29 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
29 октомври е 302-иот ден во годината според григоријанскиот календар (303-и во престапна година). Остануваат 63 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1923 | Турција е прогласена за Република. - Национален ден на Турција. |
| 1944 | Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство. |
| 1994 | По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот. |
Родени:
| 1507 | Фернандо Алварес де Толедо, шпански военачалник. |
| 1815 | Лудовит Штур, словачки војсководец. |
| 1816 | Фердинанд II Португалски, крал на Португалија од 1836-1855. |
| 1875 | Марија Единбургска, кралица на Романија. |
| 1879 | Франц фон Папен, германски канцелар. |
| 1890 | Ханс-Валентин Хубе, германски генерал-полковник. |
| 1897 | Јозеф Гебелс, германски нацистички функционер и пропагандист. |
| 1906 | Фредрик Браун, американски писател. |
| 1924 | Збигнев Херберт, полски поет, есеист и драматург. |
| 1926 | Неџметин Ербакан, премиер на Турција во периодот од 1996-1997 година. |
| 1929 | Евгениј Примаков, руски политичар. |
| 1930 | Берни Еклстон, генерален директор на Формула 1. |
| 1938 | Елен Џонсон Серлиф, претседател на Либерија. |
| 1943 | Дон Симпсон, американски филмски продуцент. |
| 1945 | Гафур Џабир Ахмети, македонски писател, публицист и преведувач. |
| 1950 | Абдула Ѓул , претседател на Турција. |
| 1954 | Петре Латиновски, градоначалник на Општина Бутел. |
| 1960 | Агим Чеку, премиер на Косово. |
| 1964 | Зоран Ставревски, министер за финансии во Владата на Република Македонија. |
| 1970 | Едвин ван дер Сар, холандски фудбалер. |
| 1970 | Филип Коку, холандски фудбалер. |
| 1971 | Винона Рајдер, американска актерка. |
| 1973 | Роберт Пирес, француски фудбалер. |
| 1981 | Аманда Берд, американска пливачка. |
| 1984 | Алваро Рафаел Гонзалез, уругвајски фудбалер. |
Починале:
| 1268 | Конрадин, крал на Ерусалим. |
| 1321 | Стефан II Милутин, крал на Србија. |
| 1395 | Иван Шишман, бугарски цар. |
| 1618 | Волтер Роли, англиски шпионин, писател и поет . |
| 1911 | Џозеф Пулицер, американски новинар. |
| 1914 | Пејо Јаворов, бугарски поет, публицист и револуционер. |
| 1932 | Жозеф Бабински, француски невролог. |
| 1940 | Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла. |
| 1957 | Луис Б. Мејер, ко-основч на холивудското филмско студио Metro-Goldwyn-Mayer. |
| 1975 | Ристо Крле, македонски писател и драматург. |
| 1995 | Киро Поповски, прв претседател на Социјалистичката партија на Македонија. |
| 1997 | Антон Шандор Ла Веј, основач на Црквата на Сатаната. |
| 2004 | Перо Коробар, македонски општествен деец. |
Празници:
| Турција - Национален ден. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |