Наполеон Бонапарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Наполеон I
Napoleon in His Study.jpg
„Императорот Наполеон во неговата работна соба во Тујлери“ од Жак-Луј Давид (1812)
Император на Французите
На престол 18 мај 1804 – 11 април 1814
(&100000000000000090000009 години и &10000000000000328000000328 дена)
20 март 1815 – 22 June 1815 (94 дена)
france 2 декември 1804
Претходник нема (самиот како Прв конзул на Првата Француска Република; претходниот владетел бил Луј XVI)
Наследник Луј XVIII (дејуре во 1814)
Крал на Италија
На престол 17 март 1805 – 11 април 1814
Крунисување 26 мај 1805
Претходник нема (самиот како претседател на Италијанската Република; претходниот владетел бил светиот римски цар Карло V)
Наследник нема (кралството се распаднало; следен крал на Италија бил Виктор Емануел II)
Сопружник Жозефина де Боарне
Марија Луиза Австриска
Деца
Наполеон II
Полно име
Неполеон Бонапарт
Династија Бонапарти
Татко Карло Буонапарте
Мајка Летиција Рамолино
Роден(а) 15 август 1769(1769-08-15)
Ајачо, Корзика
Починал(а) 5 мај 1821(1821-05-05) (на 51 год.)
Лонгвуд, Света Елена (Британска империја)
Почивалиште Инвалидски дом, Париз
Потпис
Вероисповед формално католик, а впрочем деист

Наполеон Бонапарт (француски: Napoléon Bonaparte, 15 август 1769 - 5 мај 1821) — француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени генијалци во XIX век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.

Ран живот[уреди]

Наполеон ги преминува Алпите од Жак-Луј Давид

Наполеон e роден на 15 август 1769 во Ајачио, на островот Корзика и e крстен како Наполеонe ди Бонапарте (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарт[1]). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Чарлс) Бонапарт и Летиција Рамолино Бонапарт, и двајцата од повисоката Корзиско-Италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за Корзијската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во Француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото Училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник.

Пред започнувањето на Револуцијата, тој станал полковник (1791) во Корзијската национална гарда. Во 1793, Корзика се декларирала како независна, а Бонапарт, Француски патриот и Републиканец, побегнал во Франција со неговото семејство. Тој бил унапреден во капетан, за опседнувањето на армијата Тулун, врз основа на тоа морнарицата, потпомогната од Британската флота, Жозефина де Боарне, првата жена на Наполеон предизвикала револт во републиката. Заменувајќи го повредениот генерал на артилеријата, тој со голема војска ја истерал Британската флота од пристаништето, а Тулун паднал. Како резултат, Бонапарт бил промовиран како генерал на бригада на возраст од 25 години. Во 1795, тој го зачувал револуционерното управителство со разделување на бунтовничките толпи во Париз. Во 1796 тој се оженил со Жозефина де Боарне, вдовица на аристократ, кој бил гилотиран во Револуцијата, и мајка на две деца. Умрел 5 мај 1821 година.

Рана кариера[уреди]

Битката кај реката Нил[уреди]

Во август 1798 Француската флота под контрола на вице Адмиралот Франсоа Пол Бруе де Агаилие била разбиена од малата Британска армада преводена од Хорацио Нелсон во битката кај Нил, кај местото Абу Оир Бај во Египет. Разбивањето го пропуштил Бонапарт, кој ја предводел експедицијата, а бил оставен во Египет. Во истовреме разрушувањето на Француската флота ја гарантирало поморската власт на Британците на Средоземното Море.

