Полска
| Република Полска
Rzeczpospolita Polska
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: Бог, Чест, Татковина | ||||||
| Химна: „Домбровска мазурка“ (Mazurek Dąbrowskiego) |
||||||
|
Местоположбата на Полска (темнозелена)
– на Европскиот континент (lсветлозелена и темносива) |
||||||
| Главен град (и најголем град) |
Варшава 52°13′N 21°02′E / 52.217°N 21.033°E |
|||||
| Официјален јазик | полски | |||||
| Демоним | Полјак, Полка | |||||
| Уредување | Парламентарна република | |||||
| - | Претседател | Бронислав Коморовски | ||||
| - | Премиер | Доналд Туск | ||||
| Создавање | ||||||
| - | Покрстување | 14 април 966 | ||||
| - | Повторно објавување | 11 ноември 1918 | ||||
| ЕУ пристапила | 1 мај 2004 | |||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 312.679 km2 (69-та) 120,726 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 3.07 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2009 | 38.130.302[1] (34-та) | ||||
| - | Попис декември 2007 | 38.116.000[2] (34-та) | ||||
| - | Густина | 122/km2 (83-та) 319,9/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $666.052 милијарди[3] | ||||
| - | По жител | $17.482[3] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупно | $525.735 милијарди[3] | ||||
| - | По жител | $13,799[3] | ||||
| ИЧР (2006) | ▲ 0.875 (high) (39-та) | |||||
| Валута | Слоти (PLN) |
|||||
| Часовна зона | CET (UTC+1) | |||||
| - | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
| Се вози на | десно | |||||
| НИД | .pl | |||||
| Повикувачки бр. | 48 | |||||
Република Полска (Жечпосполита Полска, пол. Rzeczpospolita Polska) е земја во централна Европа и се наожа помеѓу Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Балтичкото Море, Литванија и Русија на север. Полската држава е преку 1000 години стара. Во XVI век, унијата Полска-Литванија била најбогатата и најмоќната земја во Европа. На 3 мај 1791, Полска-Литванија го ратифицира првиот устав во Европа. Набрзо потоа, Полска престанува да постои 123 години, заради тоа што е разделена меѓу нејзините соседи Русија, Австрија и Прусија. Полска повторно се изборува за независност во 1918 год. Во 1989, на првите делумно слободни избори во Полска по Втората светска војна, победува Движењето Солидарност, а поразени се полските комунистички владетели. Во 1999 Полска се приклучува кон НАТО, а во 2004 станува и членка на Европската Унија. Претседател e Бронислав Коморовски (пол. Bronisław Komorowski), а премиер e Доналд Туск (пол. Donald Tusk).
Главен град на Полска е Варшава (пол. Warszawa). По површина зафаќа 312,685 км², а брои население од 38,500,000 жители.
Содржина |
[уреди] Историја
[уреди] Праисторија
Историчарите дошле до согласност дека во доцниот период на антиката, многу различни етнички групи ја населнувале територијата денес позната како „Полска“. Точноста на етничките групи не е сосема позната и е тема на дискусии меѓу историчарите. Една од најзначакните праисториски археолошки локации во Полска е бискупската утврдена населба (денес реконструирана како музеј) која датира од времето на лусатската култура од раната Железно доба, пред околу 700 п.н.е.
[уреди] Пјастка династија
Полска почнала да се формира како стабилна единица и територијална целост во средината на 10 век под водство на пјастката династија. Првиод документиран полски лидер бил Мјешко I, бил покрстен во 966 прифаќајчи го католицизмот како нова државна религија. Во 12 век Полска се распаднала на неколку помали државички. Во 1320, Владислав I станал крал на обединетата Полска. неговиот син Казимир III, е запамтен како еден од најголемите полски кралеви.
За време на овој период, Полска била центар за миграција на евреите.
