Даларна
| Даларна Dalarna |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
| Земја | Шведска | ||
| Крај | Свеаланд | ||
| Округ | Даларна Јевлеборг Јемтланд Вермланд |
||
| Површина | |||
| - Вкупна | 29,086 km2 (11,2 sq mi) | ||
| Население (2009)[1] | |||
| - Вкупно | 276.505 | ||
| - Густина | 9,5/km2 (24,6/sq mi) | ||
| Народ | |||
| - Наречје | даларнско | ||
| Култура | |||
| - Цвет | ѕвонче | ||
| - Животно | був | ||
| - Птица | — | ||
| - Риба | пиор | ||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
| - Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Пошт. бр. | |||
Даларна (швед. Dalarna ) или Далекарлија е историска покраина (landskap) во средна Шведска.
Се граничи со покраините Херједален, Хелсингланд, Јестрикланд, Вестманланд и Вермланд. На запад се граничи со Норвешка.
Името на покраината значи „долини“. Ова е популарна летна дестинација за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Побогатите имаат викендички. Лете во селата и градовите се одржуваат разни слави и фестивали со народни игри. Покраината има богата историја и свои зачувани обичаи и наречје. Во историјата жителите на Даларна биле познати по вековниот стремеж за независност.[2]
Содржина |
[уреди] Управа
Покраините во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Во случајот на покраината Даларна, управните граници на округот Даларна се речиси исти како покраинските, освен дел од северизападниот дел на Хамра (Орша Финмарк), која влегува во состав на округот Јевлеборг.
[уреди] Географија
Во средината на покраината се наоѓа езерото Силјан. Поважни реки се Вестердалелвен и Естердалелвен, кои се влеваат во поголемата река Далелвен.
Низ севердниот дел од покраината се протега дел од Скандинавските Планини. Пределите се планински и имаат многу леднички езера. Јужниот дел е рамничарски и има неколку рудника. Најзастапен метал е бакарот.
Највисока точка е планината Стурветешогна (1204 м), а најниската точка (55 м) се наоѓа во југоисточниот дел.
[уреди] Градови
Даларна ги опфаќа следниве градови:
[уреди] Други места
[уреди] Национални паркови
[уреди] Историја
Покраината Даларна била дел од крајот Свеаланд пред обединувањето на Шведска (XI век).
Во покраината започнале три значајни буни:
- Во 1434, предводени од Енгелбрект Енгелбректсон, рударите се дигнале на бунт против угнетувачите во служба на кралот Ерик Померански.
- Во 1519–1523 Густав I Васа меѓу рударите ги стекнува своите најверни приврзаници во буната против Калмарската унија под водство на данскиот крал Кристијан II.[2]
- Во 1743 се кренала Даларнската буна против политичката група „Шапки“ - последна важна селанска буна во Шведска.
[уреди] Култура
Даларна има богата и карактеристична народна култура со својствена музика, живопис и ракотворби. Тука рунското писмо се задржало најдолго од сите места во Шведска - сè до XIX век.[3]
Познат симбол на покраината е „далскиот коњ“ (Dalahäst) кој е изделкан од дрво, а потоа се бои и украсува. Поднебјето е особено погодно за одгледување на коњи бидејќи почвата е богата со калциум.
Помеѓу Селен и Мура, секоја година се одржува скијачката трка „Васалопет“ (Vasaloppet = „Васина трка“), која е најдолгата светот (90 км). Трката се одржува во чест на бегството на Густав Ериксон (подоцна крал Густав I Васа) од данската војска во 1520.
Рударското подрачје Стура Копаберг („Голема Бакарна Планина“) во Фалун е прогласено за светско наследство на УНЕСКО.
[уреди] Познати личности
- Густаф де Лавал - изумител
- Карл Ларсон - сликар
- Андерс Цорн - сликар
[уреди] Наводи
- ↑ Податоци за населението - Централна статистичка служба (шведски)
- ↑ 2,0 2,1 „Даларна“, стр. 764 - Encyclopaedia Britannica 1911
- ↑ http://www.nordiska.uu.se/arkiv/konferenser/alvdalska/Sapir.pdf
- „Даларна“ - Нордиска семејна книга (шведски)
Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост: „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.
[уреди] Надворешни врски
- Даларна - туристички портал (шведски) (англиски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Даларна“ |
|
|||||||