Список на политички партии во Македонија
| Република Македонија |
Оваа статија е дел од серијалот: |
|
|
|
|
|
Портал „Политика“ |
Во Република Македонија постојат голем број на политички партии кои учествуваат во политичкиот живот на државно и локално ниво.
Со воведувањето на повеќепартискиот систем во СР Македонија во 1990, престанува политичкиот монопол на Сојузот на комунистите на Македонија (Комунистичка партија на Македонија до 1952) и во државата нагло се појавуваат голем број на партии. Таа година се регистрирани 24 политички партии. На првите парламентарни избори истата година учествуваат уште три политички субјекти и четири политички партии. Наредната година се регистрираат 14 политички партии, а во 1992 година уште 18, 10 партии во 1993 година, седум во 1994, четири во 1995, три во 1996 и две партии во 1997 година. Во пресрет на парламентарните избори во 1998 година се регистрирани нови седум партии. Најсиромашна е 1999 година - регистриран е само еден политички субјект. Затоа, пак, наредната година се појавуваат 10 нови партии.[1]
Според податоците од Основниот суд Скопје 2, каде што се води регистарот на партии, до декември 2009 година во Македонија се регистрирани 99 партии. Тоа, е всушност намалување од претходниот број од 150 партии во 2005. Од тие 99 партии, само 45 биле усогласени со новиот закон за политички партии според кој на секои две години доставуваат податоци за бројот на членови. Овој начин на пререгистрација се бара за да се спречи појавата партии да се формираат пред избори за лични интереси, а потоа да исчезнуваат. [1]
Најголем број од овие партии се мали и имаат незначително влијание на политичката сцена, а некои се комплетно неактивни. Малите партии ретко се решаваат за самостоен настап на изборите и најчесто стануваат долгорочни коалициони партнери со некои од големите партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО-НП во македонскиот блок, или ДУИ и ДПА во албанскиот блок.
Содржина |
Парламентарни партии [уреди]
Ова е список на партиите кои имаат освоено мандати на парламентарните избори во 2008, по број на мандати:[2]
Активни партии [уреди]
Во продолжение следи азбучен список на партиите кои не освоиле мандати во Собранието, а кои учествувале на парламентарните избори во 2008, самостојно или како дел од коалиција[3], како и на локалните и претседателските избори во 2009:
- Бошњачка демократска партија (БДП; дел од За подобра Македонија)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија (ВМРО-ДП; 2008 - самостојно, 2009 - во коалиција со ТМОРО-ВЕП)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија (ВМРО-НП; самостојно)
- Движење за национално единство на Турците (ДНЕТ; самостојно)
- Демократска лига на Бошњаците во Република Македонија (ДЛБ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Демократска унија на Албанците (ДУА; Bashkimi Demokratik Shqiptar, BDSh; 2008 - самостојно, 2009 - не учествува)
- Демократска унија на Ромите (ДУР; 2008 - дел од За подобра Македонија, 2009 - самостојно)
- Демократски сили на Ромите (ДСР; 2008 - не учествува, 2009 - дел од За подобра Македонија)
- Демократски сојуз на Власите од Македонија (ДСВМ; 2008 - дел од СОНЦЕ. Коалиција за Европа, 2009 - самостојно)
- Зелена партија на Македонија (ЗПМ; 2008 - дел од СОНЦЕ. Коалиција за Европа, 2009 - не учествува)
- Коалиција "Заедно за Шуто Оризари"(коалиција на ромски партии, 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Народно движење за Македонија (НДМ; 2008 - дел од За подобра Македонија, 2009 - самостојно)
- Национална демократска унија (НДУ; 2008 - самостојно, 2009 - не учествува)
- Обединета партија за еманципација (ОПЕ; дел од За подобра Македонија)
- Партија за демократски просперитет (ПДП; Partia e prosperiteti demokratike, PPD; самостојно)
- Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Партија за интеграција на Ромите (ПИР; дел од За подобра Македонија)
- Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР; дел од За подобра Македонија)
- Партија на Власите од Македонија (ПВМ; дел од За подобра Македонија)
- Партија на Зелените (ПЗ; дел од За подобра Македонија)
- Партија на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Партија на пензионерите на Република Македонија (ППРМ; 2008 - дел од СОНЦЕ. Коалиција за Европа, 2009 - самостојно)
- Партија на правдата (ПП; дел од За подобра Македонија)
- Партија на слободни демократи (ПСД; самостојно)
- Работничко земјоделска партија на Република Македонија (РЗП; дел од За подобра Македонија)
- Радикална странка на Србите во Македонија (РССМ; самостојно)
- Реформирана комунистичка партија на Македонија (РКПМ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Сојуз на Титови леви сили (СТЛС; самостојно)
- Социјал-демократска партија на Македонија (СДПМ; самостојно)
- Социјалдемократска унија (СДУ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин (ТМОРО-ВЕП; 2008 - самостојно, 2009 - во коалиција со ВМРО-ДП)
- Трајно македонско радикално обединување (ТМРО; 2008 - самостојно, 2009 - дел од За подобра Македонија)
- Националната демократска преродба.[4] (формирана на 27 март 2011, лидер Руфи Османи)
Членови на некои овие партии се дел од општинските совети, или пак се носители на јавни функции. Ова особено важи за помалите партии од коалицијата За подобра Македонија.
