27 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
27 октомври е 300-иот ден во годината според григоријанскиот календар (301-и во престапна година). Остануваат 65 денови до крајот на годината.
Настани:
| 710 | Сарацените извршиле инвазија во Сардинија. |
| 1275 | Oснован градот Амстердам. |
| 1524 | Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија. |
| 1644 | Започнала Втората Њуберска војна. |
| 1787 | Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија. |
| 1806 | По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин. |
| 1807 | Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија. |
| 1920 | Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации. |
| 1922 | Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка. |
| 1924 | Создадена Узбечка ССР. |
| 1947 | Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните. |
| 1969 | Бања Лука била погодена од голем земјотрес. |
| 1971 | Демократска Република Конго била преименувана во Заир. |
| 1979 | Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство. |
| 1978 | Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир. |
| 1991 | Туркменистан ја објавил својата независност. |
| 1991 | Во Полска биле спроведени првите демократски избори. |
| 1998 | Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол. |
| 1999 | Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена. |
Родени:
| 1272 | Вацлав II, крал на Чешка и Полска. |
| 1728 | Џемс Кук, англиски поморски истражувач. |
| 1759 | Ференц Казинци, унгарски поет. |
| 1782 | Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор. |
| 1858 | Теодор Рузвелт, претседател на САД. |
| 1885 | Владимир Чоровиќ, српски историчар. |
| 1898 | Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник. |
| 1920 | Стефан Наумов - Стив, народен херој на Македонија. |
| 1928 | Мирослав Филип, чешки шахист. |
| 1932 | Силвија Плат, американска поетеса и писателка. |
| 1939 | Џон Клиз, британски комичар и актер, еден од основачите Монти Пајтон. |
| 1952 | Роберто Бенињи, италијански актер, комичар и режисер. |
| 1952 | Френсис Фукујама, американски философ, политичко - економски аналитичар и автор. |
| 1992 | Стефан Ел Шарави, италијански фудбалери. |
Починале:
| 1449 | Улуг Бег, тимуридски монголски владетел, математичар и астроном. |
| 1505 | Иван III Василевич, кнез на Московското кнежество и „голем кнез на сите Руси“ . |
| 1605 | Акбар Велики, император на Индија. |
| 1949 | Марсел Сердан, светски шампион во бокс. |
| 1990 | Уго Тањаци, прочуен италијански артист. |
| 1992 | Дејвид Бом, американски физичар. |
| 1993 | Винсент Прајс, американски артист. |
| 2009 | Миле Попоски, македонски драмски писател, сценарист, преведувач, прозаист и комедиограф. |
| 2010 | Нестор Киршнер, претседател на Аргентина (р. 1950) |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |