Македонци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонци
Georgi Pulevski.jpg Krste P. Misirkov.jpg Dimitrija Cupovski- portret.jpg
22cento42.jpg Lazar Kolishevski.JPG Racin.jpg
Simon Trpceski.jpg Kiril Lazarov 05.jpg Toseproeskiskopje.jpg
Goceva-ESC2007-portrait.jpg Kaliopi koncert.jpg Pandev Lazio allenamento.JPG
Вкупно население
~ 2 - 2.5 милиони[1]
Региони со значително население
Македонија Македонија 1,297,981[2]
 Австралија 93,570–200,000 [3][4]
 Италија 92,847 [5]
 Германија 62,295 - 85,000 [4][6]
 Швајцарија 61,304 - 63,000 [4][7]
 САД 57,200–200,000 [4][8]
 Бразил 45,000 [1]
 Канада 37,055 - 200,000 [9][10]
 Турција 31,518 [11]
 Аргентина 30,000 [1]
 Србија 22,755 [12]
 Австрија 13,696 - 15,000 [4][13]
 Холандија 10,000 - 15,000 [4]
 Чешка 11,623 [14]
 Велика Британија 9,000 [4]
 Унгарија 7,253 [14]
 Албанија 4,697 - 35,000 (проц.) [15]
 Словачка 4,600 [16]
 Хрватска 4,270 [17]
 Словенија 3,972 [18]
 Шведска 3,669 - 15,000 [4][19]
 Белгија 3,419 [20]
 Данска 3,349 - 12,000 [4][21]
 Норвешка 3,045 [22]
 Франција 2,300 - 15,000 [23]
 Босна и Херцеговина 2,278 [24]
 Полска 2,000 - 4,500 [25][26]
 Бугарија 1,654 [27]
 Русија 1,000 [25]
 Црна Гора 900 [28]
 Грција 747 (попис 2001)
10,000 – 30,000 (1999 порценка)
[29][30]
 Романија 731 - 6,000 [31]
Насекаде н/п
Јазик

македонски јазик

Религија

Православие
во помал дел и Ислам

Сродни народи

Словени, особено Јужни Словени.

Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужнословенски народи[32][33].

Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинството. Почнувајќи од војните меѓу македонските Словени и Византиската Империја, војните против Осламнлиите, буните на Македонците против турското ропство, масовните вооружени востанија против Осламнлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941-1944 во Вардарска Македонија и 1943-1949 во Егејска Македонија.

Македонците се претежно православни христијани, припадници на МПЦ. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти.

Содржина

Антрополошки карактеристики[уреди]

Теории за потеклото[уреди]

Официјален став[уреди]

Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се се населуваат во Македонија во 7 век, со локалното население[34][32][35] По развојот на популационата генетика во 21. век почнуваат истражувања на македонскиот ДНК-профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните халпогрупи, голем е придонесот на локалните ловци-собирачи од мезолитот. Македонскиот генетски фонд носи исто така траги од постледникова реколонизација од различни засолништа и експанзијата на неолитски земјоделци од Блискиот исток. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Македонците припаѓаат на групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Генетски, денешните Македонци се потесно поврзани со соседните балкански народи (Бугари, Срби, Бошњаци, Грци, Романци и Албанци), отколку со другите Европејци.[36][37][38][39][40][41][42]

Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси[43]. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чијшто индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго.

Македонскиот народ исто така има голема историска улога во создавањето на словенската писменост. Имено, гласовниот инвентар на дијалектот на македонските Словени од околината на Солун е земен за основа на првото словенско писмо (глаголицата), а самиот дијалект издигнат до ниво на прв книжевен словенски јазик (во науката познат како старословенски), што чини Македонците да имаат извонреден придонес за општословенската и европската култура.[35].

Постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларната од нив е тезата за директна врска меѓу древните со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население, кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци[44].

Култура[уреди]

Македонки од Смилево во 1913 година

Културата на Македонците е импресионистичко-традиционалистичка. Таа е силно поврзана со родната земја и поднебјето во коешто живеат. Богатото културно наследство на Македонците доаѓа до израз во народното творештво, раскошните народни носии, украсите и орнаментите во градските и селските куќи, самиот архитектурен стил, манастирите и црквите, иконостасите, иконите, дрвозерите, литературните дела итн.

Македонија се смета за лулката на словенската писменост и култура, а градот Охрид за Ерусалим на словенското православие. [се бара извор] Имено во Македонија била создадена првата словенска азбука, и се направила прва кодификација на старословенскиот јазик. Солунскиот македонски дијалект се зел како основа за црковно-словенскиот јазик на кој до ден денес се држи богослужба.

Религија[уреди]

Македонците се претежно православни христијани. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти. Во последно време, може да се сретнат и следбеници на агностицизмот.

Архитектура[уреди]

Традиционален македонски дрворез.

Типичниот образец за македонската градска куќа е двокатна нискоградба со испакнат горен кат, варосана бела фасада, и црно-обоени дрвени носечки столбови и рамки за прозорци.

Селската куќа, пак, е изградена најчесто од камен, со здрава камена фасада, и чардак на вториот кат.

Идентитет на Македонците[уреди]

Распространетост на хеленизмот на Балканот и етничкиот состав на регионот.

