Турција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Турција
Türkiye Cumhuriyeti
Знаме
ГеслоYurtta Barış, Dünyada Barış
Мир дома, мир во светот
Химнаİstiklâl Marşı
Химна на независноста
Главен град Анкара
Најголем град Истанбул
Службен јазик Турски
Демоним турчин / турчинка
Уредување Парламентарна република
 -  Претседател Абдула Ѓул
 -  Премиер Реџеп Таип Ердоган
наследник на
Отоманската Империја
 -  Турска војна
за независност
19 мај 1919 
 -  Создавање на
турскиот парламент
23 април 1920 
 -  Прогласување на
републиката
29 октомври 1923 
Површина
 -  Вкупна 783.562 км2 (37- ма)
 -  Вода (%) 1.3
Население
 -  Попис 2012 74,724,269 (17- та)
 -  Густина 97 жит/км2 (102- ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2011
 -  Вкупен $1.288 трилиони 
 -  По жител $10,362 
БДП (номинален) проценка за 2011
 -  Вкупно $658.7 милијарди (18та)
 -  По жител $9,333 
Џини (2008) 39 (висок
ИЧР (2011) 0.699 (висок) (92th)
Валута Турска лира (TRY)
Часовен појас EET (UTC+2)
 -  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
НДД .tr
Повик. бр. 90

Турција (турски: Türkiye) или официјално Република Турција (Türkiye Cumhuriyeti ) е независна држава во Евроазија која се протега полуостровот Мала Азија и на дел од Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Турција е една од шесте независни турски држави во светот. Турција граничи со осум држави и излегува на четири мориња. На северозапад граничи со Бугарија, на запад со Грција, на североисток со Грузија, на исток со Ерменија, Азербејџан и Иран и со Ирак и Сирија на југ. На север од државата се наоѓа Црното Море, на запад е Егејското Море, на северозапад е Мраморното Море, додека на југ е Средоземното Море. Мраморното Море, заедно со протоците Босфор и Дарданели ја сочинуваат природната граница меѓу европското и азиското турско копно.[1]

Турците започнале да се доселуваат на денешната територија на Турција во 11 век. Овој процес на доселување бил забрзан со победата на Селџуците над Византиската Империја. Мала Азија одреден период била управувана од различни бегови и мали управни области, сè до доаѓањето на Монголците. Од 13 век, Отоманците ја обединиле Анадолија и ја создале моќната Отоманска Империја, која се протегала во Југоисточна Европа, Југозападна Азија и Северна Африка. По Првата светска војна, кога Отоманската Империја се распаднала, нејзината територија била окупирана од Сојузничките сили. Младата турска генерација предводена од Кемал Ататурк организирале успешен отпор против Силите и во 1923 година ја основале модерната Турска Република со Кемал Ататурк како прв претседател.

Поради турската местоположба како крстопат меѓу Азија и Европа, Турција има голема геостратешна важност.[2][3] Доминантна религија во Турција е Исламот, со мали христијански и јудејски заедници. Официјален јазик во Тирција е турскиот јазик, кој е најдоминантен јазик во државата, но околу 18% од населението зборува и курдски и фдазаки.[4]

Турција е демократска, секуларна, унитарна уставна република, со големо античко културно наследство. Турција е член на голем број меѓународни организации што ја прави западноориентирана држава. Турција е член на НАТО и земја кандидат за прием во ЕУ и се смета за регионална сила.[5][6]

Етимологија[уреди]

Името Турција, или на турски јазик Türkiye, може да се подели на два збора: Türk 'што значи силен на старотурски јазик [7] и суфиксот iye што потекнува од арапскиот суфикс -iyya што е еквивалентно со македонскиот суфикс -ија. Првите записи на името Türk или Türük датираат од 8 век во Централна Азија.[8]

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Турција.

Турција е трансконтинентална азиско-европска држава. Азискиот дел на Турција со површина од 755,688 км2 (околу 97%) е одделена од европска турција со протоците Босфор, Дарданели и Мраморно Море. Европскиот дел на Турција е околу 23,764 (или 3 %) од вкупната површина на Турција и ја зафаќа територијата на Тракија. Територијата на Турција во должина е долга околу 1.600 километри а широка 800 километри. Во светски рамки, Турција е 37 земја според територија. На север, Турција излегува на Црно Море, на запад ислегува на Егејско Море и Мраморно Море а додека на југ излегува на Средоземно Море. На исток се граничи со Грузија, Ерменија и Иран. Европскиот дел на Турција излегува на три мориња: североисток на Црно Море, исток на Мраморно Море и југ на Егејско Море. На север се граничи со Бугарија а на запад со Грција. Цела Турција е планинска земја со поголем број на езера и со континентална, океанска и средоземна клима. Најголеми реки се Тигар и Еуфрат а додека најголемо езеро е Ван Езеро. Највисок врв во Турција е Арарат со 5.165 метри.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Турција.