Неактивни и поранешни партии [уреди]
Следува азбучен список на партии кои учествувале на парламентарните избори од осамостојувањето до 2008. Овие партии не се активни на изборите, голем дел од нив се згаснати, а дел од нив се припоени кон други партии.[5][6][7][6][8][9]
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Вистинска македонска реформска опција (ВМРО-ВМРО; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Гоце Делчев - Радикална демократска партија (ВМРО-ГД-РДП; 1994 - самостојно)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Движење за обнова на Македонија (ВМРО-ДОМ; 1998 - самостојно)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Обединета (ВМРО-Обединета; 1994, 2002 - самостојно)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Македонски национален демократски сојуз (ВМРО-МНДС; 1994 - самостојно)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Татковинска (ВМРО-Татковинска; 1994 - самостојно)
- Граѓанско-либерална партија на Македонија (ГЛПМ; 1994, 1998 - самостојно)
- Движење за семакедонска акција - МААК (МААК, 1990, 1994 - самостојно)
- Демократска алеанца на Албанците (ДААМ; 2006 - во коалиција со НДС)
- Демократска алтернатива (ДА; 1998 - во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, 2002, 2006 - самостојно)
- Демократска партија (ДП; 1994 - самостојно, бојкот на вториот круг)
- Демократска партија за православно единство на Србите и Македонците (ДППЕСМ; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
- Демократска партија на Македонија (ДПМ; 1998 - во коалиција со ЛДП, како и со МААК-КП и МА, 2002, 2006 - самостојно)
- Демократска партија Напред Македонијо - Форца (ФОРЦА; 2002, 2006 - самостојно)
- Демократска прогресивна партија на Ромите во Македонија (ДППРМ; 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со повеќе партии од националностите)
- Демократско-републиканска унија на Македонија (ДРУМ; 2006 - самостојно)
- Демократски сојуз - Партија на земјоделците на Македонија (ДС-ПЗМ; 1990, 1994 - самостојно)
- Демократски сојуз на просветните работници и граѓани на Македонија (ДСПРГМ; 1994 - самостојно)
- Демократски сојуз на Србите во Македонија (ДССМ; 2002 - самостојно и дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
- Демократски сојуз на Турците во Македонија (ДСТМ; 1990 - самостојно)
- Демократски центар (ДЦ; 2002 - во коалиција со ПЗ)
- Демохристијанска партија на Македонија (ДХПМ; 1990, 1994 - самостојно)
- Европска партија на Македонија (ЕПМ; 2006 - дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ)
- Земјоделска народна партија на Македонија (ЗНПМ; 2006 - самостојно)
- Комунистичка партија на Македонија (КПМ; 1994, 1998, 2002, 2006 - самостојно)
- Леви сили на Македонија (ЛСМ; 2006 - самостојно)
- Лига за демократија (ЛД; 1990 - самостојно, 1998 - во коалиција со ДА и ВМРО-ДПМНЕ, 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија, 2006 - самостојно)
- МААК - Единствена македонска опција (МААК-ЕМО; 2002 - самостојно)
- МААК - Конзервативна партија (МААК-КП; 1998 - во коалиција со МА и ДП)
- Македонска алијанса (МА; 1998 - во коалиција со МААК-КП и ДП, 2002 - во коалиција со МНП)
- Македонска народна партија (МНП; 2002 - во коалиција со МА)
- Македонска христијанска партија (МХП; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
- Македонска партија (МП; 2006 - самостојно)
- Македонски национален фронт (МНФ; 1994 - самостојно)
- Млада демократско-прогресивна странка (МДПС; 1990 - во коалиција со СРСМ, како и СПМ)
- Многунационална народна партија на Македонија (МННПМ; 1994 - самостојно)
- Народна волја (НВ; 2002 - самостојно)
- Национална алтернатива (2006 - самостојно)
- Народна демократска партија (НДП, 1990 - во коалиција со ПДП, 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со ПДПА, 2002, 2006 - самостојно)
- Народна партија на Македонија (НПМ; 1990 - самостојно)
- Нова демократија (НД; 2002 - самостојно) да не се меша со Нова Демократија
- Нова социјал-демократска Партија (1994 - во коалиција со ДП)да не се меша со современата НСДП
- Нови демократски сили (НДС; 2006 - во коалиција со ДААМ)
- Ново комунистичко движење на Македонија (НКДМ; 1994 - самостојно)
- Обединета партија на Ромите од Македонија (ОПРМ; 2002 - дел од За Македонија заедно)
- Обединети Македонци (2006 - самостојно)