Македонците, иако посебен народ со своја посебна култура, поради денационализаторскиот милетски систем се делеле на Грци и Бугари (односно таканаречените „патријаршисти“ и „егзархисти“)[45], но и во недамнешно време како Срби (види Србомани). Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, којашто трае до периодот меѓу двете светски војни, кога Македонскиот идентитет добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред, и за време на Втората Светска Војна, кога се создаваат Македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик, и се отвораат училишта, коишто на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик[46]. Сепак, со новите истражувања и отворање на ватиканските архиви се увидува дека официјален Ватикан уште во 1612 година Македонците ги признава како одделен народ, посебен од Србите и Бугарите и давал посебни стипендии за Македонци.[47]

Со постепеното освојување на југоисточна Европа од страна на Османлиите во доцниот 14 век, името на Македонија исчезнало како административен ознака. Сепак, подоцна под влијание на Ренесансата и враќањето на античкиите вредности почнале да се појавуваат заборавените антички имиња. Ова доведува до силна афирмација кон Македонија и Македонците, како план за обновуваање на славните антички држави, чии територии се наоѓале под турска власт. Како што истакнува Блаже Ристовски, идеите за македонски идентитет се јавуваат во 15 - 18 век надвор од Македонија и потекнуваат од географскиот поим Македонија и од античкото народно име Македонци. Според Ристовски, кон 18 век, со разгорувањето на интересот кон словенството и посебно кон старословенскиот јазик, бугарското име почнало да се реактивира во Македонија, бидејќи истражувачите го наоѓале во старите пишани споменици на словенски и други јазици. Тоа според него не може да се објаснува како резулатат на некаква бугарска пропаганда, зашто за таква не може да се зборува до 60-тите и 70-тите години на 19 в. Сè дотогаш според Ристовски, може да се смета дека е имало истоименост на преставниците на двата народа. Македонското национално име било прифатено од самите Македонски Словени во втората половина на 19. век.[48] При прифаќањето на ова име Македонските Словени биле сфаќани како како потомци на старите Македонци, кои биле прогласени за најстари Словени на Балканов. Во 1903 Павел Шатев го забележал процесот на идентитетска диференцијација во затворот Једи Куле, каде утврдил постоење на луѓе кои се сметале како „Бугари по националност“, но „пред сè за Македонци“. Политичкиот контекст на постосманлиската епоха ја фаворизирал трансформацијата на овој идентитет во еден важен социокултуролошки феномен. Според Иван Катарџиев македонската свест почнала да се развива помасовно по Првата светска војна, највеќе во Србија и во Грција, бидејќи таму се спречила бугарската пропаганда. Инаку за посебна македонска нација може да се зборува по 1944 г. благодарение постоењето на државниот субјект НР Македонија во рамките на Југославија.[49]

Причини за проблемот со идентификацијата во минатото[уреди]

Управниците на Отоманската империја, преку создавањето на Рум-милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дала на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станала официјална институција во отоманска Турција, и започнала да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот полуостров[50].

Имено, овој милетски систем довел до тоа Македонците да се определуваат според црквата под чијашто ингеренција се наоѓале. Со создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонците биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби[43]. Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочиле.

Македонската преродба[уреди]

И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди, коишто се бореле за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци[51].

Со појавувањето на вакви личности кои пропагираат постоење на посебен Македонски народ, започнува периодот наречен Македонска преродба. А луѓето кои се директно влкучени во овој процес се наречени Македонски преродбеници.

Некои преродбеници се декларираат како директни потомци на Словените кои се населиле во Македонија во 6-ти век[52]; други сметаат дека се потомци на античките Македонци и на Александар Македонски (кого го сметаат за Словен)[53], а трети пак мислат дека се мешавина од двата народа[54]. Едно е важно и кај трите мислења - тоа што се застапуват за посебноста на Македонскиот народ.

Истакнати преродбеници[уреди]

Крсте Мисирков.


Првиот позначаен македонски преродбеник е Ѓорѓи Пулевски. Пулевски целиот живот го оддава на борбата против турското ропство. Учествува како доброволец во руската армија во војните за ослободување на Србија и Бугарија. Учесник е и во Кресненското востание. Го издава првиот речник на говорен македонски јазик, насловен „Речник од три јазика“, во 1875 година. Во 1880 ја издава и книгата „Слогница речовска“, којашто се смета за прв обид да се направи граматика на македонски јазик. Во неа Пулевски се обидува да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, притоа креирајќи мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. Во неговата револуционерна поема „Самовила Македонска“, тој говори за посебен македонски народ, независна македонска држава и македонски јазик. Во 1888 во Софија ја формира Славјано-Македонската Книжевна Дружина.

Македонски Глас.
За Македонцките Работи.
Од „Речник од три јазика“ на Ѓорѓи Пулевски, 1875

Посебноста на Македонците се споменува и во писмото што Исаија Мажовски, за време на својата посета на Петербург во 1885, му го предава на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од дебарскиот крај, со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во Македонија. Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува и неговиот говор на рускиот брод „Рицар“ на 18 јули, 1888 година, на пат за Киев, по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите, кога тој ја истакнува својата теза дека Македонците се директни потомци на античките Македонци, донесени на балканските простори од цар Каран пред 2500 години. Иако историски неточна, оваа изјава е многу важна за процесот на оформување на Македонците[43].

Преродбеникот Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година во својата статија во весникот „Македонија“ од 16 фебруари 1871, по повод македонското прашање запишал: „не зинала земјата па да ги голтне старите Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ“. Оваа негова изјава се смета за прва прокламација на тезата за мешање на македонските Словени и античките Македонци[55].

Докази за пројава на македонски идентитет се и изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи, при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишуваат дека се припадници на Македонската нација[56].

Подоцна, во времето на Разловечкото и Кресненското востание, во периодот на 1875 и 1878 година, востаниците себеси јасно се декларираат како Македонци, припадници на македонскиот народ, кој е посебен словенски народ различен од бугарскиот и српскиот. Доказ за ова е Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава[57].

Во овој период за силната национална свест на Македонците, сведочи и големиот македонист, и еден од најнационлно освестените Македонци во тоа време, охриѓанецот Темко Попов. Тој во своето дело „Кој е крив“, напишано на македонски народен јазик во 1887 година, ја запишува реченицата од суштинско значење за свеста за нацоналната посебност кај Македонците: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Б’лгарин иљи Србин.“.

Прв странски автор кој пишува за постоење на луѓе од Македонија кои се декларираат како припадници на посебен македонски народ е бугарскиот писател Петко Славејков, во својата статија насловена „Македонското прашање“ објавена на 18 јануари, 1871 година, во весникот „Македонија“. Неговата статија е сведоштво за постоење на силната македонска национална свест меѓу Македонците за нивната национална посебност од останатите соседни народи. Во неговата статија тој вели: Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини (Велес, Скопје, Прилеп, Битола)[58].