16 век во историјата на Полска е познат како “Златен век на Полска“. Ова се должи на претходното обединување на Полска со Литванија во 1386 година по бракот на принцезата Јадвига со литванскиот крал Јагело. Оваа унија се нарекувала Полско-Литванска унија. Најголемиот противник на полската држава во Западна Европа биле рицарите од Тевтонскиот ред, кои владееле со Летонија, Естонија и Прусија. Во 1410 година се дошло до војна во која Полско-Литванската унија излегла како победник. Полските грагани се гордееле со парламентарниот систем кој бил воведен во држвата и кое се одликувало со големи слободи и покрај тоа што постоела една привилегирана класа која имала власт да влијае врз избор на владетелот.
Во околу 1600 година Варшава станала престолнина на Полска. Во периодот од 1605 до 1610 година, полјаците на два пати ја окупирале Москва. Воделе војни и со Шведска и Османлиската империја, кое довело до слабеење на државата. Во средината на 17 век избувнало востанитето на козаците, кои биле предводени од страна на Богдан Хмелницки. Веднаш по ова, започнале војните со Османлиската империја, Русија, Шведска, Трансилванија и Прусија. Полска изгубила повеќе од една третина од своето население. Како споредба, многу помалку за разлика за време на Втората светска војна. Во следните години, поради слабеењето на државата, Полска била принудена да биде ставена под капакот на Русија.
Овие причини довеле до полн пропаст на Полска. Така, во 1772 година била извршена првата поделба на Полска од страна на Прусија, Русија и Австрија, зазимајќи ѝ 30% од целата територија. Во 1793 година Полска била по втор пат разделена од страна на Прусија и Русија, зазимајќи ѝ 200.000 km2 со четири милиони жртви. Во 1794 година избувнало востание во Краков, преку кое востание било изршена третата поделба на Полска. Следната, 1795 година Полска била избришена од картата на Европа, губејчи ја својата независност сè до Првата светска војна. При тоа заграбување, полските територии биле поделени во три зони: руска, австриска и пруска. Голем број од полското население емигрирале во во Хамбург, Дрезден, Истанбул и Париз. Во војската на Наполеон биле вклучени голем број на полски емигранти. По победата на Наполеон Бонапарт, во 1807 година било создадено Варшавско кнежество кое постоело до 1815 година
Полска повторно стекнала независност по Првата светска војна. Во 1939 година била поделена помеѓу Советскиот сојуз и Нацистичка Германија. По Втората светска војна, Полска паднала под влијание на СССР и во нејзиното уредување бил воспоставен комунизам. Комунизмот се задржал до 1989 година.
Полска во 1999 година пристапила кон НАТО, а на 1 мај 2004 година кон ЕУ.
[уреди] Географија и клима
Полската територија се протега на неколки географски региони. На северозапад се наоѓа балтичкото крајбрежје. Ова крајбрежје е богати со неколку езера и дини. Централниот дел на Полска зазема дел од Северноевропската Низина. Тука се наоѓаат комплекси на езера меѓу кои: Померанско Езеро, Големо полско Езеро и Кашупско Езеро.На југот на земјата се наоѓа планинскиот дел од Полска, меѓу кои се наоѓаат Карпатите и Татрите.
[уреди] Политички систем
Полска е демократија со претседател како шеф на државата и со устав кој е усвоен во 1997 година. Владината структурата е составена од Советот на министри и премиерот како претседател на владата. Претседателот го назначува кабинетот по предлог на премиерот. Претседателот на Полска се избира на претседателски избори за мандат од пет години. Моментален претседател на Полска е Лех Кацински, додека премиер е Доналд Туск.
Собранието на Полска е дводомно, па така има собрание кое се состои од 460 пратенички места и Сенат.
[уреди] Административна поделба
Моменталната административна поделба на Полска е врз база на војводства или административна единица и се базирани врз историските полски региони, а додека тие создадените во текот на минатите две декади (сè до 1998) се именувани според поголемите градови во тоа војводство. Административната власт на ниво на Војводство (административна единица) е поделена помеѓу војвода којшто е назначен од владата и избрано регионално собрание (Sejmik) кој назначува маршал.