Империјата на Наполеон во 1811 година (Франција е прикажана со темно-сина, а земјите-сателите со светло-сина боја)

Исто така во 1796, Бонапарт бил ставен за командант на Француската армија во Италија. Неговата моќ и популарност во Франција го заплашиле Директориумот (тогашната влада), па затоа во 1798 година го упатиле во Египет каде што требало да ја попречи британската трговија со Индија. Но, оваа акција била осуетена со Нелсоновата победа кај утоката на Нил. Тој победил четири Австријски генерали последователно, секој со супериорна надмоќност, и ги принудил Австрија и нејзините покраини да склучат мир. Склучил договор со Кампо Формио под услов да Франција си ја чува завладеаната територија. Во северна Италија тој ја пронашол Кизалпинската (Италијанска) Република (подоцна позната како кралството на Италија) и си ја засилил својата позиција во Франција со праќањето на милиони франци како богатство за владата. Во 1798, за да ја спречи трговијата на Британците со Истокот, тој водел експедиција на Отоманскиот Египет, кој го освоил. Неговата флота била уништена од Британскиот Адмирал Хорацио Нелсон, без негово присуство. Без размислување тој вовел реформи во eгипетските права и закони, укинувајќи го ропството и феудализмот со гаранција за основните права. Француските образовани луѓе тој ги водел со себе на почетокот на научното учење за старата Египетска историја. Во 1799 тој не успеал да ја освои Сирија, но победил во една битка над Отоманците во Абу Оир (Абукир). На Франција, меѓувремено, и се спротиставувала нова коалиција; Австрија, Русија, и помалку моќната подршка од Британија.

Правилата на Наполеон во Франција[уреди]

Наполеон како Прв конзул.

Бонапарт, не толку скромно, решил да ја остави својата армија и се вратил назад да ја спаси Франција. Во Париз, тој се вклучил во заговорот против владата. Во државниот удар на 9-10 ноември, 1799 тој и неговите колеги ја преземале власта и установиле нов режим - Конзулатот. По негово уредување, Бонапарт, како прв конзул, имал речиси диктаторска сила. Уредувањето било променето во 1802 за Бонапарт цел да живот биде конзул и во 1804 се прогласи за император. Секоја промена што ја вршел добивал голема согласност од избирачкото тело. Во 1800 тој ја осигурал својата власт со преминувањето на Алпите и разбивајќи ги Австријците кај Маренџо. Потоа тој преговарал за европски мир што ја установува реката Рајна за источна граница на Франција. Исто така се согласувал со папата (Конкорд од 1801), што придонело Французите да имаат домашна спокојност и да ја прекинат расправијата со Римската Католичка црква за време на Револуцијата. Во Франција, администрацијата била обновена, внатрешниот систем бил упростен, а сите училишта биле под централна власт. Француските закони биле стандардизирани со Наполеоновиот кодекс, или народен кодекс, и уште шест кодекси. Тие ги гарантирале правата и слободата од Револуцијата, вклучувајќи рамноправност меѓу законот и слобода во религијата.

Воени подвизи[уреди]

Во aприл 1803, Британија, испровоцирана од агресивното однесување на Наполеон, ја продолжила војната на море. Две години подоцна Русија и Австрија се придружиле на Британија во нова коалиција. Наполеон тогаш ги оставил своите планови да завладее со Англија и ги насочил своите сили кон Австро-Руските трупи, победувајќи ги кај Аустерлиц на 2 декември 1805. Во 1806 го заземал кралството Наполи и го прави крал својот постар брат Жозеф, ја конвертира Холандска Република во кралство за неговиот брат Луј, и ја установил Конфедерацијата на Рајна (повеќето германски покраини) со која што тој управувал. Прусија тогаш стапила во сојуз со Русија и ја нападнале конфедерацијата. Наполеон ги разрушил Пруските трупи кај Сена и Ауерштед (1806) и Руските трупи кај Фриланд. Во Тилсит (јули 1807), Наполеон направил сојуз со цар Александар и значително ги намалил границите на Прусија. Тој уште направил и помали државички во својата империја: кралството Вестфалија за неговиот брат Жером, војводството Варшава и др.

Наполеон пред сфингите во Египет.

