Сконе (округ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сконе
Skåne län
—  Округ  —

Знаме
Грб
Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Малме
Управа
 • Управник Јоран Тунхамар
 • Совет Регионален совет на Сконе
Површина[1]
 • Вкупна 11.027 км2
Население (31 март 2011)[2]
 • Вкупно 1.245.214 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 278.254 милиони круни (2004)
БДП/жит 331.700 круни (2010)
NUTS SE224

Сконе (швед. Skåne län) или Сканија (од лат. Scania) е најјужниот округ (län) во Шведска кој се совпаѓа со историската покраина Сканија. Се граничи со окрузите Халанд, Крунуберг и Блекинге. Административен центар е градот Малме. Регионалната управа е сместена во Кристијанстад.[3]

Денешниот округ е формиран во 1997 со спојување на окрузите Кристијанстад и Малмехус.

Сконе зафаќа околу 3% од вкупната површина на Шведска. Има 1.200.000 жители, и со тоа претставува 13% од населението во земјата.

Покраини[уреди]

По своите граници, округот Сконе е речиси ист со покраината Сканија, со исклучок на незначителен дел од покраината Халанд.

Управа[уреди]

Административен центар на округот е градот Малме. На чело на окружниот административен одбор (кој е државна служба) стои управник.

Двата поранешни округа во покраината Сканија: Кристијанстад и Малмехус. Овие се формирани во 1719 и споени во 1997, образувајќи го денешниот округ кој има речиси идентични граници со покраината.

Окружен совет[уреди]

Регионалниот совет на Сконе (Region Skåne) е произлезен од претходен окружен совет во 1999 со спојувањето на советите на поранешните окрузи. Надлежен е за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Сконе се дели на 33 општини[4] (kommuner), од кои најголеми се општините Малме (280.000), Хелсингборг (124.000), Лунд (103.000) и Кристијанстад (75.000 inhabitants). Секоја општина има своја општинска управа и се дели на месности кои имаат улога во избори и пописи.

  1. Бјув
  2. Бостад
  3. Брумела
  4. Бурлев
  5. Велинге
  6. Енгелхолм
  7. Еркелјунга
  8. Еслев
  9. Естра Јоинге
  10. Истад
  11. Кевлинге
  1. Клипан
  2. Кристијанстад
  3. Ландскруна
  4. Лума
  5. Лунд
  6. Малме
  7. Осби
  8. Осторп
  9. Персторп
  10. Свалев
  11. Сведала
  1. Симрисхамн
  2. Скуруп
  3. Стафансторп
  4. Трелеборг
  5. Тумелила
  6. Хебу
  7. Хеганес
  8. Хеер
  9. Хелсингборг
  10. Херби
  11. Хеслехолм

Населени места по големина[уреди]

Општини во Сконе

Ова се десетте најголеми населени места во округот Сконе:[5]

бр. Место Население
1 Малме 258.020
2 Хелсингборг 91.457
3 Лунд 76.188
4 Кристијанстад 33.083
5 Ландскруна 28.670
6 Трелеборг 25.643
7 Енгелхолм 22.537
8 Хеслехолм 22.548
9 Истад 17.286
10 Еслев 16.551

Наводи[уреди]

  1. Шведски национален атлас (шведски) проверено на 2 април 2008
  2. „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. http://www.scb.se/Pages/TableAndChart____228187.aspx.  (шведски)
  3. За регионот Сконе (англиски) проверено на 10 април 2008
  4. Општини во Сконе (англиски) проверено на 24 август 2007
  5. Централна статистичка служба, 2005

Надворешни врски[уреди]