Во тоа време се прават и првите обиди за воведување на народен македонски јазик во училиштата, на местото на грчкиот јазик што се изучувал дотогаш. Пример за тоа е и одлуката на Костурската црковна општина во 1882 да воведе народен македонски јазик во училиштата, како и да се изработат учебници на македонски јазик. Ова, тие го побарале и од турските власти, во што јасно се изјасниле дека се Македонци и сакаат да се учи на македонски јазик во нивната област.

Треба да се спомене весникот „Лоза“, којшто се издава во 1892 година од страна на Младата македонска дружина во Софија (по кој и целото ова движење ќе го добие името „лозари“), уредувано од страна на Петар Попарсов и други македонски дејци. Иако карактерот на весникот е спорен (заради учество на врховисти како Милан Матов и Андреј Љапчев во редакцијата), весникот е од огромно значење за посебноста на македонскиот јазик, а со тоа и народ - заради фактот што и покрај тоа што издавачите го владееле бугарскиот јазик, тие сепак сите статии ги пишуваат на изработена од нив азбука (слична со денешната македонска) и на народен македонски говор. Токму поради јазикот на кој бил издаван (македонски народни говори, фонетски правопис, воведување на нови букви), како и заради својата содржина која обработува етнографски, политички и културни елементи од животот на Македонците, наскоро бил забранет од бугарските власти со образложение дека бил сепаратистички.


Дефинитивно највлијателниот македонски преродбеник е Крсте Петков Мисирков, кој во 1903 година во Софија ја печати својата фундаментална книга „За македонцките работи“. Во книгата Мисирков на детален начин ги образложува философските основи на модерниот македонски идентитет - дека Македонецот иако е сроден со Бугаринот и Србинот, тој сепак е посебен, и треба да се бори за таа своја посебност. Објаснува дека училиштата на соседните држави во Македонија треба да се заменат со македонски училишта во кои ќе се предава на македонски јазик и ќе се учи македонска историја. Мисирков, заедно со Димитрија Чуповски и други македонски студенти и емигранти, на 28 октомври 1902 година во Петербург го основа Македонското научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методиј“. Автор е на многу дела кои ја разгледуваат тематиката на посебноста и самобитноста на Македонецот. Кон крајот на животот, тој го искажува своето национално самосознание во неговиот последен текст „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год, во кој вели: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште[59].

Прв сериозен весник издаван од Македонци, во којшто се потенцира посебноста на македонскиот народ и Македонија, е весникот издаван од страна на Димитрија Чуповски и дејците од Петербуршката Македонска Колонија, „Македонски Глас“. Весникот се издава во периодот 1912-1918 на руски јазик. Опфаќа теми од историското минато и сегашност на Македонците, политичката ситуација, како и за културното богатство. Во неговата статија „За Македонија и Македонците“ издадена во „Македонски Глас“ на 9 јуни 1913, Димитрија Чуповски дава детален опис на историјата на македонскиот народ, неговиот бит и борбите за ослободување. Димитрија Чуповски и весникот што тој го печати, „Македонски Глас“, се многу важен момент во изградувањето на Македонците, зашто претставува прв обид на Македонците, преку создавање на нивен сопствен медиум, да пропагираат дека Македонците не се Бугари или Срби, туку посебен словенски народ[60].

Странски видни личности- подржувачи на Македонците[уреди]

При зацврстувањето на позициите на Македонците во светската научна јавност имале удел и странски видни личности кои ги подржувале македонците и македонскиот идентитет. Еден од позначајните подржувачи на македонците бил Вилијам Гладстон, кој во еден допис објавен во The Times во Лондон вели:


... Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојаните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто за не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?

—William Gladstone, The Times, 6 февруари 1897

Покрај Гладстон, интересна историска личност која ги подржувала Македонците бил и Анатол Франс. Тој за време на својот говор во Женева на тема „Македонија и Ерменија“ на 17 март 1903, меѓу другото изјавил:

Граѓани, интересирајќи се за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе, ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба и за зацврстување на општиот мир, полно и целосно извршување на Берлинскиот договор, што се однесува за Ерменија и Македонија.

—Anatole France, Женева, 17 март 1903

Историја на Македонците[уреди]

Етничко знаме на македонците

Дел од серијалот на статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
Н.О.Б. (1941-1944)
Н.О.Ф. (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинството. Почнувајќи од војните меѓу македонските Словени и Византиската Империја, војните против Осламнлиите, буните на Македонците против турското ропство, масовните вооружени востанија против Осламнлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941-1944 во Вардарска Македонија и 1943-1949 во Егејска Македонија.[61].

Целата таа непрекината борба, на Македонците им го дава епитетот непокорни. Непокорот на Македонецот ја воодушевува европската и американската општественост, и големи историски личности како Вилијам Гладстон, Лав Толстој, Жан Жорес, Фридрих Енгелс, Хенри Брејлсфорд, А.Г. Хелс, Владимир Ленин, Џејмс Баучер, Франц де Јенсен, Ромуалд Пржевалски, Виктор Берар, Терезина Јенкова, Максим Горки, Казимјеж Мочарски и многу други[61].

Борбите со Византија[уреди]

Македонските склавинии[уреди]

Македонските Словени, водени од кнез Хатсон, пред нападот на град Солун.

За време на словенската инвазија врз Византија, Македонските Словени успеваат да извојуваат пат до најјужните предели на империјата. До крајот на 6 век, целата територија на Македонија (освен Солун и приморските тврдини) е во рацете на Словените. Словенските племиња кои се населуваат во Македонија се Берзити (брсјаци), Смолјани, Струмјани, Драговити, Сагудати, Ринхини, Велегезити и Венити[32].

Во најстарите историски извори за македонските Словени, „Животот на Св. Димитрија Солунски“, тие се опишани како физички издржливи, имуни на многу болести коишто за Ромеите се смртоносни, и многу лукави во војувањето. Откако се населуваат на територијата на географска Македонија, Словените се самоорганизираат во Склавинии - коишто претставуваат полу-државни воено-племенски сојузи, коишто, пак, се обединети во кнежевства - управувани од кнез[35].

