Македонија во Втората светска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за народноослободителната борба на македонскиот народ во сите три дела на Македонија. За народноослободителното движење во вардарскиот дел, видете Народноослободителна борба во Вардарска Македонија.

Народноослободителната борба на Македонците во Бугарија, во Грција и во Југославија не била раководена од еден центар. Таа била раководена од комунистички партии во соодветните држави, но тие партии имале различни ставови за македонското национално прашање. Меѓутоа сите комунистички партии кои дејствувале во одделните делови на Македонија и сред македонскиот народ, требале да водат сметка за барањата и интересите на Македонците, бидејќи македонското националноослободително движење во сите делови на Македонија кон крајот на четвртата деценија од 20 век, непосредно пред започнувањето на Втората светска војна, навлегло во нова и повисока фаза на развој. Тоа е време во кое, во сите три дела на Македонија без оглед на поделеноста и непостоењето на политичка и организациона поврзаност меѓу револуционерните сили на македонскиот народ, благодарение на претходните борби, на традицијата и изградената колективна историска и национална свест, процесот на афирмација на македонскиот национален и политички индивидуалитет, изразен низ формата на одбрана на правото за самостојност на македонскиот народ, ги зафатил скоро сите слоеви. Во сите три дела на Македонија на дневен ред се нашла борбата за признавање на националната самобитност на Македонците, борбата за афирмација на македонскиот јазик и за откривање на сопственото историско битие. Тоа е период во кој се акцентирала потребата од организиран и осмислен напор за афирмација на националното културно наследство на македонскиот народ и за развивање на современата македонска култура.[1]

Окупација на Македонија[уреди | уреди извор]

Наредба за окупација на Македонија
Етничко знаме на македонците
Етничко знаме на македонците

Дел од темата
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Окупацијата на Македонија во Втората светска војна била спроведена по капитулацијата на Кралството Југославија и Кралството Грција. Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македонија, Бугарија го анектира и најголемиот дел од Вардарскиот дел и дел од Егејскиот дел на Македонија (до реката Струма и островите Тасос и Самотракија), со вкупно 21.460 км2 и околу 876.000 жители.

Италија го доби најголемиот дел од Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар,Кичево, Дебар и Струга, најголемиот дел од преспанските села и Костурско, Леринско и Кожанско во Егејскиот дел на Македонија, со вкупно 4.314 км2 и со околу 232 илјади жители. Во јули, тоа окупационо подрачје било препуштено на анектирање од квислиншка Албанија. Така, Егејскиот дел на Македонија, кој дотогаш се наоѓал под грчка власт, бил поделен под бугарска, италијанска и германска окупација (Солунско, Воденско и Гуменџиско).

Заедно со германската војска што навлегувала во Македонија, во Скопје пристигнала од Бугарија една група на македонски политички емигранти, кои заедно со месни Македонци, под заштита на германската воена власт, на 13 април 1941 година го формирале Бугарскиот централен акционен комитет. Сета активност на Акциониот комитет требало да послужи како основа за што побрзо преземање на административната власт во Македонија од страна на Бугарија и аргумент за нејзино анектирање.

Помеѓу 9 и 10 мај 1941 година, бил формиран Албански комитет во Тетово, кој побарал овој град да биде ослободен од Италија и приклучен кон Албанија. По примерот на Албанскиот комитет во Тетово, слични комитети биле формирани и во други градови во западниот дел од Вардарска Македонија. Бугарската окупација на Вардарска Македонија започнала во втората половина на април 1941 година, а преземањето на новите административно-полициски органи се одвивала бргу. По доаѓањето на бугарските воени сили и полициски органи во Македонија, уследило и назначување на највисоки функционери во организираните обласни дирекции, кои претставувале највисока извршна власт на државниот ситем на Царството Бугарија.

Бугарската власт во окупираните делови на Македонија била ограничена од Нацистичка Германија. Некои германски институции што постоеле во окупираниот дел на Македонија биле во привилигирана положба, а со самото тоа се намалувале и ограничувале суверените права на Бугарија над окупираните подрачја во Македонија. Западна Македонија, во периодот од мај до јули 1941 година, претставувала окупациска област на италијанската војска. Новите власти создале посебен систем од разновидни мерки за економско искористување на риридните и другите богатства во Македонија. Бугарската влада за да си создаде потпора во оној дел од Македонија кој се наоѓал под нејзина власт, дозволила да се формираат фашистичките и националистичките организации.

