Политичка партија
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Серијал за Политика: |
|---|
| Подсерии од Политика |
Политичка партија или политичка странка е здружение на луѓе со исти политички цели и убедувања, кои се стремат да ја освојат државната власт за да ги остварат тие цели. Политиката на партијата често претставува агрегација на интересите во рамките на партијата, кои неизбежно варираат дури и помеѓу членовите на иста партија. При одредени изборни ситуации, потипични при пропорционални отколку при мнозински избори, владата може да биде формирана од повеќе партии, при што таквата влада се вика коалициона влада.
Партиски системи [уреди]
Партиските системи можат да бидат еднопартиски, двопартиски и повеќепартиски.
- Во еднопартиските системи само една партија може да биде на власт. Во одредена држава со еднопартиски систем може да биде дозволено постоењето и на други партии, но во тој случај тие не можат да дојдат на власт. Ваква беше ситуацијата со неколку источно-европски комунистички системи како Источна Германија, Полска, Чехословачка и Бугарија.
- Двопартиски системи има во оние држави каде што се доминантни само две политички партии и каде победник на изборите може да биде само една од нив. Типичен пример за двопартиски системи се САД и Јамајка.
- Повеќепартиски системи се системи каде што врз политичките процеси во земјата влијаат три и повеќе партии. Најголемиот број демократски системи имаат повеќепартиски системи.
Види исто така [уреди]
- Листа на политички партии
- Листа на политички партии во Македонија
- Политика (Македонија)
- Политички науки