Наполеон во меѓувреме го утврдил Континенталниот систем, француско наметнување на блокада во Европа против британските добра, создаден за да банкротираат, како што тој ги нарекувал “нацијата на дуќанџиите”. Во 1807 Наполеон ја освоил Португалија. Во 1808 неговиот брат Жозеф го направил крал на Шпанија и доделувајќи го Неапол на неговиот зет, Жоашен Мира. По пристигнувањето во Шпанија Жозеф наишол на отпор, кој бил познат како Полуостровски војни. Наполеон кратко учествувал и постигнал победи, но по неговото заминување борбите продолжиле уште пет години, со Британската поддршка на шпанската армија и герилите. Полуостровските војни ја чинеле Франција 300.000 несреќни случаи, неискажана сума на пари и придонеле за евентуалното слабнење на наполеоновата империја.

Во 1809 Наполеон ги победил Австријците кај Ваграм, припојувајќи ги и илирските покраини (сега делови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора), а воедно ги укинал и папските земји. Исто така, се разведел со Жозефина и во 1810 се оженил со надвојвотката Марија Луиза, ќерка на австрискиот император. Според поврзувањето на неговата династија со старите правила во Европа тој се надевал дека неговиот син, кој се родил набргу во 1811, ќе биде со поголемо задоволство прифатен од афирмираните монаси. Во 1810, неговата империја го добила своето најголемо ширење со завледејувањето на Бремен, Либек и други делови од Северна Германија, заедно со кралството на Холандија, следејќи ја силната абдикација на Луј Бонапарт.

Битката кај Аустерлиц[уреди]

Битката кај Аустерлиц е една од најдобрите воени судири предводена од Наполеон. Се одвивала на местото близу селото Аустерлиц (сега Славков, Чешка Република) на 2 декември 1805 година, меѓу француската војска од околу 68.000 и австро-руската војска околу 90.000. Некои ја нарекуваат „битката на тројцата императори”, бидејќи Наполеон, Францис I од Австрија и Александар I од Русија биле присутни на бојното боле.

Наполеон ги победил Австријците кај Улм во октомври и ја окупирал Виена, австрискиот главен град, во ноември, но дел од австриската војска останала недопрена и продолжила на север да му се придружи на рускиот сојузник кај Олмутц во Моравија. Наполеон бил предводен од идејата за брза победа, пред Прусија да може да ѝ се придружи на антифранцуската коалиција и да ги зголемат силите против него.

Наполеон напредувал сè до Брно во крајот на ноември и тогаш се повлекол на неколку милји, надевајќи се дека рускиот командант, принцот Михаил Иларионович Кутузов, ќе се обиде да го нападне, да му ја нападне страничната линија и дека ќе му ја пресече неговата линија на повлекување кон Виена. Антифранцуските сојузници тогаш го зазеле полето Процен западно од Аустерлиц, а на 2 декември Русите успеале да го нападнат десното крило на војската на Наполеон, како што и се надевал. Овој напад и уште еден од Австријците на левото крило биле одбиени. Од оваа гледна точка, Наполеон ја испратил неговата центарна сила, под команда на маршалот Николас Соулт, против сојузничкиот центар, кој бил слаб за да ги издржи страничните потези. По жестоката борба, Французите ја разбиле австриската и руската борбена линија и ја комплетирале маршутата. Французите изгубиле 9.000 луѓе, а сојузниците околу 25.000. Како резултат од оваа победа тројната коалиција против Наполеон се распаднала.

Битката кај Маренџо[уреди]

Битката кај Маренџо, е победата на Наполеон Бонапарт над австријската армија во Војната на Првата коалиција (1792 - 1801). Пролетта 1800, Бонапарт, првиот конзул на Француската Репубика, предводел офанзива против австријците, кои ја окупирале Северна Италија. На 14 јуни, австријскиот генерал Михаил вон Мелас со војска од околу 30 000 војници и стотина топови, го нападнале Наполеон кај Маренџо, северно од Ѓенова. Бонапарт, кој имал само 19.000 војници и 14 топа, бил принуден да се повлече. Мелас не успеал да ја продолжи неговата предност и французите по добивањето на засилување, контранападнале и победиле. Тоа била прва од серијата победи на Французите што довело до крајот на војната, следната година.