- Партија за демократска акција - Вистински пат (ПДА - ВП; 1998 - самостојно)
- Партија за демократска акција - Исламски пат (ПДА - ИП; 1994 - во коалиција со ДПТ)
- Партија за демократска иднина (ПДИ; 2006 - самостојно)
- Партија за демократски просперитет на Албанците (ПДПА; 1998 - коалиција со НДП, денешна ДПА)
- Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија (ПДДЕ; 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
- Партија за единство на Ромите во Македонија (ПЕР; 2002 - самостојно)
- Партија за економска обнова (ПЕО; 2006 - самостојно)
- Партија за социјална правда на Македонија (ПСПМ; 1994 - самостојно)
- Политичка партија на невработените на Македонија (ППНМ; 1994 - самостојно)
- Преродба и обединување на македонските национални идеали (ПОМНИ; 2002 - самостојно)
- Прогресивна партија (2002 - самостојно)
- Работничка партија (РП; 1994, 1998 - самостојно)
- Работничка партија на Македонија (1990, 1994 - самостојно)
- Републиканска партија на Македонија (1994, 2002 - самостојно)
- Републиканска партија на народно единство (РПНЕ; 1998 - самостојно)
- Семакедонска работничка партија на Македонија (СРПМ; 2002 - самостојно)
- Сојуз на комунисти на Македонија (СКМ; 1994, 1998 - самостојно)
- Сојуз на комунисти на Македонија - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП; 1990 - самостојно, денешен СДСМ)
- Сојуз на пензионерите на општина Битола (СПОБ; 1990 - самостојно)
- Сојуз на реформски сили на Македонија (СРСМ; 1990, самостојно и во коалиција со МДСМ, како и СПМ)
- Социјалистичка христијанска партија на Македонија (СХПМ; 1998 - самостојно, 2002, 2006 - дел од За Македонија заедно)
- Странка на Југословените во Република Македонија (СЈРМ; 1990, 1994 - самостојно)
- Центар на демократски сили (ЦДС; 2006 - самостојно)
- Албански сојуз - партија формирана во 2010, за веќе на почетокот на 2011 да се спои со ДПА.
Други партии [уреди]
На македонската политичка сцена се појавуваат и други партии, кои не учествувале на избори.[1]
- Балканска федерација - Балкан без граници - партија регистрирана на 5 декември 1990
- ВМРО-Илинден слободни демократи - партија отцепена од ВМРО-ДПМНЕ, на почетокот од 90тите
- Демократски сојуз на Албанците - Либерална партија - партија формирана од Хисен Рамадани, пратеник, за време на неговиот мандат од 1994 до 1998
- Македонско народно движење
- Македонска партија за мир и независност
- Млади европски федералисти - МЕФМ, движење формирано од Нано Ружин и др. на 23 декември 1991, денес НВО
- Нова либерална партија - НЛП, партија формирана од Зоран Крстевски во 2009
- Обединети за Македонија - партија формирана од Љубе Бошковски во 2009
- Партија за директна акција
- Партија за напредок (марксисти) (1991-1995)
- Форум за човекови права - партија формирана од Томислав Чокревски, регистрирана во 90тите
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Да се биде лидер, па макар и во маало“ (на македонски). http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121191015503&id=9&setIzdanie=21859. проверено на 2010-10-27.
- ↑ „Собрание на Република Македонија - Сегашен состав“ (на македонски). http://www.sobranie.mk/?ItemID=389F3043E8580843B6CD7A4BCF90DD9F. проверено на 2010-10-28.
- ↑ „Партии и коалиции - Избори 2008“ (на македонски). http://www.a1.com.mk/izbori2008/partii.asp. проверено на 2010-10-26.
- ↑ Вренези, Наим (27.03.2011 19:18). „Руфи Османи основаше партијата“ (на македонски). А1. http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136027. проверено на 2011-03-27.
- ↑
- пренасочување Шаблон:Наведена книга
- ↑ 6,0 6,1 „Парламентарни избори ’98: Конечни резултати од „Парламентарните избори ’98“. Скопје: Државна изборна комисија. 1999.
- ↑ „Избори 1994: Конечни резултати од изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија“. Скопје: Републичка изборна комисија. 1994.
- ↑ „Листа на пријавени кандидати - 2002“ (на македонски). http://www.sobranie.mk/?ItemID=698D0B8FE6F1FA44934FC46188F0A678. проверено на 2010-10-28.
- ↑ „Конечни збирни резултати од гласањето - 2006“ (на македонски). http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/Rezultati-2006-5.pdf. проверено на 2010-10-28.
Надворешни врски [уреди]
- Да се биде лидер, па макар и во маало - напис во Нова Македонија, 11 декември 2009

