Јестрикланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јестрикланд
Gästrikland

Знаме
Земја Шведска
Крај Норланд
Окрузи Јевлеборг
Упсала
Површина
 • Вкупна 4.200 км2
Население (2009)[1]
 • Вкупно 147.912 жит.
Народност
 • Наречје норлендско
Култура
 • Цвет момина солза
 • Животно тетреб
 • Птица белец
 • Риба атлантска харинга
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Пошт. бр.

Јестрикланд (швед. Gästrikland ) е историска покраина (landskap) на источното крајбрежје на Шведска. Се граничи со покраините Упланд, Вестманланд, Даларна и Хелсингланд, и со Ботнискиот Залив. Јестрикланд е најјужната покраина во крајот Норланд.

Управа[уреди]

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на Јестрикланд, покраината го опфаќа јужниот дел на административниот округ Јевлеборг.

Географија[уреди]

Јестрикланд честопати се нарекува „Врата кон Норланд“ бидејќи била минувалиште за оние што оделе во овој северен крај, кој во минатото бил ретко населен, неистражен и покриен со шуми, планини и езера.

Геслото на покраината гласи „Железното Кралство“ (Järnriket).

Главните делови на Јестрикланд се состојат од рамничарски предели, кои на југ и исток преоѓаат во плодни земјоделски површини. На север и запад теренот станува ридест, пошумен и непогоден за обработка. Во северозападниот агол се наоѓа највисоката планина во покраината, наречена Лустигкноп (Lustigknopp, букв. „смешна качулка“), со висина од 402 м. Планината е тромеѓе кајшто се среќаваат покраините Јестрикланд, Хелсингланд и Даларна.

Покраината нема многу големи водни површини, но изобилува со мали езера, кои вкупно сочинуваат 110 од територијата. Најголемо езеро е Стуршен, со површина од 72 км².

Во Јестрикланд се наоѓа и националниот парк Фернебофјерден.

Населени места[уреди]

Бр.
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
Име Општина Население Површина
(ха)
Густина
(жит./км²)
Општ. код
Јевле Јевле 68.700 4.179,36 1.643,79 7.076
Сандвикен Сандвикен 22.574 1.545,70 1.460,44 7.272
Хуфорш Хуфорш 7.021 707,62 992,20 7.112
Валбу Јевле 6.911 814,34 848,66 7.344
Окелбу Окелбу 2.709 416,34 650,67 7.236
Јербу Сандвикен 2.700 257 700 7148
Стурвик Сандвикен 2.251 262,95 856,06 7.296
Фуршбака Јевле 1.748 170,82 1.023,30 7.052
Орсунда Сандвикен 1067 124,49 857,10 7.376
Хедесунда Јевле 1.048 167,08 627,24 7.104
Туршокер Хуфорш 873 122,08 715,10 7.332
Естерфернебу Сандвикен 550 119,26 461,18 7.384
Омут Окелбу 306 144,96 211,09 7.372

Историја[уреди]

Сè до XIV-XV век, Јестрикланд бил дел од Упланд. Рударството и железарството се најзначајни гранки уште од V век, особено во Хуфорш и Сандвикен. Овие места и денес произведуваат наменски челик и други послебни метали, и вработуваат околу 6.500 луѓе.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]