Битката кај Лајпциг[уреди]

Битката кај Лајпциг, наречена битка на нациите, била одлучувачкиот судир на француската армија на Наполеон, со оние на Австрија, Прусија, Русија и Шведска, водена од 16-19 oктомври, 1813, кај Лајпциг, Германија. Исплашен од коалицијата со загубата на виталната комуникација низ градот, Наполеон го чекал нападот на 16 октомври, но наредните денови на коалицијата, која била со огромна супериорност во однос на силата, и се приклучиле новодојдени сили. Нападот започнал на 18 oктомври и рано изутрината во наредниот ден, по девет часа борба, Наполеон наредил повлекување преку реката Вајсе Елстер. Во конфузијата, мостот на реката се кренал предвремено, пред да заврши повлекувањето, оставајќи 30.000 француски војници да бидат земени во притвор во градот. Последиците на двете страни се проценети меѓу 90.000 и 120.000 жртви. Сепак битката кај Лајпциг ефективно ја елиминирал наполеоновата моќ источно од Конфедерацијата на Рајна.

Владеењето на Наполеон во Европа[уреди]

Феудализмот и искористувањето на селаните со владеењето на Наполеон биле искоренети и била воспоставена слобода на религијата (освен во Шпанија). На секоја земја и бил дозволен устав и парламент со закон. Бил доведен француски систем на администрација и правосудство. Школите биле ставени под централна администрација, а јавните школи биле во замисла. Високото образование било отворено за сите оние кои ќе се квалификуваат, без разлика на класа или религија. Секоја држава имала академија за промовирање на науките и уметностите. Плати биле обезбедени за еминентни образовани луѓе, особено за научниците. Уставната влада останала само ветување, но се реализирал голем напредок и зголемена ефикасност.

Дури по падот на Наполеон, народите на Европа почнале да ги ценат бенифициите кои неговиот систем им ги овозможувал.

Падот на Наполеон[уреди]

Инвазија на Русија[уреди]

Наполеоновото повлекување од Москва.

Во 1812, Наполеон, чие сојузништво со Александар I пропаднало, лансирал инвазија на Русија. Напаѓачката армија располагала со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеала да навлезе во Москва, која ја напуштиле руските единици и голем дел од цивилното население. Наместо мир, напаѓачите доживеале отпор и зимското невреме сосема ги уништило. Кампањата завршила во катастрофално повлекување од Москва во 1813.

Првото прогонство[уреди]

По повлекувањето од Русија, цела Европа се здружила против Наполеон. Иако тој брилијантно се спротиставувал, сепак, шансите биле невозможни.

Абдикацијата.

Во април 1814, неговите маршали одбиле да продолжат со отпорот. Откако сојузниците го одбиле неговото доброволно симнување од тронот во корист на неговиот син, Наполеон безусловно абдицирал и бил прогонет на медитеранскиот остров Елба. Марија Луиза и неговиот син биле ставени во притвор на нејзиниот татко, императорот на Австрија. Наполеон никогаш повеќе не ги видел.

Битката кај Ватерло[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Битка кај Ватерло.
Враќањето од Елба.

Наполеон сепак успеал да направи драматично враќање. Во март 1815, тој побегнал од Елба, стасал до Франција и ги придобил силите испратени да го заробат. Во Париз, тој донел нов, подемократски устав и неговите ветерани од претходните битки го поддржале. Наполеон барал мир од сојузниците, но тие го одбиле, па тој нападнал прв. Резултатот бил пораз во Битката кај Ватерло, Белгија, на 18 јуни 1815.

Второто прогонство[уреди]

По поразот кај Ватерло, во Париз, толпите го молеле да продолжи со борбата, но политичарите не му пружиле поддршка. Наполеон побегнал во Рокфорт, каде се предал на капетанот на англискиот воен брод Белерефон.

