Чешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чешка Република
Česká republika
Знаме Грб
ГеслоPravda vítězí
Вистината преовладува
ХимнаKde domov můj?
Каде е мојот дом?
Местоположбата на the  Чешка  (портокалова)– на Европскиот континент  (окер и бела)– во Европската Унија  (окер)  —  [Легенда]
Местоположбата на the  Чешка  (портокалова)

– на Европскиот континент  (окер и бела)
– во Европската Унија  (окер)  —  [Легенда]

Главен град Прага
50°05′ СГШ 14°28′ ИГД / 
Најголем град Главен
Службен јазик Чешки
Демоним Чех
Уредување Парламентарна република
 -  Претседател Милош Земан
 -  Премиер Иржи Руснок
Независност (~ 870) 
 -  од Австро-Унгарија 28 октомври, 1918 
 -  Чехословачка 1 јануари, 1993 
ЕУ пристапила 1 мај, 2004
Површина
 -  Вкупна 78,866 км2 (117та)
 -  Вода (%) 2
Население
 -  проценка за 20081 10.424.926 (78ма)
 -  Попис 2001 10.230.060 
 -  Густина 132 жит/км2 (77ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $250,057 милијарди[1] (39та)
 -  По жител $24,229[1] (35та)
БДП (номинален) проценка за 2007
 -  Вкупно $174,999 милијарди[1] (39та)
 -  По жител $16,956[1] (36та)
Џини (1996) 25,4 (низок) (5та)
ИЧР (2005) 0,891 (висок) (32ра)
Валута Чешка круна (CZK)
Часовен појас СЕВ (UTC+1)
 -  (ЛСВ) СЕЛВ (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .cz ²
Повик. бр. +420 3
1. 30 јуни, 2008 (Видете Population changes - 1st half of 2008).
2. Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија.
3. Ист код со Словачка (+42) до 1997.

Чешката Република (ЧР; чешки: Česká republika, ČR) или скратено Чешка (чешки: Česko) или многу ретко Чехија[2] — земја без излез на море, која се наоѓа во Централна Европа. Републиката граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ и Словачка на исток. Прага (чешки: Praha), е голема туристичка атракција, главен град на Чешка и нејзин најнаселен град. Чешка се состои од три историски области: Чешка (Čechy, наречена и „Бохемија“), Моравија (Morava) и Шлезија (Slezsko), ова тројство е присутно и на државниот грб. Членка е на НАТО, а од 1 мај 2004 и на Европската Унија.

Чесите немаат постигнато консензус за официјалниот назив на нивната држава - предлогот за скратување на нејзиното име во Чешка, или Чехија од страна на министерството за надворешни работи во 1993 не е прифатено од пошироката јавност, и останува нејзиното официјално име — Чешка Република.

Етимологија на име[уреди]

Историја[уреди]

Праисторија[уреди]

Територијата на денешна Чешка била населувана уште од најстари времиња. Според археолошките истражувања, на овие простори постоел живот уште пред 28.000 години п.н.е. Во 3 век п.н.е. Чешка била населена до келти, а од 1 век германските племиња.

Населување на словените[уреди]

Во текот на 5 век и 6 век, на територијата на денешна Чешка се населиле словенските племиња. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежеството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ростислав I. Во почетокот на 10 век за прв пат била создадена чешката држава. Во 12 век Чешка станала кралство во составот на Светата Римска империја.

Среден век[уреди]

Важни периоди од историјата на Чешка се националното ослободително движење и антикатоличкото движење во првата половина на 15 век. Во 1526 година, Чешка била вклучена во составот на Хабсбуршката империја, како автономна област. Чешка во 1867 година била вклучена во составот на Австро-Унгарија, а по распаѓањето на Австро-Унгарија во 1918 година се соединила со Словачка образувајќи ја Чехословачка.

Чехословачка[уреди]

Во почетокот на 1939 година, Нацистичка Германија ја окупирала Чешка создавајќи ги Чешка и Моравија. На 9 мај 1945 година, Црвената армија ја окупирала Чешка, и по војната повторно била создадена Чехословачка.

