Ватикан
| Ватикан
Stato della Città del Vaticano [1]
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: „Inno e Marcia Pontificale“ (Italian) „Pontifical Anthem and March“ |
||||||
| Главен град | Ватикан[2] |
|||||
| Независност | од Кралството Италија | |||||
| - | Латерански договор | 11 февруари 1929 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 0,44 км2 (231ва) | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2008 | 900 (220та) | ||||
| - | Густина | 1780 жит/км2 (6та) | ||||
| Валута | Евро (€) (EUR) |
|||||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
| - | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
| НИД | .va | |||||
| Повик. бр. | 379 | |||||
Ватикан, или обично познат под името Ватикански Град (латински: Status Civitatis Vaticanae, италијански: Stato della Città del Vaticano), познато и како Светиот град, е најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Површината на Ватикан изнесува 44 хектари. Ватикан е седиште на Папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква, бискуп на градот Рим и избраните монарси на Ватикан. Папата од своја страна е на доживотна функција и тој ги избира кардиналите. Технички, Папата е апсолутни монарх, а тоа значи дека ја има потполно законодателната, извршната и судскта власт во Ватикан. Папата е единствениот апсолутен монарх во Европа. Сегашниот Папа на Ватикан е Бенедикт XVI, роден како Јозеф Рацингер.
Содржина |
Историја[уреди]
Папската држава (ит. Stato della Chiesa) е името на италијанската држава која постоела од 756 до 1870 година. Пипин младиот во средината на 8 век освоил голем дел од северна Италија, и просторот на бившиот Равенски егзарх го поклонил на Папата. Карло Велики во 781 година ја кодифуикувал територијата на која Папата има суверенитет. Територијата ја опфаќала Рим но и околините Равена, Пентаполис, Војводство Бенвенто, Токсана, Корзика, Ломбардија и уште некои градови. Во првите три векови од постоењето на Папската држава, Папата не имал ефективна контрола на целата држава, а и не е било јасно дали папската држава била независна од Римската империја. Во периодот на Ренесансата, територијата на папската држава се проширила најмногу и тоа под водство на папата Александар VI и Јулиј II. Папата во тој период станал еден од најважните италијански владари во светот. Во периодот од 1796-1800 и 1808-1814, француската револуционарна армија Папската држава ја претворила во Римска република, а покасно и како дел од Франција. Италијанските национални револуционери во 1849 година прогласиле Римска републикаа папата Пије IX побегнал од Рим. Француските трупи, Наполеон Бонапарт ги поразил револуционерите и го вратиле папата на власт. Папскиот суверенитет во Рим го штитал француските војски. Но, кога во 1870 година избувнала Француско-пруската војна, трупите се повлекле од Рим, каде Италија објавила војна на Папската држава и го освоила Рим. Папата Пије IX се повлекол во својата резиденција и се прогласил за заробен. Покасно, 1929 година папата Пије XI формално се одрекол од поседот на Папската држава и го потпишал Латеранскиот договор на 11 февруари 1929 година со Италија, која формирала град држава, Ватикан, која постои и до ден денешен.
Географија[уреди]
Ватикан, еден од европските микроградо-држави, е расположен во западниот централен реон во Рим, западно на неколку метра од реката Тибир. Неговите граници (3. 2 км или 2 мили во целостното количество кон Италија) се направени многу смислено се со цел да се заштити папата од надворешни влијанија. Ватиканската клима е иста како и со Римската медитеранска клима, со повремени врнежи во периодот од септември до октомври, додека месеците од мај до август се многу потопли.
Население, јазик и религија[уреди]
Некаде околу 890 жители живеат во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Граѓаните на Ватикан се обично клерици, високи службеници, монаси како и Швајцарската гарда која е доброволна воена организација и која го обезбедува Ватикан.
Економија[уреди]
Политички систем[уреди]
Култура[уреди]
Знамето на Ватикан[уреди]
Знамето на Ватикан претставува квадрат со две вертикални обоени полиња: жолто и бело. Врз белиот дел се вметнати вкрстените клучеви на Свети Петар и папската тиара.
Знамето било прифатено на 7 јуни 1929 година. Истата година папата Пиј XI го потпишал и договорот со Италија за конечно решавање на прашањето за Папската држава.
Наводи[уреди]
- ↑ Договор меѓу Светата Столица и Италија, член 26.
- ↑ Ватикан е град-држава
Видете исто така[уреди]
Надворешни врски[уреди]
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||