Македонските Словени ја создаваат својата прва држава (сојуз на склавинии) уште во дваесеттите години на 7 век, под водството на кнезот Хатсон. Хатсон ја води армијата на македонските Словени во неколку успешни битки против визаниската армија, натерувајќи ја притоа да се сокрие во утврдениот град Солун. Хатсон подоцна решава да изврши напад врз Солун. Словените од 584 до 677 година извршуваат пет напади и две долги опсади на градот Солун. Најголем е нападот организиран од кнез Хатсон, 614-616. По почетните триумфи, во самата битка за градот, кнез Хатсон загинува, а армијата на македонските Склавинии е поразена. 50 години подоцна, македонските склавинии се соземаат и почнуваат нов напад врз Солун под водството на кнез Пребонд. Градот е под опсада долго време, но армијата на кнезот е поразена, и македонските Словени потпаѓаат под византиска власт[35].

Самуилово Царство[уреди]

По ослабувањето на Бугарската држава заради долгогодишните војни со Византија, управникот на областа Македонија, комит Никола, во 970 година се одделува, формирајќи своја држава. По краткотрајна борба за превласт помеѓу неговите четири сина, во 976 година на чело на новоформираната држава застанува Самуил. Престолнината на новата држава е градот Преспа[62].

Самоиловото царство во 996 година.

Самуил води 20 годишна војна со Византија, којашто цело време врши напади врз неговата држава. По почетните победи, неговото царство се проширува кон териториите на денешна Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија. Следните десет години, Самуил води успешни борби за сочувување на териториите на својата држава. Но во јули 1014 година, во битката кај Беласица, неговата армија е поразена од византискиот император Василиј II Македонски.[62].

Иако не успева да ја сочува независноста на неговата земја од Византија, Самуил со децении успешно се спротивставува на Византија и останува во историјата како единствениот водач кој успеал да го победил Василиј II во битка.

Иако потеклото на Самуил е спорно, треба да се потенцира дека неговата армија е составена исклучиво од луѓе од Македонија. Неговото име и дело е врежано во традициите на македонскиот народ и понатаму неговото име се спомнува како дел од процесот на народната преродба.

Државата на Добромир Хрс[уреди]

Позначајни македонски буни против византискиот гнет се организираните буни од страна на Добромир Хрс и Петар Дељан[32].

Во моментот кога Византија започнува поход против бугарските востаници во Велико Трново, во околината на град Струмица, се дига востание. Востанието е водено од македонскиот бољар Добромир Хрс. Во 1190 година, востаничка војска од 600 души под негова команда го напаѓа и освојува од Византијците, утврдениот град Струмица. Веднаш потоа, мобилизирајќи го локалното население ги раширува границите на своите владенија[62].

Добромир хрс се покажува како итар дипломат кога во 1193 година склучува пакт со Византијците, кои му ги признаваат територијалните придобивки околу Струмица, и почнува војна против Бугарите. Кога гледа дека Византијците си ја повраќаат силата и постигнуваат успеси во борбата против Бугарите, Хрс го ракинува пактот со Ромеи и ги напаѓа нивните владенија на запад од Вардар. Успевајќи да им нанесе десетици порази на Византијците, Хрс ги освојува градовите Прилеп и Битола, како и гратчето Просак (денешна Демир Капија), коешто го прогласува за престолнина. Следните неколку години успева да осигура стабилност на неговата држава, војувајќи и против Византија, и против Бугарија[32].

Но во 1205 година, под ударот на десет пати поголемата византиска армија, државата на Хрс е покорена. Хрс засекогаш останува во македонската историја како најуспешниуот и најлукавиот владетел-дипломат.

Борбите со Османлиите[уреди]

Во почетокот на 14 век, по сеодајна борба против османлиските Турци, територијата на Македонија паѓа под Османлиска власт. Периодот од 1400 до 1912 година од страна на македонската наука се нарекува османлиско ропство, или едноставно турско ропство[32]. Целиот овој период, македонскиот народ, како и други христијански народи, е изложен на еден постојан физички гнет. Честите колежи и насилното исламизирање доведуваат до драстични демографски промени кај македонскиот народ. Специјалните закони за ограничување на правата на немуслиманите, прават Македонецот да биде слуга на Турците и другите азијатски народи-колонизатори на Балканскиот полуостров[63].

Но македонскиот народ својот револт го манифестира со многуте буни и востанија. Уште од првите децении на османлиското ропство, македонските планини се полнат со ајдути - заштитници на народот и борци против неправдата[32].

Првите вооружени пројави се неорганизирани, спонтани, и најчесто имаат карактер на селски буни. Но на крајот на XIX и почетокот XX, особено по формирањето на ВМОРО, востанијата се организрани и даваат забележителни резултати[64].

И покрај петвековното ропство, македонскиот народ успеал да го сочува својот јазик, традиција и културно наследство.

Востанија[уреди]

Карпошовото востание[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Карпошово востание.
Писмо од австрискиот император Леополд I во кое се дава подршка за македонските востаници на Карпош.
Карпош - реконструкција.

Првото поголемо и позначајно македонско востание е Карпошовото востание. Тоа е организирано од страна на легендарниот македонски водач Карпош. Карпош е роден во кумановското село Војник. Отпрвин Карпош бил рудар, но неможејќи да ги поднесе тешките услови и понижувањето, се вооружал и отишол во планина како ајдутин. За време на Австро-Турската војна, Карпош почнал да го организира народот по селата создавајќи притоа силна востаничка армија. Стапува во контакт со австриската армија, којашто му дава дури и еден одред од Австријци и Унгарци, којшто ќе биде под негова команда[65].

Карпошовата востаничка армија од 5000 души води неколку битки со Турците, кои завршуваат со пораз за Турците, притоа успевајќи во цела Северна Македонија да создаде слободна востаничка територија. Благодарение на активноста на Карпошовата војска, Австријците успеваат да стигнат до стратешки победи, и како благодарност и признание за борбата на македонските востаници на Карпош, австрискиот император го прогласува Карпош за Крал на Куманово и вазал на Австрија[65].