Центарот на балистичката организација во западна Македонија се наоѓал во Гостивар. Овој центар бил раководен од Кадри Сали, а во Тетово Шуаиб Камбери. Овие двајца биле членови на фашистичкиот корпоративен совет во Тирана, а потоа членови на Окружниот комитет за Косово. Други истакнати балистички водачи биле: Џафер Сулејмани, Мунир Тршана, Осман Азизи, Фиќири Дина и други, а команданти на балистичките одреди биле Џемаил Хасани - Џемо и Мефаил Шеху - Зајази.

Почеток на народноослободителна борба во Македонија[уреди | уреди извор]

Иван Козарев
Писмото до Стојан
Покана за приклучок кон НОБ.

Еден месец по окупацијата на кралството Југославија, секретарот на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, Методија Шаторов - Шарло испратил проглас, именуван како Писмо до Стојана, до македонскиот народ. Во прогласот меѓу другото било истакнато:

„... безразличието на широките народни маси по одношението на југославјанската држава и правителства, који 23 години плјачкаја и потискаја народите на Југославија... како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски... Ние не видофме нити наши чиновници, нити да се споменува нешто за нашите македонски револуционери, што пак за македонската култура. Се што е наше ни се представуе како да е било бугарско... да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ.“ [2]

Оружениот отпор започнал непосредно по германскиот напад на СССР. Во Пиринскиот дел на Македонија, Иван Козарев ја формирал првата партизанска група, а непосредно по неа биле формирани и партизанските групи на Никола Парапунов [3] и Костадин Кантарџиев, поради што бугарските власти презеле апсење на околу 150 антифашисти. Во повеќе градови на Вардарскиот дел на Македонија биле организирани масовни илинденски демонстрации (2 август 1941). Истиот месец скопските диверзанти извршиле успешни диверзии во рудникот за хром Радуша, на аеродромот Петровец, на железничката линија и на други објекти, а потоа биле формирани и Скопскиот НОП одред (22 август 1941) и Прилепската партизанска чета (12 септември 1941). На 11 октомври 1941 година, Прилепскиот партизански одред извршил напад врз полицискиот участок во Прилеп, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп.

По нападот на Советскиот Сојуз, низ цела Егејска Македонија се засилила активноста за подготовака на вооружената борба под раководство на Комунистичката партија на Грција. Оваа партија ги зацврстила врските со Покраинскиот комитет за Македонија во Солун. Еден од најкрупните настани во 1941 година е Драмското востание, во кое масовно учествувале Грците и Македонците од тој крај. Востанието започнало на 29 септември, а пред самиот негов почеток биле изврешени повеќе вооружени и диверзански акции. Ослободувањето на Македонија во Втората светска војна била последната етапа во борбата на македонскиот народ во средината на 1944 година. Ширум Македонија биле формирани околу 500 Народно ослободителни одбори и биле избрани 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ како највисоко законодавно и извршно народно претставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик бил прогласен за службен во македонската држава и започнал државниот развиток на Демократска Федерална Македонија како федеративна држава во рамките на ДФ Југославија. Тие решенија биле поддржани и од првата легална конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија биле формирани Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски баталјон и потоа Првата егејска НО бригада, која зела учество во борбите за ослободување на Тетовско и Гостиварско.

Во времето на завршните операции за ослободувањето на Македонија, под командата на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија и Партизанските одреди на Македонија веќе имале околу 85000 учесници во НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

По капитулацијата на Царството Бугарија, германските сили се повлекувале со големи загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово завршило целосното ослободување на Вардарска Македонија. Подоцна македонските дивизии учествувале и во ослободувањето на Косово и Јужна Србија, а Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ, составен од 22 000 борци борци, земал учество и во завршните операции за ослободување на Југославија. Македонскиот народ во Вардарска Македонија ја завршил војната со околу 25 000 загинати борци и жртви. Од нив по националност: 7,000 Евреи, 7,000 Македонци, 6,000 Срби, 4,000 Албанци и 1,000 Бугари (2,000 цивилни, 1,000 колаборационисти, 14,000 Југославски воjници и партизани и 7,000 логорници). Со сето тоа НОАВМ даде значителен придонес во антифашистичката војна на Балканот и во Европа.

