Власт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Власт е институционална моќ, а заснована е на нормативни претпоставки кои имаат авторитет, кој произлегува од волјата на граѓаните или општествените организации.

Нормативниот поредок е основа на конституирањето на власта. Без организација нема власт. Власта е легитимен облик на моќ. Власта претставува воспоставени односи помеѓу правата и должностите на нејзините носители, но и на оние кои нејзе и се потчинети.

Поделба на власта[уреди]

законодавна, судска и извршна

Спрема обликот на владение[уреди]

Во овој облик се набљудуваат особините кои ги имаат носителите на власта, начинот на доаѓање на власт и односот на власта кон граѓаните. Во овој облик спаѓаат: Монархија, Диктатура, Република и Хилафет.

Спрема општественото уредување[уреди]

Овде станува збор за карактерот на внатрешното уредување на државата и за тоа дали внатрешните механизми се едноставни или сложени. Разликуваме едноставни и сложени држави.

Спрема типот на политички систем[уреди]

Станува збор за односот на граѓаните спрема државната власт, во овој облик спаѓаат: Автократија, Олигархија, Демократија и Суракратија.

Спрема степенот на централизација[уреди]

Оваа поделба се занимава со односите помеѓу централната и локалната власт. Во центристичките држави, локалните органи имаат мал степен на самостојност. Во децентрализираните држави, локалните власти се носители на децентрализацијата и на локалната власт. Денес не постои исклучиво една или друга варијанта, во сите држави постои мешавина од овие под системи.

Функции[уреди]

Влада има разни функции меѓу кои: економија, образование, здравство, наука, територија и војна.

Територија[уреди]

Модерна стандардна единица за територија е земја. Во таа територија можат да постојат субнационални органи кои можат да управуваат со некои делови на територијата но немааат целосна моќ, која ја има националната влада.

Спроведување на закони[уреди]

Владите користат разни методи да одржат ред и мир, како што се полиција и војска (посебно во деспотизмот и полициските држави), договори со други држави, и одржување на подршката во државата. Типични методи за одржување подршка и легитимитет се изградба на инфраструктура за судството, администрацијата, транспортот, социјална помош и други. Различни политички идеологии имаат различни видувања за тоа што владата може, а шта не може да прави.