Историја на Италија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Дел од серијалот за Италија Историја на Италија |
| Античка историја |
|---|
| Среден век |
| Модерна Италија |
|
Кралство Италија |
| Портал:Италија |
Италијанците се потомци на старите племиња кои уште во почетокот на првиот милениум п.н.е. се населиле во краевите помеѓу Алпите и по целиот Апенински полуостров и Сицилија. Овие народи биле од различно потекло, а најстари биле Лигурите и Илирите. Некаде во 8 век п.н.е. на територијата на денешна Италија се населиле и Етрурците кои се прошириле до реката По и Корзика. Вo близина на територијата на денешна Венеција истотака живееле Венетите, додека Сабјаните и Латините живееле во градот Лацио и околу него. Френтаните, Пицентите и Маручените се населувале околу Јадранското приморје. Со мешање на сите овие племиња се создал новиот народ Италијанците.
Секако Италијанците се создале главно од едно поголемо племе (плус со мешање на горенеаведените) кои се нарекувале Итали по кои што го добиле и денешното име. Италите не биле едно главно заедничко племе, туку ова племе било поделено на четири племиња: Латини, Фалисци, Осци и Умбри или Умбријци. Ова биле луѓе кои главно се занимавале со полјоделство и одгледување на стока. Со ширењето на моќта на Рим некаде околу 5 век п.н.е, италските племиња влегле во составот на Римската држава и станале нивни сојузници. Тие добиле Римско граѓанско право после војната која се водела од 90 до 89 год. п.н.е.
Италија во 1957 година била една од државите која ги поставила темелите на Европската Унија. Тоа и допринело да се развие во господарски и политички смисол. Станала една од водечките сили во целиот свет и спаѓа во групата на земји G8.
Во стариот век, Грците имале „Голема Грција“ (Magna Graecia) во јужниот дел на Италија односно Сицилија, а на север владееле Етрурците. Рим станал центар на Римското Царство кое се до 5-от век владеело со голем дел од Европа. Иако на почетокот било целовито подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царсто и Западно Римско Царство. Во составот на Римското царство влегла и Македонија како Римска провинција.
После средниот век, Италија била седиште на хуманизмот и ренесансата кои ја препородиле европската култура и уметност. Италија била расцепкана на повеќе градови-држави се до 1861 година кога сите заедно се поврзале во едно kралство. Рим се придружил во 1870 година што претставувало конечно обединување на Италија.
Фашистите внеле диктатура во 1922 година и се бореле на страната на Германија со што изгубиле во Втората светска војна.
Референдум во 1946 година ја создал Република Италија. Италија е член на НАТО и ЕУ.
Содржина |
Хронологија [уреди]
Рим [уреди]
- 753 п.н.е. — основан е Рим.
- 1 век — Раѓање на христијанството во Рим.
- 5 век — Варварски напади ставиле крај на Римската империја и нејзино разделување на Византија и Западно Римско царство.
Среден Век [уреди]
- 493 — Остготите завладуваат со Италија.
- 552 — Византија ги покорила остроготите.
- 568 — Средна и Северна Италија биле заземени од страна на лангобардите.
- 756 — создадено папството.
- 774 — под власта на франките.
- 9 век — Норманите и сарацините ја нападнале Јужна Италија.
- 10 век — Северна и Средна Италија се присоединие кон Светата Римска империја.
- 11 век–12 век — Папството и императорите воделе борба за инвеститура.
- 11 век–13 век — Почеток на Крстоносните војни.
- 1309–1376 г. — Престолнината на папата била преместена во Авињон.
Ренесанса [уреди]
- 14 век–16 век — Почеток на Ренесансата.
- 1416 — Создавање на Савојското херцогство. Започнуваат Големите географски откритија
- 1713 — Според решенијата на Утрех, Италија била разделена помеѓу франција и Австрија
- 18 век – 1814 — Француска окупација, а во 1805 година завладеана од Наполеон Бонапарт.
- 1820–1821 г. — востание против австриската власт.
- 19 век — Организацијата „Млада Италија“
- 1848–1849 — Револуција за национално обединување
Кралство Италија [уреди]
- 1861 — Создавање на Кралство Италија.
- 1870 — Обединување на Италија од страна на Рим и Венеција.
- 19 век — Основана Италијанска социјалистичка партија
- 1911 — Турско-италјанска војна.
- 1915–1918 — Првата светска војна, Италија на страна на Антантата.
- 1919–1920 — Период на економска и општествена криза.
- 1922 — поход на фашистите кон Рим.
- 1922–1926 — фашистичка диктатура на чело со Бенито Мусолини.
- 1935–1936 — војна со Етиопија.
- 1939 — окупирање на Албанија.
- 27 септември 1940 — приклучување кон тристраниот пакт заедно со Германија и Јапонија.
- 1943 — крај наерата на Мусолини.
- 1945 — Ослободување на Италија.
Современна историја [уреди]
- 2 јуни 1946 создавање на република.
- 1947 — Премиерот Де Гаспери ги отстранил комунистите и социјалистите, создавајќи демократска власт.
- 1948 — Италија се вклучила во планот „Маршал“.
- 1949 — Присоединување кон НАТО.
- 1955 — присоединување кон ЕУ.
- 1968 — политичка и економска криза.
- 1992 — За претседател е избран Оскар Луиџи Скалфаро.
- 1996 — Парламентарни избори. Романо Проди на чело на државата;
- 1998 — министер-претседател Масимо д'Алема.
- 2001 — Силвио Берлускони станува премиер на Италија.
|
|||||||||||||||||