Во периодот од 1918 до 1939[уреди]

Чехословачка била создадена во октомври 1918 година, односно по завршувањето на Првата светска војна, на територија на која дотогаш се простирала Австро-Унгарија. Во денешно време, се наоѓаат Чешката република и Словачката република, како и Закарпатската област во денешна Украина. Чехословачка била една од најмногу развиените земји во Европа поради фактот што во времето на Австро-Унгарија на нејзината теритирија се наоѓал најразвиениот индустриски области, а со тоа имала и добра економија. Oд нејзиното создавање сè до Втората светска војна, Чехословачка била демократска земја. Како еден од најголемите проблеми во земјата бил етничкиот проблем. Тоа се должело на фактот бидејќи втора и трета по големина етническа група била германците и словаците кои не биле задоволни од политичкото господство на чесите. Освен тоа, повеќе од етничките германци и унгарци во Чехословачка никогаш не ја признавале оваа нова држава.

Во периодот од 1939 до 1945[уреди]

Во периодот на Втората Светска војна, Чехословачка паднала во рацете на нацистичка Германија. По Минхенската конференција во 1938, хитлеровите војски ги окупирале граничните германски етнички подрачја во областите Чешка и Моравија, Унгарија добила територии кои биле населени со унгарци во Јужна Словачка, а останатите територии на Словачка и областа Рутенија (Закарпатска област) добиле статус на автономија. Чехословачка престанала да постои во март 1939, кога Хитлер го окупирал и остатокот од Чешка и Словачка била принудена да прогласи независност.

Во текот на војната, Чешка и Моравија биле раководени од страна на Германија, а новата словачка држава станала сојузник на нацистичка Германија. Словачките војски се бореле против руските сè до 1944 година кога се обрнале против власта. Ова востание било задушено по неколку месеци од страна на Германија.

Во периодот од 1945 до 1990[уреди]

По завршувањето на Втората Светска војна, Чехословачка била повторно формирана, сите германци биле прогонети од државата, а Закарпатска област била окупирана и покасно пресоединета кон СССР. Три години подоцна Чехословачката комунистичка партија (ЧКП) ја зазела власта (1948-1989) по парламентарните избори, и државата паднала под влијание на СССР. Во религиозен поглед, атеизмот бил официјален во државата. Во 1969 Чехословачка била преобразувана во федерација која се состоела од Чешката социјалистичка република и Словачка социјалистичка република.

Во периодот од 1990 до 1992[уреди]

Во 1989 година во Чехословачка повторно бил воспоставена демократијата. Со паѓањето на комунизмот, во државата повторно се појавил предлог за промена на името на државата во Чехословачка република. Во април 1990 година овој предлог бил отфрлен од страна на словачките политичари, бидејќи според нив тоа име недоволно ја изразувала застапеноста на словаците во федерацијата. Подоцна се стигнало до компромис државата да се вика Чешка и Словачка федеративна република. Но во 1992 година, парламентот на федерацијата решил таа да биде разделена на два дела од 1 јануари 1993 година на Чешка и Словачка, каква е и до ден денес.

Чешка Република[уреди]

По падот на комунизмот од 1989 година, во 1993 година Чехословачка се распаднала на Чешка и Словачка и од тоа време, Чешка е суверена држава. Во 1999 година била примена во НАТО, а од 1 мај 2004 година во ЕУ.

Географија и клима[уреди]

Чешка е земја која се наоѓа во Централна Европа. Таа нема излез на море. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на Југ, и Словачка на исток. Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C.

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Карта на краевите во Чешка.

Административната поделба на Чешка е остварена преку три нивоа на поделба и тоа:

  1. краеви
  2. окрузи
  3. општини

Економија[уреди]

Население, јазик[уреди]

Религија[уреди]

Чешка, заедно со Естонија, е една од најмалку религиозните популации во цела Европа. Според пописот од 2001 година, 59% од земјата се агностици, атеисти или нерелигиозни, 26,8% се Римокатолици и 2.5% се протестанти.[3]

Според најновите податоци на Евробарометар од 2005, [4] 19% од Чешките граѓаните одговориле дека "тие веруваат дека постои Бог" (втора најниска стапка меѓу земјите на Европската Унија по Естонија со 16%), [5].

Култура во Чешка[уреди]

Музика во Чешка[уреди]

Спорт во Чешка[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]