Рига (регион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Ришкиот регион во рамките на Латвија.

Регионот Рига или Ришки регион (латвиски: Rīgas reģions), официјално Ришки плански регион (латвиски: Rīgas plānošanas reģions)е еден од петте плански региони на Латвија, кој се наоѓа во централниот дел на државата. Овој регион ја зазема територијата околу главниот град Рига покрај бреговите на Ришкиот Залив. Овој регион бил основан на 12 октомври 2006 година и се базира на новосоздадената регионална повелба на владата од 25 март 2003.[1] Ришкиот регион зазема површина од 10.132 километри квадратни, каде живеат околу 1.098.523 жители и е најголем регион во државата.

Население[уреди]

Скоро половина од латвиското население живее во Ришкиот регион, што го прави најголем регион во Балтичките држави со население од 1,098,523 жители во 2009 година[2] и густина на население од 303 жители на km².[3]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]