Јован Стрезовски
Јован Стрезовски е македонски поет, раскажувач и романсиер, роден во 1931 година во с.Подгорци, Струшко. Бил долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата. Автор е на книгите поезија „Шепоти“, „Велебилје“, „Плетеница“, Свет во свет“, „Орфеј на бескрајот“ и „Блик“; на книгите поезија за деца „Светулки“, „Шарени песни“, „Шарено огледало“, „Од Северен до Јужен пол„ и други; на романите „Вода“, „Свето проклето“, „Зарек“, „Злодобро“, „Еретик“, „Животраг“, „Последно прибежиште“ и на романите за деца „Патот до зората“, „Братско стебло“, „Синови“, „Саатот кукавица“, а ги објавил и книгите раскази за деца „Последниот фишек“, „Зелени очила“, како и повеќе книги раскази за возрасни. Добитник е на државната награда 11 Октомври, како и на Стале Попов и на наградата на МТВ Скопје. [1]
[уреди] Наводи
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 9, стр. 95