Во понатамошниот тек на војната, Австрија не успева да ја донесе ветената помош, и слободната територија во Северна Македонија е покорена и востанието брутално задушено. Самиот Карпош е обесен во Скопје, на Камениот мост во 1689 година.

Разловечко[уреди]

Народностите на Балканскиот Полуостров во доцниот 19 век (Pallas Nagy Lexikona, 1897):
  Срби и Македонци
  Албанци и Срби
  Грци и Албанци
  Грци и Османлии
  Бугари и Османлии
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Разловечко востание.

Повлијаени од Херцеговското востание и од подготовките на Русија за војна против османлиска Турција, во источна Македонија започнува една револуционерна дејност. Беровскиот првенец Димитар Поп Георгиев и неговиот дедо Поп Стојан Разловечки се водачи на ова движење. Тие прават конспиративна група која подготвува и почнува да исполнува план за востание во источна Македонија. Без да разберат турските власти, групата предводена од Димитар Поп-Георгиев агититира по селата и започнува да ги вооружува селаните со пушки купени од Кочани и од Ќустендил[66].

Димитар Поп Георгиев.

Иако успеваат да вооружат неколку села, заради едно недоразборање - имено мислејќи дека се откриени од властите, раководителите на 8 мај 1876 година објавуваат предвремено востание. Востаниците го преземаат селото Разловци, а следните денови во битки со Турците ги освојуваат и останатите села во регионот. Востанието заради тоа што е неподготвено трае само една недела, но е од големо значење за Македонците, затоа што претставува прво современо македонско востание, што е навистина израз на самостојна револуционерна дејност, со учество на сите општествени слоеви: учители, свештеници, трговци и занаетчии, а најмасовно учество земаат македонските селани[66].

Четите под раководство на Димитар Поп Георгиев се префрлуваат во Пиринска Македонија и Бервско, кадешто следната година го организираат попознатото и поуспешно Кресненско востание.

Кресненско[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кресненско востание.

По Разловечкото востание, Димитар Поп Георгиев се пријавува како доброволец во Руската армија во Одеса, и од 1977 до 1878 учествува во сите поважни битки во војната. Имено, од редовите на македонските војници во Руската армија се раѓаат раководителите на Кресненското востание.

Илија Малешевски.

Кресненското Востание е организирано од македонските војници кои служат во македонскиот полк во Руската армија, за време на Руско-Турската Војна од 1877-1878. Разочарани од тоа што Великите Сили не и дозволуваат на Русија да навлезе во Македонија, дел од македонските војници под командата на поручникот Димитар Поп Георгиев во соработка со локални луѓе од Пијанечко и Малешевско, организираат транспорт на оружје и муниција за вооружување на востанието. Како доброволци во востаничката војска се пријавуваат и Украинци од Руската армија[66].

Печат на Кресненското востание.

Востанието започнува на 17 октомври 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 700 востаници и селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници. По ослободувањето на Кресна, востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско, при што се создава голема слободна територија во областа на денешна источна Македонија[62].

Значајното за Кресненското востание е тоа што востаничките водачи, во ослободените територии воведуваат административна власт. Штабот на востанието на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски и Украинецот Калмиков, се нарекува „штаб на македонското востание“, прави свој печат, и издава правилник во кој востанието се нарекува Македонско, а населението Македонци[66].

По првите успеси, настанува спор и недоразбирање меѓу востаниците и бугарската егзархија. Турците го искористуваат расцепот, и на 11 ноември, по долготрајни борби успеваат да го задушат востанието.

Илинденско[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Илинденско востание.
Група македонски востаници во 1903 година.

Илинденското вистание е организирано од револуционерната организација ВМОРО. По неколкугодишно вооружување на населението, притоа создавајќи една вистинска држава во држава, на Смилевскиот конгрес на организацијатана на 20 јули (2 август нов стил) е решено 1903 година во Битолскиот вилает да се дигне сенародно востание[64].

8000 вооружени Македонци востануваат на 2 август 1903 година и ги растресуваат темелите на отоманската власт во Македонија. Во првите два дена од востанието, македонските востаници со пушка во раце ослободуваат 150 села и три града (Крушево, Невеска и Клисура). Се создава една ослободена територија која се протега од дебарско-кичевскиот регион, преку Охридско, Струшко, Битолско, Леринско, Костурско, и Воденско. Целата турска војска и администрацијата од оваа територија е или ликвидирана или пребегната.

Костурските востаници го преземаат градот Клисура.

Вооружени битки се водат и во Пиринскиот крај, во Кумановско, во Гевгелиско, и во Делчевско. Востанието трае цели 4 месеци (почнува на 2 август, а последните вооружени дејствија завршуваат во ноември)[64].

Илинденското востание се смета од многу Македонци како највеликиот ден во историјата на македонскиот народ - затоа што 8000 вооружени луѓе водат војна против 300 000 редовна армија и за време на четиримесечни битки ѝ нанесуваат големи жртви (востаничките загуби се 860, а турските се околу 5 900)[62].

Илинденското востание успева да постигне дел од своите цели - европската опшественост е раздвижена, и се почнува дебата за иднината на Македонија, која резултира со австриско-рускиот договор за реформи во Македонија познат под името Мирцштегски договор[64].

1912-1941[уреди]

Букурешка Македонија по 1913 година.
Димитар Влахов, водачот на ВМРО (обединета).

До Илинденското востание, ВМОРО се бори за независна Македонија во која сите македонски народности ќе бидат рамноправни. Но по 1903 година, раководството на ВМОРО преоѓа во рацете на оние Македонци кои сметаат дека Македонија треба по нејзиното ослободување да биде дел од Велика Бугарија. До 1912 година, Македонија ќе се претвори во арена на која три различни движења (бугарофилски, србомански и гркомански) водат крвави борби една против друга за превласт над Македонија[67]. Во 1913 година, по Балканските војни, со договорот од Букурешт, географска Македонија е поделена меѓу трите балкански монархии, Грција, Србија и Бугарија. Доаѓа и Првата Светска војна, која не носи решавање на Македонското прашање. Голем дел од македонскиот народ, очаен од војни, репресии и поделби, успева да биде придобиен од про-бугарската автономистичка организација ВМРО, која преку лажни ветувања за независна Македонија прави востанија и буни, во кои најмногу страда обичниот Македонец[67].

