Рига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рига
Riga
Рига
Рига
Официјално знаме на Рига
Знаме
Официјален грб на Рига
Грб
Mестоположба
Координати

Erioll world.svg 32°5′0″N, 34°48′0″E

Часовен појас
- лето
EET (UTC+2)
EEST (UTC+3)
Општи податоци
Име
- изворно
- други имиња


Рига
  Riga
Riika
Ríge
Ryga
Основан 1201
Портал http://www.riga.lv
Управа
Градоначалник Нил Ушаков
Географија
Површина 307.17 km² km²
Население
Население 727,578 (2006)

Рига (летонски: Rīga) — главен и најголем град на Латвија. Се наоѓа на вливот на реката Даугава во Балтичкото Море. Населението на градот е околу 739.000 илјади (2003).

Градот бил основен во 1201 година. Поделен е на шест административни единици: Центар, Курземе, Зиемели, Латгала, Видзема и Земгала.

Настанување на името Рига[уреди]

Рига се наоѓа на местото на античката населба Лива, во времето на старите фински племиња, на почетокот на реката Даугава и Ридзена. Реката Ригзена исто така била позната и како Рига и во некое време го формирало езерото Рига но во денешни времиња не постојат ниту реката ниту езерото. Најверојатно, Рига своето име го добила по оваа река.

Историја[уреди]

Рана историја[уреди]

Темелите на модерна Рига биле поставени во времето на германските трговци како и крстоносните војни кои доаѓале во Латвија на крајот од 12 век најверојатно за насилно примање на христијанството.

Бискупот Алберт дошол во Рига во 121 година со 23 бродови и повеќе од 1500 крстоносци. По ова, Рига се преврнала во бискупија. Овде било основано друштвото Ливонските браќа по мечот. Истата година, 1201, Рига била официализирана како град. Заедно со Прусија паднала под власта на Римското царство.

Модерна историја[уреди]

Германија во текот на првата светска војна влегла во Рига во 1917 година и следната 1918 година било договорено Балтичките земји да влезат во составот на Германија. Така на 18 ноември 1918 година по 700 години Латвија ја објавила својата независност а Рига била прогласена за главен град на државата и во идните години таа била примена во Друштвото на народите подржувана од Велика Британија.

Во текот на втората светска војна, комунистичка Русија ја окупирала во 1940 година, потоа Германија во 1941 и повторно СССР. Така по војната градот заедно со државата станува дел од СССР. Во времето на Михаил Горбачов и неговите реформи за можност за отцепување на некоја од државите во веќе пропаднатиот комунизам како во Русија така и низ цел свет, Рига на 21 август 1991 година ја објавила својата независност.

Рига во 2004 година пристапила кон НАТО пактот, а во Европската Унија на 1 мај истата година.

Население[уреди]

Рига со своите 739 232 илјади население е најголемиот град на Балтикот. Според пописот, 58,5% од населението се изјасниле како Летонци, , 29% Руси, 3,9% Белоруси, 2,6% Украинци, 2,5% Пољаци, 1,4% Литванци а останатите 2,1% се наведени како останати.

Религија[уреди]

Во Латвија како и во Рига поголемиот дел од населението се протестанти, но значителен дел припаѓа и на православните христијани бидејќи во градот живеат и многу руси.

Географија[уреди]

Климата е под големо дејство од морето. Според тоа таа е обично блага и влажна. Летата се влажни а зимите топли со просечна температура од -4 С. Во просек, околу 40 % од вкупниот број на денови во годината се облачни.

Површината на Рига изнесува 307,17 km²

Архитектура[уреди]

Стара Рига[уреди]

Стара Рига е историјски и географски центар како на самиот град така на целата држава. Градот се наоѓа на десната страна од реката Даугава. Опфаќа прилично мал дел од целосната површина на градот која била градена, рушена и повторно рестарвирана од 13 до 18 век.

Денешната Рига[уреди]

Главниот град на Латвија во денешно време остава голем впечаток, како со историските си забележителности и архитектура, така и со големите забави кои се предлагаат на туристите.

Познати личности[уреди]

Образование[уреди]

Во Рига се наоѓаат многу институции како од више така и од високо образование вклучувајќи ги универзитетите:

  • Универзитет Латвија
  • Технички универзитет
  • Поранешната медицинска акаденија, сега Страдиниш
  • Стокхолмската економска школа

Економија[уреди]

Градот од времето на комунизмот започнал да се доизградува во економски план од 1998 година бидејќи претходно властите биле насочени повторно под влијание на Русија. Но по 1998 година со смена на раководството на владата и приорентирање кон земјите од Европската унија започнала приватизација на големи банки, претпријатија. Веќе кога Латвија се вклучила кон Светската трговска организација во 1999 година налетал и многу поголем странски капитал најмногу стациониран во Рига.

Знаменитости[уреди]

Најголемиот број знаменитости во градот се наоѓаат во стариот град во Рига кој е под меѓународна заштита. Стариот град се нарекува Вецрига.

Знаменитости на стариот град:

Збратимени градови[уреди]

Предание[уреди]

За тоа како била создадена и како се појавила првата елка постојат многу различни истории. Една од нив е дека тоа се случило токму во Рига. Така, првата украсена елка се сврзува со Мартин Лутер. Тој отсекол едно од дрвата, си го зел за во својата куќа и го украсил со свеќи. Но, историјата е многу повеќе мит, отколку историски факт. Сепак во Рига сбиле откриени документи од средновековието, во които се опишувало како еден занаетчија поставил украсена елка за Божик на градскиот плоштад и одтогаш започнала традицијата која денеска е распространета скоро низ целиот свет.

Надворешни врски[уреди]