Шведска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Шведска
Konungariket Sverige  (шведски)
Знаме Грб
Гесло(кралско) "För Sverige i tiden
"За Шведска – Со Времето" 
ХимнаDu gamla, Du fria
Ти си древна, ти си слободна
Кралска химнаKungssången
Песна за кралот
Местоположбата на  Шведска  (темнозелено)– на Европскиот континент  (светлозелено и темнозелено)– во the Европска Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Шведска  (темнозелено)

– на Европскиот континент  (светлозелено и темнозелено)
– во the Европска Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Главен град Стокхолм
59°21′ СГШ 18°04′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик шведски
Народности  82,1% Швеѓани[1]
17,9% други (2008)[2]
Демоним Швеѓани
Уредување парламентарна демократија и уставна монархија
 -  Крал Карл Густаф XVI
 -  Премиер Фредрик Рајнфелд
 -  претседател на собрание Пер Вестерберг
Обединување
 -  Калмарска унија 1397 
 -  де факто независно кралство 6 јуни 1523 
 -  крај на скандинавската унија 1524 
 -  Шведско-норвешка унија (почеток) 4 ноември 1814 
 -  Шведско-норвешка унија (крај) 13 август 1905 
 -  Устав 1974 
ЕУ пристапила 1 јануари 1995
Површина
 -  Вкупна 449,964 км2 (57-ма)
 -  Вода (%) 8.7
Население
 -  Попис 2009 9.325.429[3] 
 -  Густина 20.6 жит/км2 (192-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $342.682 милијарди[4] (32-ра)
 -  По жител $37.333[4] (17-та)
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $478.961 милијарди[4] (22-ра)
 -  По жител $52.180[4] (9-та)
Џини (2005) 23 (низок
ИЧР (2007) 0.963[5] (многу висок) (7-ма)
Валута Шведска круна (SEK)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Датумски формати yyyy-mm-dd,
d/m yyyy,
dd-mm-yyyy,
dd-mm-yy
Се вози на десно
НИД .se
Повик. бр. 46

Шведска (шведски: Sverige) или официјално Кралство Шведска (шведски: Konungariket Sverige ) е држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.

Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата.[6] Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.

Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Од тогаш, Шведска е земја која го подржува мирот и е неутрална држава.[7]

Содржина

Етимологија [уреди]

Името на државата на шведски јазик е Sverige што буквално значи Кралство на Швеѓаните.

Географија и клима [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Шведска.

Градови [уреди]

Поголеми населени места во Шведска (според бројот на жители):

Бр. Град Шведски Население
1 Стокхолм Stockholm 1.252.020
2 Гетеборг Göteborg 510.492
3 Малме Malmö 258.020
4 Упсала Uppsala 128.409
5 Вестерос Västerås 107.005
6 Еребру Örebro 98.237
7 Линшепинг Linköping 97.428
8 Хелсинборг Helsingborg 91.457
9 Јоншепинг Jönköping 84.423
10 Норшепинг Norrköping 83.561
11 Лунд Lund 76.188
12 Јевле Gävle 68.700
13 Умео Umeå 68.494
14 Бурос Borås 63.441
15 Седерталје Södertälje 60.279
16 Ескилстуна Eskilstuna 60.185

Историја [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Шведска.

Праисторија [уреди]

региони во Шведска
Камењата во Але, Сканиа, јужна Шведска

Човекот за прв пат ја населил Скандинавија во т.н. Скандинавско камено време (10000-1700 п.н.е.). Најстариот археолошки доказ е најден во Данска.

Римјаните биле првите кои оставиле записи за постоењето на племиња на овие простори; во 98 год. римскиот историчар Тацит пишувал за „Суионите“ кои живееле на море и биле многу силни воини и морепловци. Исто така тој напишал дека биле доста богато племе предводено од еден единствен водач и ако се здружеле со околните племиња, би представувале голема опасност за Римската империја.

Овие региони биле населувани од Швеѓаните (или Шведи). На југот живееле Гети во областа Јеталанд. Постојат записи за полулегендарни војни помеѓу овие две земји. Северот на Шведска (Нораланд) бил веројатно населен со Лапонци (Сами).

Викиншката ера во Шведска траела од VIII до XI век. Во овој период се смета дека Шведите ја прошириле својата држава на југ кон Јеталанд. Додека Викинзи од Норвешка и Данска патувале и освојувале на запад и југ (југозапад), Викинзите од Шведска освојувале на исток и југ (југоисток) кон Финска, балтичките земји, Русија и кон Средоземното Море. Нивниот пат преку руските реки ги донел дури до Константинопол (денешен Истанбул) којшто го напаѓале и ограбувале неколку пати. Византискиот император Теофил бил воодушевен од нивните борбени способности и ги вработувал како негова лична гарда (Вараншка гарда). Постои теорија дека викинзите кои тргнале од Шведска ја создале Русија. Во IX век шведските викигзи биле нарекувани Руси и словенските племиња ги „поканиле“ викинзите да ги управуваат и бранат од непријателот. Така станале елитни воини кои владееле и освојувале други племиња и формирале колонии.

Среден век [уреди]

Средновековна ѕидини во Висби, Готланд

а време на ерата на Викинзите, Истад во Сканија и Павикен во Готланд биле најголемите градови и трговски центри. Најдени се остатоци од повеќе згради коишто претставувале бродоградилишта, пазари и др.

Св. Ансгар во 829 г. за прв пат го донел христијанството, но населението се откажало од паганството дури некаде во XII век. Некаде од 1050 год. христијанството преовладува и од тогаш Шведска се смета за христијанска замја. Меѓу XII и XIV век имало повеќе војни меѓу нордиските кралства, а Шведска почнала да се шири на исток во Финска, создавајќи конфликти со Русите.

Во XIV век Шведска е погодена од чума. Во 1319, Шведска и Норвешка биле соединети под водство на кралот Магнус Ериксон (Magnus Eriksson), а во 1397 кралицата Маргарет I од Данска (Margaret I) ја соединила и Данска со што се создала Калмарската унија. Но нејзините наследници не можеле да одржат контрола во кралството, особено заради моќните шведски благородници. Данскиот крал Кристијан II се обидел по пат насила да воспостави контрола, па во 1520 наредил масакр врз шведските благородници во Стокхолм. Овој масакр само го зголемил незадоволството кај шведските благородници и на 6 јуни (шведски национален празник) во 1523 година тие го прогласиле Густав Васа за крал. Овој ден се смета за ден на основање на модерна Шведска. Густав Васа набргу потоа ќе го отфрли католицизмот и ќе започне протестантски реформи. Тој се смета за „Татко на нацијата“.

Шведско царство [уреди]

Шведското царство во 1658 г.
Карта на денешна Шведска

Во XVII век Шведска се развила како една од големите сили во Европа. Ова време таа дури имала и колонијални поседи.

Во ова време Шведска претставувала најмоќната држава во северна Европа. Овој период започнува со кралот Густав II Адолф (Gustav II Adolph) и неговото успешно учество во триесетгодишната војна, се до 1721 г. кога царството се распаднало. Статусот на Шведска како царство во ова време е главно поради економските реформи и воведувањето на протестантството од страна на Густав I.

Најуспешните години за Шведското царство биле од крајот на XVII до раниот XVIII век. Најголеми територијални проширувања Шведска имала за време на Карл X (Karl X) (1622-1660) по Роскилдскиот мировен договор во 1658 год. Но подоцна преамбициозните Швеѓани започнале поход во Русија што завршила со победа на руската војска во одлучувачката битка кај Полтава (1709). Понатаму, во текот на битките, убиствената руска клима, како и борбените тактики на царот Петар Велики довеле до пораз во битката кај Полтава. Овој пораз значел и почеток на крајот на Шведското царство. Територијалните загуби јасно ја тргнале Шведска од списокот на големите сили на Европа, а Шведска го изгубила и приматот во северна Европа, препуштајќи ѝ го на Русија. Со тоа Шведска на некој начин ѝ овозможила на Русија да се претвори во голема сила.

Во XVIII век, Шведска не била доволно моќна за да ги задржи териториите вон Скандинавскиот Полуостров, па поголем дел од нив биле загубени, а сето тоа кулминирало со загубата на земјата нарекувана „Источна Земја“, Естерланд и источните делови од Норланд кои биле припоени кон Русија: овие територии ја основале полуавтономната Финска.

Откако Данска-Норвешка била поразена во Наполеонските војни, Норвешка била припоена кон Шведска на 14 јануари, 1814 год. по договорот во Кил. Норвешките обиди за независност биле одбиени од страна на Карл ХIII. Тој организирал воен поход против Норвежаните на 27 јули, 1814 год. којашто завршила со Конвенцијата во Мос, којашто предвидела Норвешка да биде во личен сојуз со Шведска. Овој сојуз не бил раскинат сѐ до 1905 год. Овој поход од 1814 претставува и последна војна во која Шведска учествувала како борец.

Политички систем [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Шведска.

Административна поделба [уреди]

Економија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Шведска.

Население, јазик и религија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Шведска.

Географија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Шведска.

Религија [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Шведска.

Шведска сè до XI век била паганска земја, кога започнала да се христијанизира. Во времето на Протестантска реформација во 1530, земјата станала Лутеранска, со каде била создадена и Шведската црква (kyrkan Svenska). Раната христијанизација во Скандинавија била започната од страна на Ансгар, Епископ на Бремен. Ансгар, бил испратен во Данска во 820 година. Мисијата му се определува како деловно успешна, па по две години бил вратен во Германија. Најголем подем христијанството во Скандинавијата доживеало во времето на Кнаут IV и Олаф I во годините по 1000 година.

Денеска, во земјата живеат околу 70% христијани, главно протестанти. Како помала религиозна организација е муслиманската (околу 3%). Бројот на нерелигиозните групи и атеистите е околу 30%.

Култура [уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Шведска.

Наводи [уреди]

Поврзано [уреди]

Надворешни врски [уреди]

Влада
Општо
Патување
  • VisitSweden.com – туристички портал на Шведска
Други