Рана историја[уреди]

Полуостровот Мала Азија е еден од најстарите населени делови во светот со одлична географска положба. Најраните населени места како Чаталхејук, Чајону, Невали Џори, Хаџилар, Гобекли Тепе и Мерсин се сметаат за едни од најрано населените места во светот.[9] Населувањето на Троја започнало во неолитскиот период и продолжил во железната доба. Староседелците на Анадолија зборувале на анадолски јазици и биле дел од индоевропските јазици.[10] Една од поголемите империи во таа област била Хетската Имеперија, од 18 век п.н.е. до 13 век п.н.е. Кралството постоело се до доаѓањето на Кимеранците во 7 век п.н.е. [11] Најмоќни држави биле Лидија, Карија и Ликија. Лидијците и Ликијците зборувале индоевропски јазици. Почнувајќи од 1200 п.н.е. западното крајбрежје на Анадолија почнало да се населува од дојденци од соседните земји, најмногу еолци. Понатака, целата територија била освоена од персиската империја и подоцна од Македонската Империја на чело со македонскиот крал Александар Македонски. Во средината на 1 век п.н.е. Целата територија потпаднала под Римска контрола за да подоцна биде дел од Источното Римско Царство или Византија.[12]

Отомански период[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Отоманска Империја.
Карта на Отоманската Империја

Селџуците биле дел од к'н'к огуз турците што во 9 век се прошириле и одделиле од муслиманскиот свет во Централна Азија и се прошириле кон Касписко Езеро и Аралско Езеро.[13] Во 10 век, селџуците почнале да се населуваат кон Анадолија и со тоа Анадолија постанува татковина на турците- селџуци. Во 1071 година се одвива битката кај Малазгирт со победа на селџуците. Со самата победа, султанатот се проширува на цела Анадолија, а подоцна до Блискиот Исток, Северна Африка и Југоисточна Европа. [14] Во 1243, селџучката војска била поразена од монголската империја и селџучките сили видно ослабнале. Во таа ситуација, се појавува турскиот гувернер Осман I основајќи ја моќната и силна Османлиска Империја. Османлиската Империја се протегала на голема територија од Саудиска Арабија до Унгарија и Централна Азија до Сирија. Војската била моќна и немилосрдна а управувањето раководено од султан. Османлиската имеприја траела се до 1914 година, кога се симнува султанот од власт и државата се преуредува во Република на чело со таткото на турската нација- Кемал Ататурк.[15]

Модерна историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Помодерна историја на Турција.
Кемал Ататурк- татко на модерна Турција

Окупацијата на Истанбул и Измир од Алијансата за време на Првата Светска Војна беше добра основа за формирање на Турското Национално Движење (ТНД) [16]. Под водство на Мустафа Кемал Паша, турската војна за независност била базирана на принципите на договорот од Севрес. До 18 септември, војските на Алијансата ја напуштиле територијата на Турција, и се реформира Турската Република. На 1 ноември, ново основаниот парламент формално го напушти султанатот после 623 години владеење. Со договорот од Лозана од 1923 Турција се призна меѓународно, поточно Република Турција постана наследник на Отоманската Империја и републиката беше официјално прогласена на 29 октомври 1923 со новиот главен град Анкара.[17] Мустафа Кемал беше избран за прв претседател а со тоа и воведе радикални промени во турското општество со формирањето на секуларната република за разлика од отоманскиот начин на владеење [18]. Поради големиот удел на Мустафа Кемал Паша, турската држава го прогласи како Ататурк или на турски јазик Atatürk што значи татко на нацијата. Така Мустафа Кемал Паша стана познат како Кемал Ататурк[19].

За време на Втората Светска Војна Турција беше дел од Алијансата и се приклучи кон нив на 23 февруари 1945 година и во 1945 стана член на ООН [20]. Понатака, во 1952 Турција стана рамноправен член на НАТО. Во јули 1974, Турција приморана да интервенира на Кипар, ги испрати своите трупи на островот испровоцирана од страна на нејзиниот западен сосед. По девет години, островот се подели и се формира нова турска република наречена Турска Република Северен Кипар. Денес Турската Република Северен Кипар е призната само од Турција, но државата е сосема функционална со свои органи и без туѓи влијанија.[21]

Влада и политикa[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Турција.


