Бошко Смаќоски
Од Википедија, слободната енциклопедија
Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко - 1998, Скопје) беше македонски поет, раскажувач, романсиер и драмски писател. Автор е на многубројни книжевни дела за деца и млади.
Завршил средно образование во Охрид. Работел како новинар во Македонското радио. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.
Смаќоски починал во 1998 г. во Скопје.
[уреди] Творештво
- „Мајски ѕвончиња“ (поезија за деца, 1959)
- „Додека роси“ (поезија за деца, 1962)
- „Распродажба на остатоци од пролетта“ (поезија, 1963)
- „Еден багрем и четири деца“ (лирски раскази за деца, 1964),
- „Усвојување на дневниот ред“ (поезија, 1965)
- „Големи и мали“ (роман за деца, 1966)
- „Славејот ноќева во трендафили“ (поезија за млади, 1967)
- „Всушност, сè е убава балада“ (поезија, 1968)
- „Влегување во Охрид“ (поезија, 1972)
- „Корениште“ (роман, 1972)
- „Крастава година“ (раскази, 1972)
- „Цвеќе од деветтиот рид“ (роман за млади, 1972)
- „Песни од Модрич“ (поезија, 1977)
- „Сликички и зборчиња“ (позија за деца и млади, 1979)
| width="50%" align="left" valign="top" |
- „Како кога се откинува јаболко“ (роман за млади, 1982)
- „Модричка тетратка“ (поезија за деца, 1982)
- „Таа и татковината“ (поезија, 1983)
- „Пладне во ридиштата“ (раскази, 1984)
- „Облека на душата“ (роман, 1986)
- „Преку две реки, преку три планини“ (роман, 1986)
- „Полна месечина“, (роман, 1986)
- „Големи и мали“ (роман, 1986)
- „Низ Зеленово, низ Руменово“ (поезија, 1986)
- „Рими“ (поезија, 1987)
- „Јулски дневник“ (роман за млади, 1989)
- „Се подели село на црно и бело“ (гатанки, 1991)
- „Животот занает најтежок“ (роман, 1992)
- „Димензиите на крстот“ (роман, 1992)
- „Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија, 1998)
Автор е на повеќе радиодрами, радиокомедии, радиоигри за деца и на телевизиски драми.
[уреди] Награди
Бошко Смаќоски е добитник на наградите:
- „РТВ Скопје“
- „Стале Попов“
- „Кочо Рацин“
- „Ванчо Николески“,
- „Гораново пролеќе“
[уреди] Извори
- Кратка биографија на Бошко Смаќоски на страницата на ДПМ (македонски)