Наполеон ја потпишал својата втора абдикација на 22 јуни; на 28 јуни кралот Луј XVIII бил повратен на францускиот трон, со што завршиле т.н. Сто дена. Британските власти го прифатиле предавањето на поранешниот император на 15 јули; подоцна бил протеран на островот Света Елена. Толку бил голем поразот на Наполеон, што Ватерло останал како синоним за огромен пораз.

Тој бил прогонет на Св. Елена, изолиран остров во југот на Атлантскиот Океан, каде останал до неговата смрт на 5 мај 1821.

Причина за смрт[уреди]

Гробот на Наполеон I

Причината за смрт на Наполеон била оспорувана во бројни прилики и контроверзноста останува до ден денес. Франческо Анотомарки, докторот на Наполеон, како причина за смртта на Наполеон наведува рак на стомакот. Во 1955, во дневникот на Луис Мархенд, во значајна улога се појавува собарот на Наполеон. Неговите описи за Наполеон неколку месеци неговата смрт, остави многу заклучоци, но најмногу забележливите Стен Форшвуд и Бен Вајдер заклучиле дека тој е убиен со труење од арсен. Арсенот во тоа време се употребувал како отров кој не се забележува. Арсенот, исто така, се употребувал во тапети, како зелен пигмент, а се употребувал и во медицината. Во 2001 година Паскал Кинц, од стразбурскиот судски институт во Франција, дал истражување за арсенската теорија со проучување на стадиумите на арсенот најдени во косата на Наполеон: тие биле 7-38 пати поголеми од нормалните.

Сечењето на коса во мали сегмент ии анализирањето на секој сегмент поединечно доведува до тврдење за постоење на арсен во телото. Овие анализи од косата на Наполеон сугерираат на тоа дека големи но не наеднаш дози биле конзумирани во одреден интервал. Арсенот го ослабувал Наполеон и останувал во неговиот систем. Поскорашните анализи во журналот „Science et vie” покажуваат за зголемени концентрации од арсен, кои биле пронајдени во влакната на Наполеон и за кои се смета дека биле земени од 1805, 1814 и 1821. Главниот истражувач Иван Рикордел објавил статија дека ако арсенот е причини за смрт Наполеон ќе умрел години порано. Арсенот во тоа време се употребувал како третман против сифилис. Овие откритија водат кон шпекулаци дека можеби и Наполеон страдал од таа болест. Лекарскиот режим на Наполеон од неговите доктори бил третман со антимониум калиум титрид и доза од 600mg жива хлорид за да ги намали неговите болки во деновите пред неговата смрт. Група од истражувачи од Сан Франциско шпекулирале дека неговиот третман доведува до негова смрт со предизвикување на сериозни недостатоци на калиум.

Во мај 2005 тим од швајцарски лекари тврделе дека причинна за смрт на Наполеон бил рак во стомакот, која е истата причина за смрт и на неговиот татко. Неколку судски извештаи тврделе дека Наполеон пред да умре тежел 76 килограми, а година порано тој тежел отприлика 91 килограм, потврдувајќи го резултатот на аутопсијата на Анто Марки. Тим од лекари од универзитетот Монт-тер-Спертоли, предводени од професор Вионди, ги потвредиле овие претпоставки. Во октомври 2005, се појавува ненадејно доцумент во Шкотска кој претставува документ за аутопсија, кој повторно го потврдува Анто Марки. Поскорашните анализи од етимологија и патологија, тврдат дека болеста на Наполеон била рак на желудникот.

Наследство[уреди]

Статуата на Наполеон во Париз

Наполеоновото влијание во Франција се забележува дури и денес. Спомени од него има насекаде низ Париз, посебно триумфалната порта и центарот на градот кој биле изградени да ги одбележуваат сите негови победи. Исто така, државниот закон се нарекува кодексот на Наполеон, а и административниот и судскиот систем главно потекнуваат од Наполеон. Наполеоновите радикални реформи во сите делови на Европа и ја подготвувале земјата за револуција.