Во тоа време има две организации кои навистина се борат за слобода на македонскиот народ, и кои пропагираат дека Македонците се посебен народ, а не Срби, Бугари и Грци - тоа се Петербуршкото Македонско Друштво водено од Димитрија Чуповски, и ВМРО (обединета) водена од Димитар Влахов, Панко Брашнаров и Павел Шатев[62]..

Значајното во овој период е тоа што, разочарани од империјалистичките политики на балканските држави, кај Македонците се зацврстува и кристализира нивната посебност - т.е. се раширува идејата дека тие се посебен народ, различен од Грците, Бугарите и Србите, и дека се обесправен народ, разделен, кој заслужува да си има своја држава и сам да управува со својата судбина[51].

Овој процес го достигнува врвниот момент во Втората Светска војна и непосредно по неа, кога на териториите на сите три дела од географска Македонија (Вардарски, Пирински и Егејски) се отвораат училишта на македонски јазик и се формираат македонски институции[68].

Народноослободителна војна[уреди]

Македонскиот народ во својот поголем дел ја пречекува Втората Светска војна национално освестен. Меѓу двете Светски војни, Македонците осознаваат дека само со помош на комунистичките партии и со социјалистичка револуција ќе успеат да се изборат за своите права и да создадат своја држава. Во тој правец дејствува ВМРО (обединета), а во исто време се создаваат и првите комунистички организации во сите делови на Македонија (Вардарски, Пирински и Егејски)[69].

Фашистичките агресии на Балканот отвораат пат на една нова борба, во која Македонците истакнувајќи се со хероизам и пожртвуваност ќе успеат да ги исполнат вековните стремежи.

Вардарска Македонија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Народно-ослободителната борба.

Востанието против фашистичките окупатори во Македонија започнува во октомври 1941 година со партизански акции во Прилеп и Куманово. Партизанска активност се забележува и во велешко и Тиквешијата.

Методија Андонов Ченто со група партизани.

Во 1943 година на Славеј планина е форморан партизанскиот батаљон „Мирче Ацев“ од кој е создадена народноослободителната војска на Македонија. Вистинскиот пресврт на настаните настанува во почетокот на 1944 година, кога македонската партизанска армија брои неколку илјади души и го извршува познатиот февруарски поход. За задушување на партизанското движење во Македонија, освен целосниот состав на бугарската Петта армија, биле ангажирани и 91-от германски армиски корпус од Солун со 4 бригадни групи[70].

По капитулацијата на фашистичка Бугарија, целата народно-ослободителна војска во Вардарска Македонија започнува фронтална офанзива за ликвидирање на германските воени единици стационирани во Македонија.

На 2 август 1944 година, во манастирот „Прохор Пчињски“ се одржува Првото заседание на АСНОМ, со кое се поставуваат темелите на современата македонска државност. Исто така на заседанието се даваат главните насоки за завршните операции за ослободување на Македонија[70].

До крајот на 1944 година, целата територија на Вардарска Македонија е во рацете на Народно-ослободителната војска.

Егејска Македонија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Народно Ослободителен Фронт.
Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ.

По капитулирањето на Грција, грчката партизанска амрија ЕЛАС прави неколку неуспешни обиди да го мобилизира целосно македонското население за нејзината кауза. По неуспешните обиди, дозволува македонските членови на КПГ, да формираат нивна посебна организација СНОФ и посебни батаљони[71].

Во 1944 година СНОФ е расформирана по наредба на КПГ, и еден нејзин батаљон, незадоволен од оваа одлука се префрлува во Вардарска Македонија, и тука зема учество во завршните операции на НОБ. Во 1945 година овие единици се префрлуваат во Егејска Македонија и учествуваат во создавањето на Народно Ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија, а потоа учествуваат во Граѓанската војна во Грција[72].

Македонците кои претставуваат 60% од силите на ДАГ, се борат од 1945-1949 и успеваат да создадат слободни територии во кои се води македонска културна дејност. Но, поради отворената англо-американска помош на владината армија, ДАГ е поразена, и 50 000 луѓе се протерани од земјата[73].

Пиринска Македонија[уреди]

Во Пиринска Македонија всушност и започнува антифашистичката борба во Бугарија. Таму се води првата битка меѓу партизанска единица во Бугарија продив владини фашистички сили. По Втората Светска војна, БКП на чело со Георги Димитров е подготвена да ја отстапи Пиринска Македонија за да се спои со Вардарска. Затоа и до 1949 е дозволено македонски учители да бидат испраќани таму за да ги учат децата на македонски јазик и историја[74].

Но, заради судирот на Тито со Советскиот Сојуз и остатокот од Источниот блок, овој процес е прекинат.

Населеност на Македонците[уреди]

Македонците во Република Македонија[уреди]

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година, бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%)[75]. Бројот на Македонци во пописната година 1994 во државата е 1 378 687 - причина за намалувањето е емиграцијата во прекуокеанските земји.

Според податоците од пописот во 2002 година, бројот на граѓани чиј мајчин јазик е македонскиот изнесува 1 401 897 (69,31%) души [75].

Македонци во соседните земји[уреди]

Во соседните земји, односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо (географски територии на Македонија), Гора (македонска етничка територија поделена меѓу Албанија и Косово) и во Србија живеат околу 500 000 души кои го говорат македонскиот јазик[76][77]. Македонската емиграција во Бугарија е најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.[78] Официјалната теза на Република Македонија е дека овие луѓе се Македонци по потекло, иако дел од нив не успеал да оформи, или пак го загубил националното чувство поради репресиите и пропагандите во минатото, како и заради денешната асимилаторска политика од страна на државите во коишто живеат, а и поради неможноста да го изучуваат и да се образуваат на мајчиниот македонски јазик. Огромниот дел од нив го говорат мајчиниот дијалект и ги негуваат македонските културни традиции и родови врски.