Војводствата се поделени на повјати или области и овие се поделени на гмини или општини. Моментално Полска има 16 војводства, 379 области и 2.478 општини.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
[уреди] Економија
Полската економија се смета за една од најздравите пост-комунистички економии, со раст на БНП од 6.1%. По падот на комунизмот, Полска имплементира политики на либерализација на економијата и денес е пример за тоа како успешно да се излезе од процесот на транзиција.
Приватизацијата на малите и средни претпријатија и либералните закони овозможило развој на приватниот сектор. Исто така приватизацијата на осетливите сегменти на полското општество, како челик, железница и слично успешно се имплементирало до 1990 до денес.
Полска има висок број на приватни фарми во земјоделскиот сектор, со потенцијал да стане лидер во производството на храна во ЕУ.
[уреди] Население, јазик и религија
[уреди] Население
Со своите 38.116.000 жители, Полска е осма најголама држава во Европа и шеста најголама држава во ЕУ. Густината на населението е околу 122 жители на километар квадратен.
Во историјата, Полска била држава со повеќе националности и религии. Пред Втората Светска Војна, Полска имала околу 3 милиони евреи, а после Холокаустот има само 300.000 евреи. Исто така со промената на границите, различноста на населението значително се намалила. Според пописот во 2002 година, 96.74% од населението се изјаснило како полјаци, додека 471.500 се изјасниле со други националности, а 774.900 не се изјасниле. Најголемо малцинско население во Полска се шлезите, па потоа следат гермаците, белоруси, украинци, литванци, руси, роми, лемкоси, словаци, чеси и татари.
[уреди] Јазик
Полскиот јазик е член на групата на западнословенски јазици од фамилијата на словенски јазици. Тој е официјален јазик во Полска. До скоро, рускиот се учел како втор јазик, но денес е заменет со англиски и германски јазик.
[уреди] Религија
Поради Холокаустот и Втората Светска Војна, Полска стана скоро хомогена католичка држава. Повеќето од полјаците, околу 89% се католици. Полска е една од најрелигиозните држави во Европа. Покрај католиците, во Полска и има и полски православни христијани (околу 506.800), протестанти (околу 150.000), Јеховини сведоци (околу 126.827) и различни помали религиозни групи.
Слободата на религиозната определба е загарантирана со уставот на Полска од 1989 година.
[уреди] Култура
Полската култура била под влијание на Источна и Западна Европа. Денес, ова влијание се препознава преку архитектурата, фолклорот и уметноста. Полска е дом на многу значајни историски личности како: Папа Јован Павле II, Марија Кири, Никола Коперник и Фредерик Шопен.
Филмската индустрија има вклучено доста Полјаци, преку арктери и режисери. Еден од позначајните е Роман Полански, но и: Андреј Вајда, Збигниев Рибчински итн.
[уреди] Разгледници
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Полска на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Општо
- Полски национален портал
- Полски информации
- Министерство за надворешни работи
- Шеф на државата и кабинетот
- Запис за Полска во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Полска
- Полска - Open Directory Project (англиски)
- Патување
- Фотографии
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ „Eurostat: Country Profiles: Poland“. Statistical Office of the European Communities. 2009. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/guip/themeAction.do. проверено на 2009-02-28.
- ↑ „Concise Statistical Yearbook of Poland, 2008“ (PDF). Central Statistical Office (Poland). 28 јули 2008. http://www.stat.gov.pl/cps/rde/xbcr/gus/PUBL_maly_rocznik_statystyczny_2008.pdf. проверено на 2008-08-12.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Poland“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=964&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=43&pr.y=8. проверено на 2009-04-22.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска Земја кандидат: Македонија • Црна Гора • Исланд Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија