Блекинге (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Блекинге
Blekinge län
—  Округ  —

Грб

 
Земја Шведска
Админ. центар Карлскруна
Управа
 • Управник Гунвор Енгстрем
 • Совет Окружен совет на Блекинге
Површина
 • Вкупна 2.941 км2
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно 153.131 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП (ном.) 34.566 милиони круни (2004)
БДП/жит 231.000 круни
NUTS SE221

Блекинге (швед. Blekinge län) е округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Сконе, Крунуберг, Калмар и Балтичкото Море. Административен центар е Карлскруна. Со 0,7 % од површината на земјата, ова е најмалиот округ во Шведска.

Покраина[уреди]

Историската покраина Блекинге ги има истите граници како денешниот округ.

Управа[уреди]

Во периодот од 1680 до 1683 територијата на округот Блекинге била дел од Калмар поради основањето на поморска база во Карлскруна.

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.

Окружниот совет на Блекинге (Landstinget Blekinge) е задолжен за здравството и јавниот превоз.

Општини[уреди]

Blekinge Municipalities.png

Населени места[уреди]

Еве ги петте најголеми населени места во округот Блекинге:[2]

бр. Место Население
1 Карлскруна 32.606
2 Карлсхамн 18.768
3 Ронеби 11.767
4 Селвесборг 7.883
5 Улофстрем 7.425

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]