Во 1806 Наполеон Бонапарт, императорот на Франција ја започнува конструкцијата на триумфалната порта како спомен за неговите победи. Триумфалната порта е висока 50м и широка 45м и се наоѓа во западниот дел на Шан Селизе, во Париз. На ѕидовите од портата се испишани имињата на наполеоновите генерали и неговите победи.

Наполеон бил отмен човек, никогаш сигурен, никогаш задоволен. „Моќта е мојата господарка” велел тој. Тој знаел да биде шармантен, но посебно се ценела неговата лојалност кон својата фамилија и кон неговите постари соработници. Не дозволувал никому да му се меша во работата. Наполеон бил понекогаш тиран но секогаш со голем авторитет, и еден кој верувал во водење на власта со мандат на народот. Тој бил голем просветен монарх, голем генијалец кој ги променил француските институции и се обидел да направи реформации во сите институции во Европа. Тој се обидел на Европа да и подари постојан закон. Наполеон бил голем стратешки генијалец. Во Света Елена тој рекол „Ватерло ќе ги избрише спомените од сите мои победи“. Тој не бил во право, за добро или за лошо, тој е најзапаметен како генерал, а не по неговата напредна власт, и со право е наречен Наполеон Велики.

Легендата за Наполеон[уреди]

Култот за Наполеон како „човек од судбината” започнало уште од времето на неговиот живот. Всушност тој неговиот култ го започнал за време на неговата прва италијанска кампања со систематско публицирање на неговите победи. Како прв конзул и император ги повикува најдобрите писатели, артисти и уметници да ги величат неговите дела и придонел до култот во кој самиот се претставува како најголемата слава на Франција. Тој главно ја започнал револуцијата во Франција и понудил бенефиции кон Европа. Неговата цел била да ги пронајде европските држави “федерации од слободни луѓе”. Како и да е, тој станува херој на Франција и маченик на светот. Во 1840 неговите постанки биле вратени во Париз на барање од кралот Луј Филип и биле погребани со голема помпезност и церемонија.

Поважни настани:

  • Во 1793 тој имал инструментална улога во француското разбивање на британците кај Тулон, по што тој бил промовиран во титула бригадир генерал.
  • На 9-10 Ноември, 1799 бил пренасочен од француската влада и станал првиот конзул на покраинската влада.
  • На 18 мај 1804 ја установил Франција како империја со него како император.
  • На 2 декември, 1805 ги предводел француските трупи во победата на австријските и руските армии кај Аустерлиц (сега Славков, Реп. Чешка).
  • Во 1808 завладеал со Шпанија и го прокламирал својот брат Јозеф за крал, допирајќи до шест годишните полуостровски војни.
  • Во 1812 завладеал со Русија, но бил принуден да ја отстапи по губењето на речиси 4/5 од својата армија.
  • На 11 април 1814 бил принуден да го напушти престолот безусловно, откако коалицијата на европските земји го освоиле Париз, и бил пренесен како затвореник на островот Елба.
  • На 20 март 1815 тој се враќа во Париз, откако претходно успеал да избега од Елба, и уште еднаш самиот се прогласил за император.
  • На 18 јуни 1815 бил поразен за време на финалната битка кај Ватерло.
  • На 22 јуни 1815 повторно го напуштил престолот и бил пренесен како затвореник на островот Света Елена.

Наводи[уреди]

  1. Napoléon 1er, Empereur des Français

Извори[уреди]

  • Microsoft® Encarta® 1 (англиски)

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Организации кои го проучуваат Наполеон[уреди]



Претходник
Луј XVI
Крал на Франција
Цар на Французите
1804-1814
Наследник
Луј XVIII
Крал на Франција
Претходник
нова титула
Цар на Французите
1814-1815
Наследник
Наполеон II
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Наполеон Бонапарт“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).