Упланд
| Упланд Uppland |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Крај | Свеаланд | ||
| Окрузи | Упсала Стокхолм |
||
| Површина | |||
| • Вкупна | 12.813 км2 | ||
| Население (2009)[1] | |||
| • Вкупно | 1.433.020 | ||
| Народ | |||
| • Наречја | уплендски стокхолмски |
||
| Култура | |||
| • Цвет | змиска глава | ||
| • Животно | белоопашест орел | ||
| • Птица | — | ||
| • Риба | болен | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр. | |||
Упланд (швед. Uppland ) е историска покраина (landskap) на источното крајбрежје на Шведска, свернно од главниот град Стокхолм. Се граничи со покраините Седерманланд, Вестманланд и Јестрикланд како и со езерото Меларен и Балтичкото Море. На малиот ненаселен остров Меркет во Балтикот има крајно мала и чудно обликувана копнена граница со финската автономна покраина Оланд.
Содржина |
Управа [уреди]
Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Главниот административен округ (län) на покраината е Упсала, кој зазема најголем дел од територијата. Меѓутоа, најголем број од населеннието живее во округот Стокхолм. Мали делчиња од покраината влегуваат во окрузите Вестманланд, Јевлеборг и Седерманланд.
Географија [уреди]
Населени места [уреди]
- Ваксхолм
- Еншепинг
- Ерегрунд
- Естхамар
- Јурсхолм
- Лидинге
- Нортелје
- Сигтуна
- Стокхолм
- Сулна
- Сундбиберг
- Упсала
Факти [уреди]
- Највисока планина:: Упландсбергет (117 м)
- Најголемо езеро: Меларен
- Архипелаг: Руслаген
- Национални паркови: Енгсе, Фернебофјерден
Население [уреди]
Упланд има 1.433.020 жители. Жителите се распоредени во следниве окрузи:[1]
| Округ | Население |
|---|---|
| Стокхолм, делумно | 1.101.238 |
| Упсала, делумно | 330.683 |
| Вестманланд, делумно | 1.099 |
Историја [уреди]
Покраината Упланд за прв пат јасно се споменува како таква во 1296, заедно со нејзините тогашни составни делови Фјердхундраланд, Атундаланд, Тиундаланд и Руслаген. Главниот град Стокхолм бил поделен на две покраини. Јужната половина му припаѓа на Седерманланд, а северната во Уплан.
Култура [уреди]
Археолошкиот локалитет Бирка и замокот Дротнингхолм се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Упланд - Централна статистичка служба (шведски)
Надворешни врски [уреди]
|
|||||||

