12 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
12 октомври е 285-иот ден во годината според григоријанскиот календар (286-и во престапна година). Остануваат 80 денови до крајот на годината.
Настани:
| 539 п.н.е. | Персискиот цар Цирус од Ахејменидската династија го освоил Вавилон. |
| 1492 | Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. |
| 1822 | Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија. |
| 1941 | Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд. |
| 1941 | На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 евреи во Днепропетровск, Украина. |
| 1964 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Јегоров. |
| 1969 | СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“. |
| 1994 | Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години. |
| 1995 | На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство. |
| 1999 | На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја. |
Родени:
| 1874 | Андонис Влахакис, андарстки капетан. |
| 1896 | Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. |
| 1962 | Бранко Црвенковски, третиот претседател на Република Македонија. |
| 1350 | Дмитриј Донски руски кнез |
Починале:
| 1875 | Жан-Батист Карпо, славен француски скулптор (р. 1827.) |
| 1924 | Анатол Франс, славен француски писател, нобеловец (р. 1844.) |
| 1996 | Рене Лакост, француски тенисер (р. 1904.) |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |