Блекинге
| Блекинге Blekinge |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Крај | Јеталанд | ||
| Округ | Блекинге | ||
| Површина | |||
| - Вкупна | 2,900 km2 (1,1 sq mi) | ||
| Население (2009)[1] | |||
| - Вкупно | 152.591 | ||
| - Густина | 52,6/km2 (136,3/sq mi) | ||
| Народност | |||
| - Наречје | блекиншко | ||
| Култура | |||
| - Цвеќиња | даб и бабјак | ||
| - Животно | еленче | ||
| - Птица | лазач | ||
| - Риба | бакалар | ||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
| - Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр. | |||
| Повик. бр. | 0454–0457 | ||
Блекинге (швед. Blekinge ) е традиционална покраина (landskap) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со покраините Смоланд и Сканија и Балтичкото Море.
Името „Блекинге“ доаѓа од придавката bleke, што значи „сосем мирно“.
Содржина |
[уреди] Управа
Историските покраини во Шведска немаат административна функција. Меѓутоа Блекинге (заедно со Готланд) е единствената покраина што зафаќа сосем иста површина како најзиниот административен округ, Блекинге.
[уреди] Географија
Во блекинге се наоѓа живописниот архипелаг кој понекогаш се нарекува „Градината на Шведска“.
[уреди] History
Блекинге станал дел од Данска во раниот XI век, најверојатно во 1026 г. Не е познато кој владеел со областа претходно. Покраината била дел од Данска цели 600 години, и, заедно со покраините Сканија и Халанд го сочинувале источниот дел на данското кралство каде владеело Сканското право. Како погранична покраина, Блекинге често страдала од напади и пљачкосувања во данско-шведските војни. Во 1658 покраината ѝ припаднала на Шведска, согласно одредбите на Роскилдскиот мировен договор.
Во данско време, покраината била поделена на два дела, со административни центри: Селвесборг на западниот и Кристијанопел на источниот дел, додека стотката Листер била дел од Сканија. Попознати замоци од овој период се Елехолм, Селвесборг, Ликеби и Авахер. Статус на град имале местата: Ронеби (1387), Селвесборг (1445), Елехолм и Кристијанопел.
По преземањето, Швеѓаните ги изградиле градовите Карлсхамн (1664) и Карлскруна (1680) и присилно население се жителите на Ронеби и Кристијанопел. Повеќе од 300 години, Карлскруна била главната поморска база на Шведска. Во 1998 била прогласена за светско наследство на УНЕСКО.
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ Блекинге - Централна статистичка служба (шведски)
[уреди] Надворешни врски
- Блекинге - туристички портал
|
|||||||