Турција е парламентарна претставителна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, Турција развила долга традиција на секуларност[22]. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи. На чело на државата е претседателот и има церемонијална улога. Претседателот се избира на секои пет години со директни избори. Последниот турски претседател Ахмет Неџдет Сезер беше избран на 16 мај 2000 година. На 28 август Сезер беше наследен од Абдула Ѓул[23]. Извршната власт е водена од премиерот на Турција и Советот на Министри што ја сочинуваат владата на Турција. Законодавната власт ја водат Големото Национално Собрание на Турција. Судската власт во Турција е во рацете на Уставниот Суд а понатака и во Советот на државата и Високиот Суд[24]. Премиерот е избран од парламентот на Турција преку гласање на доверба. Најчесто премиерот е лидерот на владеачката партија. Моменталниот турски премиер е поранешниот градоначалник на Истанбул, Реџеп Тајип Ердоган. Неговата конзерватизна партија Партија на правда и развој го доби апсолутното мнозинство во 2002 година.

Армија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Армија на Турција.

Турската армиска снага се состои од стандардната армиска единица, турската морнарица и турската воздухопловна единица. Жандармеријата и крајбрежната заштита оперираат како дел од турското Министерство за внатрешни работи, иако според улогата и задачите спаѓаат во армијата и морнарицата. [25]

Турската армија е втора најголема армија во НАТО, после армијата на САД со околу 1.043.550 униформирани војници кои служат во пет оддела. Секој способен хетеросексуален маж со турско државјанство е приморан да служи војска, а додека хомосексуалците можат да служат војска ако сакаат. [26]

Административна поделба на Турција[уреди]

Покраини[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Покраини во Турција.


Главниот град на Турција е Анкара. Територијата на Турција е поделена на 81 покраина за административни цели. Покраините се организирани во седум региони, но сепак тие не претставуваат административни структури. Секоја покраина е поделена во окрузи (вкупно 923). Обично, имињата на покраините го носат името на главниот град на самата шплраома , или уште наречени и централни окрузи. Исклучок од овие прават Хатај (главен град е Анкара), Коџаели (Главенм град е Измит) и Сакарја (главен град е Адапазар). Покраини со најмногубројно население се Истанбул (+12 милиони), Анкара (+4,4 милиони), Измир (+3,7 милиони), Бурса (+2,4 милиони), Адана (+2,0 милиони) и Конија (+1,9 милиони).

Региони[уреди]

Turkey-areas.gif

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Региони во Турција.

Територијата на Турција, покрај тоа што е поделена на покраини, е поделена и на вкупно седум региони како што е прикажано на картата. Така во Турција има:

  1. Мраморен регион
  2. Средна Анадолија
  3. Егејски регион
  4. Средоземен регион
  5. Црноморски регион
  6. Југоисточна Анадолија
  7. Источна Анадолија

Државни празници[уреди]

Туризам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Туризам во Турција.
Планината Немрут со статуите и гробовите.

Туризамот во Турција воглавно се базира на различна понуда на археолошки и историски локалитети, но исто така и понудите на приморскиот туризам на бреговите на Егејското Море и на Средоземното Море. Исто така, во последните години Турција станува атрактивна дестинација за спа туризам и за медицински туризам. Турција е 9 најпосетувана земја во светот и седма во Европа [27].

Истанбул е еден од најзначајните туристички места во Турција. Има илјадници хотели и останати туристички капацитети во градот со одлична понуда за туристи и случајни патници. Својата богата понуда во погела мера е достигната со огромната историја што Истанбул ја има и поради големото значење на самиот град низ вековите. Тука се сместени Сината џамија, Аја Софија, Палатата Топкап, Цистерн базиликата и Пера Палас. Исто така, во скоро време Истанбул стана еден од најголемите шопинг центри во Европа. Четвртото најсвето место на муслиманите е исто така сместено во Истанбул и градот е исполнет со музеи и културни настани. Во Истанбул е Минитурк, најмалиот парк во Истанбул. Познати туристички локалитети на бреговите на Турција се: Анталија, Бодрум, Измир, Кушадаси, Мармарис, Фетије, Дикили и голем број помали гратчиња што се доста посетени од голем број на домашни и странски туристи.

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Турција.


Турција има население од околу 70.5 милиони луѓе со природен прираст од околу 1.04 %. Просечната густина на населението во Турција е околу 92 жители на километар квадратен. Покраината Истанбул има најголема густина на население со околу 2.420 жители на километар квадратен. Околу 70.5 % од населението живее во градовите и половина од турското население е под 28 години. Луѓето способни за работа во Турција се околу 66.5% од вкупната бројка на население а додека стари лица се околу 7,1% од населението [28]. Според извори и податоци објавени од турската влада, просечниот животен век на еден маж изнесува 68.9 години а додека животниот век на една жена е околу 73,8 години [29]. Образованието е бесплатни и задолжително од 6 до 15 години и писменоста е околу 95.3 % за мажи и 79.6 % за жени [30].

