Вестерботен
| Вестерботен Västerbotten |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Крај | Норланд | ||
| Округ | Вестерботен | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 15.093 км2 | ||
| Население (2009)[1] | |||
| • Вкупно | 210.679 | ||
| Народ | |||
| • Наречје | норландско | ||
| Култура | |||
| • Цвет | вошливка | ||
| • Животно | српоклун свиркач | ||
| • Птица | полска еја | ||
| • Риба | змиулка | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр. | |||
Вестерботен (швед. Västerbotten ) или Западна Ботнија е покраина (landskap) на северот на Шведска. Се граничи со покраините Онгерманланд, Лапонија, Норботен и Ботнискиот Залив. Позната е по своето сирење кое го носи името на покраината.
Содржина |
Управа [уреди]
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка функција, туку постојат само како културно-историски целини. Административниот округ Вестерботен се состои од сета истоимена покраина и јужниот дел на шведска Лапонија.
Географија [уреди]
Вестерботен се дели на градови и реони.
Градови [уреди]
Највисока планина е Омлиден (550 м), а најголемо езеро е Бигдетрескет (29,2 км²)
Историја [уреди]
Сè до завршувањето на Финската војна (или Руско-шведска војна) од 1808-1809 и Фредриксхамнскиот мировен договор, покраината Вестерботен опфаќала и мал дел од денешна Финска. Потоа тој дел ѝ припаднал на финска Лапонија.
Во 1810 округот Вестерботен е поделен на два дела. Северниот дел го добил името Норботен. Потоа мештаните во Норботен почнале да се нарекуваат Норботјани. Вака исцртаните граници постепено создале локален идентитет. Денес Норботен е посебна покраина.
Наводи [уреди]
- ↑ Вестерботен - Централна статистичка служба (шведски)
Надворешни врски [уреди]
- Окружен административен одбор на Вестерботен (шведски)
- Вестерботен - туристички портал (шведски) (англиски) (германски)
|
|||||||

