Глувци
| Глувци Фосилен опсег: Ран миоцен - денес |
|
|---|---|
| Acomys cahirinus. | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Тип: | Chordata |
| Класа: | Mammalia |
| Ред: | Rodentia |
| Натфамилија: | Muroidea |
| Фамилија: | Muridae Illiger, 1811 |
| Подфамилии | |
Глувците (научно: фам. Muridae) се група на цицачи од редот на глодари. Телесната должина се движи од 5 cm (оризарски глушец, Micromys minutus) до 48 cm (стаорецот Phloeomys cumingi[1]). Распространети се секаде на Земјата (убиквитарни), а повеќето видови се наоѓаат во шумите од тропските и суптропските предели. Интродуцирани се во Јужна Америка и на многу острови.
[уреди] Општи одлики
Глувците се активни навечер и ноќе. Повеќето водат полунадземен начин на живот, хранејќи се со семиња, а некои со животинска храна. Некои се синантропни животни (домашен глушец, некои стаорци). Се размножуваат во топлиот период од годината, а во домовите на луѓето во текот на целата година. Стануваат полово зрели на 1,5-3 месеци.
[уреди] Значење за човекот
Глувците се природни носители на голем број паразити и причинители на многу зарази кај човекот и домашните животни, меѓу кои и опасни инфекции. Нанесуваат штети на земјоделските култури и шумарството, уништувајќи ги производите и храната. Најголема штета нанесуваат глувците од родот Mus (како на пример домашниот глушец Mus musculus) и Microtus (Microtus arvalis). Мерките за контрола вклучуваат спречување на пристапот до храната, заплашување (создавачи на ултразвук: глувците го слушаат ултразвукот до 40 kHz) и регулација на бројноста со помош на стапици (познати некаде како ,,факови‘‘) и отрови.
Глувците дале огромен придонес во развитокот на науката. На овие животни се правени биолошки експерименти, се произвлеле противотрови и вакцини, се вршела проверка на дејството на лекарствата и други супстанци. Од 1990 година се создадени трансгенетски глувци. Со нив подобро се објаснува функционирањето на некој ген кој се испитува, или пак полесно се картира неговата активност.