Мнозинство население во Турција се Турците. Останати етнички заедници што живеат во Турција се: Курди, Киркасци, Зази, Роми, Арапи, Ерменци и Евреи. Најголемата малцинска етничка група се Курдите и живеат во јужна Турција. Најмала етничка група се Сиријците и се сметаат за најголема христијанска група во Турција [31].

Јазик[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Турски јазик.
Кемал Ататурк ја претставува новата турска азбука

Турскиот јазик е официјален јазик на територијата на Република Турција и еден од двата официјални јазици во Кипар[32]. Исто така, турскиот јазик е признат како регионален јазик во Косово, поточно во Призрен и во неколку општини во Македонија. Иако во останатите држави во регионов нема регулиран статус, турскиот јазик доста е распространет. Огромно турско население живее во Грција и Бугарија, потоа турско население има во Албанија, Романија, Србија и Босна и Херцеговина[33]. Во Европа, најмногу турско население има во Германија, потоа во Австрија, Швајцарија, Белгија, Франција, Италија, Холандија и Обединетото Кралство. Турскиот истанбулски дијалект е превземен како база на литературниот турски јазик. Јазикот има доста дијалекти но во Турција се тежнее да се користи литературниот јазик преку образованието и медиумите.[34]

Религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Турција.

Исламот е најголема религија во Турција каде 99% од турското население се муслимани, Од нив 75% припаѓаат на сунитите а додека останатите се шиити[35]. Покрај нив, има и бектеши, религиска група по потекло од самата Турција но присутна и во останатите балкански држави. Исламот навлегол во регионот во 6 век. Пред доаѓањето на исламот, регионот бил под влијание на христијанството и еврејството. Така, денес во Турција има доста живописни џамии, цркви и синагоги. Останатиот процент на населението се христијани, евреи и језидизми [36]. Турција има секуларен устав, и нема официјална религија [37]. Турскиот секуларен систем е сличен со францускиот систем. Исто така, уставот гарантира слобода на вероисповед и верските заедници не можат да се мешаат во законодавната, извршната и судската власт. Во Турција е забрането носење шамии и слични религиски обележја на јавни места [38].

