земјиште; 2% се користи за постојани посеви, 13% за постојани пасишта, 18% за шуми и дрва и 9% за други намени.

Планините доминираат во западниот дел на земјата и околу Азовското Море. Во западниот дел се наоѓаат Карпатите и пониски планини од Донецкиот Венец близу Азовското Море. Највисоката точка во Украина е врвот Говерла со 2.061 метар.

Височина[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел на Украина се состои од низини со просечна височина од 175 метри надморска височина. Тие се опкружени од планини во западниот дел и крајниот југ. Голем дел од овие низини припаѓаат на Источноевропската Низина.

Дел од висорамнините се Волин-Подилја и Днестар (на десниот брег на реката Днепар) на запад, југозападните делови на Централноруските Висорамнини на кои се протега границата со Русија на исток и Донецкиот венец и Азовската висорамнина близу Азовското Море.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот, вкупното население во Украина е околу 44.800.000 жители. Густината на населеноста е 77 жители/км2.

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Територијата на Украина се граничи со водите на Црното Море и Азовското Море. 90% од реките се дел од двете морски сливни подрачја. Неколку реки се дел од сливот на Балтичкото Море. Поголеми реки во Украина се: Десна, Днепар, Днестар, Дунав, Припјат, Северски Доњец и Јужен Буг.

Клима[уреди | уреди извор]

Украина има умерено-континентална клима со студени зими и релативно топли лета.[1] Климата во Украина е под влијание на влажниот воздух од Атлантскиот Океан.[2] Врнежите во Украина не се рамномерно распространети, па така западниот и северниот дел на земјата имаат големи врнежи, додека многу помалку има на исток и југоисток. Јуни и јули се обични највлажните месеци, додека февруари е обично најсув месец.[2] Зимите се движат од студени долж Црното Море до многу студени во внатрешноста; летата се топли низ поголемиот дел на земјата и многу топли на самиот југ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kottek, M.; J. Grieser, C. Beck, B. Rudolf, and F. Rubel (2006). „World Map of the Köppen-Geiger climate classification updated“ (PDF). Meteorol. Z. 15 (3): 259–263. doi:10.1127/0941-2948/2006/0130. Посетено на 2012-08-24.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 Ukraine. (2010). In Encyclopædia Britannica. Retrieved August 23, 2010, from Encyclopædia Britannica Online: http://www.britannica.com/EBchecked/topic/612921/Ukraine