Сигулда (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Општина Сигулда
Siguldas novads
—  Општина  —
Земја  Латвија
Создадена 2003
Админ. центар Сигулда
Управа
 • Градоначалник Уѓис Митревицс
Површина
 • Вкупна 359.9[1] км2
Население (2009)
 • Вкупно 17,579[2] жит.
Портал www.sigulda.lv

Сигулда (латвиски: Siguldas novads) е општина во Летонија, која се наоѓа во историската област Видземе и е дел од административниот регион Рига. Градот се наоѓа на 53 km од главниот град Рига. Сигулда е лоциран на реката Гауја.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите наоди докажуваат дека почетоците на живот во реонот на Сигулда датираат од 200 година пред нашата ера и откриваат животот на првите доселеници, кои се прехранувале со сточарство и лов и риболов. Во периодот 6-7 век територијата на градот е населена од балтичкото племе „Земгали“.

Замокот Сигулда

Летоннските племиња со угро-финско потекло, се населиле во долината на реката Гауја во 11-тиот век. Археолошките ископувања откриле бројни дрвени тврдини, меѓу кои Сатеселе, Турајда и Кубеселе. Литванците ги користеле овие објекти за да се одбранат од германски крстоносци чиј број константно се зголемувал и бавно ја освојувале целата територија на Летонија. Во 13-тиот век Летонците се покорени, а нивните земји се делат меѓу Тевтонски орден и архиепископијата на Рига. Границите на двете територии се простирала точно во сегашниот град Сигулда. Витезите од Летонскиот орден издигнале замок, а околу него почнале да се населат трговци и занаетчии. Во тоа време градот се споменува во различни документи со името Загеволд. За прв пат градот е споменат во "Летонски римувани хроники" од периодот 12-13-тиот век.

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]