Македонците во светот[уреди]

Бројност на македонците во светот

Официјалната македонска статистика за бројот на Македонци во странство е несигурна, но се претпоставува дека се движи меѓу 300 000 и 500 000 души, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Италија, Австрија, па дури и во Бразил, Аргентина и Јужноафриканската Република. Во западноевропските и прекуокеанските земји, Македонците слободно и достојно ги негуваат своите македонски традиции и се организирани во македонски клубови и друштва, имаат свои културно-уметнички друштва, цркви, радио и телевизиски програми, а во австралискиот град Сиднеј постои и гиманзиска паралелка на македонски јазик[се бара извор].

Официјално бројот на Македонците во Република Македонија, соседството и во светот е околу 2 милиона. Постојат и некои мислења дека бројот изнесува 3 до 4 милиони[79], но тие не се докажани со официјални статистики.

Национални симболи[уреди]

Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш и златниот лав, предлог за грб на Република Македониja, симбол на средновековна Македонија и на Илинденската епопеја.

Како неофицијални но, масовно употребувани македонски национални симболи се користат шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш, коешто било симбол на античка Македонија и државно знаме на Република Македонија по независноста од 1991 до 1995, и жолтиот лав на црвена подлога, кој бил симбол на средновековна Македонија и официјално знаме на Илинденското востание. И двата симбола се користат на културни манифестации, спортски натпревари, митинзи, а се забелжува и нивна масовна употреба од страна на емиграцијата.

Едно од двата неофицијални симбола на Македонците - шеснаесет зрачното златно-жолто сонце од Кутлеш на црвена основа, беше и официјално државно знаме на Р. Македонија во периодот од 1991 до 1995 година.

И двете знамиња (и сонцето и лавот) се општоприфатени како македонски национални симболи насекаде каде што живеат Македонци, а исто така се употребуваат и како амблеми на македонските партии и организации во странство (околните држави) и во Македонија.

Македонскиот народ денес[уреди]

Македонците ги уживаат придобивките од борбата на нивните претци и слободно ја градат својата современа култура. Во својата најголема придобивка - слободната Република Македонија, Македонците се образуваат, надградуваат и се борат за подобро општество и животен стандард.

Со развојот на плурализмот, особено по 1992 година, и Македонците кои живеат во соседните балкански земји работат на афирмирање на нивните културни и социјални права. Најзначајни организации на Македонците од соседните земји се партијата „Виножито“ во Грција, „ОМО Илинден - Пирин“ во Бугарија, „Демократска партија на Македонците од Албанија“ и „Здружението на Македонците во Србија“.

Јавното мислење во Република Македонија е дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници во соседните земји за сочувување на македонскиот јазик и традиции таму, како и за почитување на човековите и малцинските права на Македонците. Иако секој обид на Република Македонија да помогне на Македонците од соседните земји на било кое поле (културно, научно, образовно, економско), од соседните земји се смета за „територијална претензија“ на Република Македонија, јавното мислење е дека тоа не треба да ја спречува Република Македонија да ги помага и поддржува Македонците надвор од нејзините граници.

Стратешки цели на Македонците и на република Македонија се стабилна политичка ситуација, силна економија и полноправно членство во НАТО и Европската Унија.

Македонци низ историјата[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Nasevski, Boško; Angelova, Dora. Gerovska, Dragica (1995). „Македонски Иселенички Алманах '95“. Skopje: Матица на Иселениците на Македонија. стр. 52 & 53. 
  2. 2002 census.
  3. 2006 Census.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Population Estimate from the MFA.
  5. Foreign Citizens in Italy, 2009.
  6. 2006 figures.
  7. 2005 Figures.
  8. 2009 Community Survey.
  9. Mac. Information Agency
  10. 2006 census.
  11. 2001 census.
  12. Попис у Србији 2011
  13. 2001 census - Tabelle 13: Ausländer nach Staatsangehörigkeit (ausgewählte Staaten), Altersgruppen und Geschlecht — p. 74.
  14. 14,0 14,1 1996 Estimate.
  15. http://www.fes.hr/E-books/pdf/Local%20Self%20Government/09.pdf Artan Hoxha and Alma Gurraj "LOCAL SELF-GOVERNMENT AND DECENTRALIZATION: CASE OF ALBANIA. HISTORY, REFORMES AND CHALLENGES" "...According to latest Albanian census conducted in April 1989, 98% of Albanian population are Albanian ethnic. The remaining 2% (or 64816 people) belong to ethnic minorities: the vast majority is composed by ethnic Greeks (58758 ); ethnic Macedonians (4697)...",[1], Joshua Project.
  16. OECD Statistics.
  17. 2002 census.
  18. 2002 census.
  19. 2006 census.
  20. „Belgium population statistics“. www.dofi.fgov.be. http://www.dofi.fgov.be/fr/statistieken/statistiques_etrangers/Stat_ETRANGERS.htm. конс. 9 јуни 2008. 
  21. 2008 census.
  22. 2008 figures.
  23. 2003 census,Population Estimate from the MFA.
  24. 2005 census.
  25. 25,0 25,1 Makedonci vo Svetot.
  26. Polands Holocaust: Ethnic Strife, Collaboration with Occupying Forces and Genocide in the Second Republic, 1918-1947, p. 260.
  27. 1.Bulgarian census data.
  28. Montenegrin 2011 census -.
  29. „Πίνακας 7: Αλλοδαποί κατά υπηκοότητα, φύλο και επίπεδο εκπαίδευσης - Σύνολο Ελλάδας και Νομοί“. „Greek National Statistics Agency“. http://www.statistics.gr/portal/page/portal/ESYE/BUCKET/A1602/Other/A1602_SAM07_TB_DC_00_2001_07_F_GR.pdf. конс. 20 април 2011. 
  30. „Greece – Report about Compliance with the Principles of the Framework Convention for the Protection of National Minorities (along guidelines for state reports according to Article 25.1 of the Convention)“. „Greek Helsinki Monitor (GHM) & Minority Rights Group – Greece (MRG-G)“. 18 септември 1999. http://dev.eurac.edu:8085/mugs2/do/blob.html?type=html&serial=1044526702223. конс. 12 јануари 2009. 
  31. 2002 census.
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 32,4 32,5 32,6 „Историја на македонскиот народ“, Др. Блаже Ристовски.
  33. „Македонија, нејзините луѓе и историја“, Стојан Прибичевиќ, Македонска Книга, Скопје, 1990
  34. "Macedonia and the Macedonian People: The History of the Macedonian People" Blaže Ristovski. Macedonian Academy of Sciences and Arts, Skopje, 1983 [2] стр. 6-7
  35. 35,0 35,1 35,2 35,3 „Македонските Словени од VI до IX век“, Др. Орде Иваноски
  36. European Journal of Human Genetics - Y chromosomal heritage of Croatian population and its island isolates.“. http://www.nature.com/ejhg/journal/v11/n7/full/5200992a.html. 
  37. Forensic Science International: Genetics, Volume 5, Issue 4, Pages e108-e111, August 2011, Genetic data for 17 Y-chromosomal STR loci in Macedonians in the Republic of Macedonia, Zlatko Jakovski, Ksenija Nikolova, Renata Jankova-Ajanovska, Damir Marjanovic, Naris Pojskic, Biljana Janeska.
  38. Petlichkovski A, Efinska-Mladenovska O, Trajkov D, Arsov T, Strezova A, Spiroski M (2004). „High-resolution typing of HLA-DRB1 locus in the Macedonian population“. „Tissue Antigens“ 64 (4): 486–91. doi:10.1111/j.1399-0039.2004.00273.x. PMID 15361127. 
  39. European Journal of Human Genetics – Y chromosomal heritage of Croatian population and its island isolates.“. http://www.nature.com/ejhg/journal/v11/n7/full/5200992a.html. 
  40. Semino, Ornella; Passarino, G; Oefner, PJ; Lin, AA; Arbuzova, S; Beckman, LE; De Benedictis, G; Francalacci, P; и др. (2000). „The Genetic Legacy of Paleolithic Homo sapiens sapiens in Extant Europeans: A Y Chromosome Perspective“ (PDF). „Science“ 290 (5494): 1155–59. doi:10.1126/science.290.5494.1155. PMID 11073453. http://hpgl.stanford.edu/publications/Science_2000_v290_p1155.pdf. 
  41. HLA-DRB and -DQB1 polymorphism in the Macedonian population, Hristova-Dimceva et al., Tissue Antigens, Volume 55, Number 1, January 2000 , pp. 53–56(4), Publisher: Wiley-Blackwell
  42. Rebala K et al. (2007), Y-STR variation among Slavs: evidence for the Slavic homeland in the middle Dnieper basin, Journal of Human Genetics, 52:406-14.
  43. 43,0 43,1 43,2 „Создавање на македонската нација“, Драган Ташковски
  44. „Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци“, Александар Донски
  45. „Спомени“, Димитар Влахов
  46. „Историја на Балканот“, Барбара Јелавич
  47. Светата столица одвојувала посебни стипендии за Македонци пред четири века!
  48. Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација. Скопје 1983. I. 57; 66-67.
  49. Реч оддржана на “Меѓународен научен собир 100 години “За македонцките работи” на Мисирков” во МАНУ од 2003 година.
  50. Histoire de la Grèce moderne“, Nikolaos Svoronos
  51. 51,0 51,1 „Кон македонската преродба“, Блаже Конески
  52. „За македонцките работи“, Крсте Мисирков
  53. Статија во весник „Македонски Голос“, Димитрија Чуповски
  54. Статија во весник „Македония“, (16 февруари 1871), Димитар Македонски.
  55. „Македонија. Лист за политика и книжевност“, Цариград
  56. „Македонскиот полк во Украина“, Др. Александар Матковски
  57. „Правилник - Устав на македонскиот востанички комитет“ од 1878
  58. The Macedonian question, Petko Slaveikov
  59. „Самоопределувањето на Македонците“, Крсте Мисирков
  60. Весник „Македонски глас“ бр. 1 од 9 јуни 1913 година
  61. 61,0 61,1 „Одѕивот на Илинденското востание во светот“, Др. Христо Андонов Пољански
  62. 62,0 62,1 62,2 62,3 62,4 62,5 „Документи за борбата на македонскиот народ за независност“, том I. Универзитетска Библиотека „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1985
  63. „Македонија, нејзините народи и нивната иднина“, Хенри Ноел Брејлсфорд
  64. 64,0 64,1 64,2 64,3 „Ослободитените борби на Македонија“, Христо Сиљанов
  65. 65,0 65,1 „Карпошевото востание“, Драган Ташковски
  66. 66,0 66,1 66,2 66,3 „Димитар Поп Георгиев - Беровски (1840-1907)“, Др. Александар Трајановски.
  67. 67,0 67,1 „Предавниците на македонското дело“, Димитар Влахов
  68. „Демократски и аитифашистички партии и организации во Егејскиот дел на Македонија (1941-1949)“, Ристо Кирјазовски
  69. „Егејска Македонија во НОБ“, уредил Ристо Кирјазовски
  70. 70,0 70,1 „Ослободителната војна и револуцијата во Македонија“, Михајло Апостолски
  71. Бугарската пропаганда во југозападна и централна Егејска Македонија (1941-1944)
  72. Егеjски бури - Револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егеjска Македоница. Вангел Аjановски Оче
  73. „Народно Ослободителниот Фронт и други организации на Македонците од Егејскиот дел на Македонија“, Ристо Кирјазовски
  74. „Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948“, Васил Јотевски
  75. 75,0 75,1 Попис на населението во Република Македонија од 2002 година
  76. Македонски малцинства на Балканот
  77. Македонскиот народ на Балканот
  78. "ЗАБОРАВЕНАТА ЕМИГРАЦИЈА СЕ ВРАЌА ДОМА", "Глобус", брoj 81, 04. 11. 2008.
  79. „Географија“ за 2 година во реформираното гимназиско образование, Просветно дело, Скопје 2002

Литература[уреди]

  • Игор Јанев, Legal Aspects of the Use of a Provisional Name for Macedonia in the United Nations System, AJIL, Vol. 93. no 1. 1999

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Македонци“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).