Був
| Був | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Бувовидни |
| Фамилија: | Strigidae |
| Род: | Bubo |
| Вид: | B. bubo |
| Биномен назив | |
| Bubo bubo (Linnaeus, 1758) |
|
| Распространување. | |
Бувот (Bubo bubo) е најголемата ноќна граблива птица од фамилијата сови. Се среќава и во Македонија.
Содржина |
Физички опис [уреди]
Бухалот или бувот е најголем вид меѓу совите, а воедно и најголема сова во Европа и западниот Палеарктик. Должината на телото се движи од 59 до 73 cm, распонот на крилјата 160-190 cm и масата 2-4 kg. Toj e нешто помал од златниот орел, но е поголем од снежниот був. Поседува големи пердувести „уши“ на врвот на главата кои немаат никаква врска со ушните отвори кои се наоѓаат пониско на главата. Мажјакот и женката був не може да се разликуваат по надворешноста, бидејќи се потполно исти по боја и големина. Меѓутоа, мажјакот и женката був се разликуваат токму по пердувестите „уши“ кои кај женката се спуштени надолу. Имаат руво во топла смеѓа боја, градите се ишарани со широки линии, „лицето“ е темно и на него особено се оздвојуваат портокаловите очи.
Начин на живеење [уреди]
Бувот лови ноќно време, од квечерината до зората. Летот е бесшумен, со меки замавнувања кога прелетува долги растојанија. Бувовите имаат разни техники на лов. Може да го фатат пленот на земја, но и во полн лет. Исто така може да ловат во шума, но повеќе претпочитаат отворени простори. Можат да живеат повеќе од 60 години во заробеништво, а во дивината најмногу околу 20 години. Немаат вистински природни непријатели, па далеководите, сообраќајот, како и ловот се главните причини за смрт. Територијалното огласување на мажјакот е длабоко и звучно „хуу“ кое се повторува во интервали од околу 8 секунди. Женките често се огласуваат со лаеж кој личи на огласувањето на лисицата. Хукањето на мажјаците во текот на мирните летни ноќи надалеку се слуша, дури и на 2-3 километри. Најчесто се огласува во квечерина или во зорите.
Исхрана [уреди]
Во различните области како негов плен се најразлични животни - стаорци, глувци, зајци. Јаде и мрша од овие видови, како и млади и возрасни лисици, златки и други грабливци до големи инсекти (најчесто бумбари), па дури и риби. Особено сака ежови и змии, и не се плаши од отровноста на поскокот. Напаѓа и црни и степски творови и лилјаци.
Распространување [уреди]
Бувот се среќава само во изолирани места, но генерално на големи пространства од Европа и Азија, без крајниот север, во стари широколисни и иглолисни шуми, степи, полупустини, влажни низини и суви, карпести терени.
Размножување [уреди]
Брачниот период започнува во февруари. Гнезди во карпести пукнатини и возвишенија на земјата и ретко во пукнатини од дрвјата. На крајот на март снесува од 2 до 4 јајца во интервал од 2 до 4 денови. Затоа испилените млади (по 35-дневно лежење на јајцата) се со различна возраст. Храната ретко е доволна за сите, особено ако се 5 или 6. Во тој случај најголемите бувчиња ги убиваат и јадат помалите. Младите птици започнуваат да летаат во јули. Младите бувови стануваат полово зрели во втората година од нивниот живот.