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „National Geographic Atlas of the World“ (7th издание). Washington, DC: National Geographic. 1999. ISBN 0-7922-7528-4.  "Europe" (pp. 68–9); "Asia" (pp. 90–1): "A commonly accepted division between Asia and Europe ... is formed by the Ural Mountains, Ural River, Caspian Sea, Caucasus Mountains, and the Black Sea with its outlets, the Bosporus and Dardanelles."
  2. Mango, Andrew (2000). „Ataturk“. Overlook. ISBN 1-5856-7011-1. 
  3. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). „History of the Ottoman Empire and Modern Turkey“. Cambridge University Press. ISBN 0-5212-9163-1. 
  4. CIA World Factbook gives 18% Kurds of 72.5 million total population (2008 est.)
  5. "Turkey and Russia on the Rise", by Reva Bhalla, Lauren Goodrich and Peter Zeihan. - Stratfor, 17 март 2009.
  6. „"The Geopolitics of Turkey"“. Stratfor. http://www.stratfor.com/products/premium/read_article.php?id=293204. конс. 1 ноември 2010. 
  7. ^ American Heritage Dictionary (2000). ""Turk"". Houghton Mifflin Company. Retrieved on 27 декември 2006.
  8. ^ a b Harper, Douglas (2001). ""Turk"". Online Etymology Dictionary. Retrieved on 27 декември 2006.
  9. Thissen, Laurens (23 ноември 2001). "Time trajectories for the Neolithic of Central Anatolia" (PDF). CANeW - Central Anatolian Neolithic e-Workshop. Retrieved on 21 декември 2006.
  10. Balter, Michael (2004-02-27). "Search for the Indo-Europeans: Were Kurgan horsemen or Anatolian farmers responsible for creating and spreading the world's most far-flung language family?". Science 303 (5662): 1323.
  11. The Metropolitan Museum of Art, New York (October 2000). "Anatolia and the Caucasus (Asia Minor), 2000 – 1000 B.C. in Timeline of Art History.". New York: The Metropolitan Museum of Art. Retrieved on 21 декември 2006.
  12. Daniel C. Waugh (2004). "Constantinople/Istanbul". University of Washington, Seattle, WA. Retrieved on 26 декември 2006.
  13. Wink, Andre (1990). Al Hind: The Making of the Indo Islamic World, Vol. 1, Early Medieval India and the Expansion of Islam, 7th-11th Centuries. Brill Academic Publishers. ISBN 90-04-09249-8.
  14. Mango, Cyril (2002). The Oxford History of Byzantium. Oxford University Press, USA. ISBN 0-19-814098-3.
  15. Kinross, Patrick (1977). The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire. Morrow. ISBN 0-688-03093-9.
  16. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29163-1.
  17. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29163-1.
  18. Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Cambridge University Press. ISBN 0-521-29163-1.
  19. Mango, Andrew (2000). Ataturk. Overlook. ISBN 1-58567-011-1.
  20. "Growth in United Nations membership (1945–2005)". United Nations (3 јули 2006). Retrieved on 30 октомври 2006.
  21. Timeline: Cyprus", British Broadcasting Corporation (12 декември 2006). Retrieved on 25 декември 2006.
  22. Çarkoǧlu, Ali (2004). Religion and Politics in Turkey. Routledge, UK. ISBN 0-415-34831-5.
  23. Turks elect ex-Islamist president", BBC (2 ноември 2007). Retrieved on 28 август 2007.
  24. Turkish Directorate General of Press and Information (17 октомври 2001). "Turkish Constitution". Turkish Prime Minister's Office. Retrieved on 16 декември 2006.
  25. Turkish General Staff (2006). "Turkish Armed Forces Defense Organization". Turkish Armed Forces. Retrieved on 15 декември 2006.
  26. United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR), Directorate for Movements of Persons, Migration and Consular Affairs - Asylum and Migration Division (July 2001). "Turkey/Military service" (PDF). UNHCR. Retrieved on 27 декември 2006.
  27. "UNWTO World Tourism Barometer June 2008". World Tourism Barometer (June 2008). Retrieved on 1 август 2008.Volume 6 No. 2
  28. Turkish Statistical Institute (2008). "2007 Census,population statistics in 2007". Turkish Statistical Institute. Retrieved on 21 јануари 2008.
  29. Anadolu Agency (AA) (3 декември 2006). "Life expectancy has increased in 2005 in Turkey", Hürriyet. Retrieved on 9 декември 2006.
  30. Jonny Dymond (18 октомври 2004). "Turkish girls in literacy battle", British Broadcasting Corporation. Retrieved on 11 декември 2006.
  31. http://countrystudies.us/turkey/39.htm
  32. Turkish language" in The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition | Date: 2008
  33. Gordon, Raymond G., Jr. (ed.) (2005). "Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. Report for language code:tur (Turkish)". Retrieved on 18 март 2007.
  34. Johanson, Lars (2001). "Discoveries on the Turkic linguistic map" (PDF). Swedish Research Institute in Istanbul. Retrieved on 18 март 2007.
  35. Bureau of European and Eurasian Affairs - Background Note: Turkey
  36. United Nations Population Fund (2006). "Turkey - A Brief Profile". United Nations Population Fund. Retrieved on 27 декември 2006.
  37. Headscarf row goes to Turkey's roots. BBC News. 2003-10-29.
  38. The Islamic veil across Europe", British Broadcasting Corporation (17 ноември 2006). Retrieved on 13 декември 2006.

Користена литература[уреди]

Историја
  • Findley, Carter Vaughn (2004). „The Turks in World History“. Oxford University Press, USA. ISBN 0195177266. 
  • Kinross, Patrick (1977). „The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire“. Morrow. ISBN 0688030939. 
  • Mango, Andrew (2000). „Ataturk: The Biography of the Founder of Modern Turkey“. Overlook. ISBN 1585670111. 
  • Mango, Cyril (2002). „The Oxford History of Byzantium“. Oxford University Press, USA. ISBN 0198140983. 
  • Shaw, Stanford Jay; Kural Shaw, Ezel (1977). „History of the Ottoman Empire and Modern Turkey“. Cambridge University Press. ISBN 0521291631. 
  • Wink, André (1990). „Al Hind: The Making of the Indo Islamic World, Vol. 1, Early Medieval India and the Expansion of Islam, 7th–11th Centuries“. Brill Academic Publishers. ISBN 9004092498. 
Политика
Надворешни односи
Географија и клима
Економија
Демографија
Култура

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Одредници од МАКЕДОНИЈА
 Бугарија
 Грција
Црно Море
 
 Грузија
Егејско Море
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
 Ерменија
 Азербејџан
Иран Иран
Средоземно Море Сирија Сирија
Средоземно Море
 
Ирак Ирак
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Турција“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).