Географија на Чешка
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Чешка е земја која се наоѓа во Централна Европа.
Граници [уреди]
Вкупната површина на земјата изнесува 78,866 km² , и според тоа се наоѓа на 117 место по големина во светот. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на Југ, и Словачка на исток.
Главниот град Прага е најголемиот во државата со oколу 2 000 000 жители.
Население [уреди]
Според пописот, вкупното население на Чешка е oколу 10.424.926 жители. Густината на населеноста е 132/km2 жители на квадратен километар.
Клима [уреди]
Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C.