Развој на народноослободителната борба на Македонија[уреди | уреди извор]

Елпида Караманди
Партизани на планината Мукос, 1942

Развојот на народноослободителната борба на Македонија се одвивал во текот на 1942 година. На Јануарското советување одржано во Скопје на 7 јануари 1942 година. На ова советување учествувале 25 делегати и други кумунистички дејци. На советувањето било одлучено во иднина партизанските одреди да бидат мали и подвижни, да имаат народен карактер и нивната цел, преку развивање на националноослободителната борба, да биде извојување на национална слобода на македонскиот народ. Во однос на дејноста на ПК било одлучено засилување на партиската политичка активност сред селаните.

ПК и Покраински штаб, под влијание на внатршната и надворешната состојба, во март 1942 година донеле одлука за организирање на нови партизански одреди. Биле формирани уште четири одреди во Битолско, Крушевско, Мавровско и на Шар Планина. Во Пиринскиот дел на Македонија биле формирани нови партизански групи во Горноџумајско, Неврокопско и Петричко и бил извршен оружен напад на германската станица за врски во Горна Џумаја.

Борбата во 1942 година, покрај дејствувањето на партизанските одреди, е исполнета со разни форми на отпор во кој на свој начин учествувал целиот народ. Чести биле атентатите, демонстрациите, саботажите и многу други активности со кои се негирала окупаторската власт. Атентати биле организирани врз претставниците на окупаторската власт како и нивните соработници. Во 1942 година во Скопје бил извршен атентат врз агентот Мане Мачков, во Велес бил ликвидиран полициски соработник, во Битола бил извршен атентат врз полицискиот началник и др.

Разгор на народноослободителната борба на Македонија[уреди | уреди извор]

Кузман Јосифовски - Питу
Слободни територии во Вардарска Македонија во 1943 година

Разгорот на народноослободителната борба на Македонија се одвивал во текот на 1943 година. По формирањето на КПМ и неговиот централен комитет, било решено Главниот штаб на НОПОМ и другите воени штабови да излезат на терен за непосредно раководење на оружената борба. Биле формирани и пет обласни комитети на КПМ и пет оперативни зони на НОВ и ПОМ, со задача да се поврзат со воено-политичките раководства на отпорот во Албанија, Бугарија и Грција.

Во Пиринскиот дел на Македонија бил формиран НОПО Јане Сандански, а потоа и НОПО Никола Калапчиев во Горноџумајско, НОПО Антон Попов во Петричко и партизанските чети во Светиврачко и во Мелничко. Биле создадени силни жаришта на оружената борба во Дебрца, Преспа, Тиквешко, Гевгелиско и Кумановско.

На Преспанското советување било решено да почнат подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власта во македонската држава, да се формираат баталјони и бригади, команди на местата и на подрачјата, обласни и околиски НОО. Наскоро потоа бил формиран Народноослободителниот баталјон Мирче Ацев како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ. и ПОМ.

По капитулацијата на Италија единиците на НОВ и ПОМ заплениле големо количество оружје и муниција. На слободните територии се создавале и легални НОО, бил формиран и првиот легален Околиски НОО во слободното Кичево, биле организирани санитетска и амбулантна служба, биле отворени првите училишта на македонски наставен јазик и се одржал првиот свештенички народен собор како зачеток на автокефалноста на македонската црква. Издавачката дејност на македонски јазик добивала уште поголеми размери.

Бил објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ како програмски документ за целите на НОАВМ. При ГШ пристигнала и првата англиска сојузничка мисија како значаен акт на меѓународно признание на НОАВМ. Воените сили на НОВ и ПОМ нараснале на 6 баталјони, една чета со тешко оружје и една батерија топови, а била формирана и Првата македонско-косовска НОУ бригада. ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ го формирале Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и биле избрани 42 делегата за Второто заседание на АВНОЈ, кои поради воените услови не успеале да учествуваат во неговата работа.

Во Костурско и Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, биле формирани Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) и Славјаномакедонската ослободителна војска (СОВ) како вооружен дел на СНОФ, во чии рамки дејствувале НОПО Лазо Трповски и НОПО Вичо. ГШ на НОВ и ПОМ почнал да води покрупни воени операции. Била формирана Втората МНОУ бригада Мегленско, и по два дена, таму се одржа и Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, со учество на 288 делегати од младинските организации.

Општо народно востание во Македонија[уреди | уреди извор]

Општото народно востание во Македонија се одвивало во текот на 1944 година. Воените единици успешно им се спротивставиле на надмоќните непријателски сили во едномесечниот Февруарски поход во должина од околу 400 км, во најнеповолни временски услови, и во Пролетната офанзива. Народноослободителната Војска на Македонија веќе добила масовен општонароден карактер во Вардарска Македонија во летото 1944. Во Пиринскиот дел на Македонија биле формирани НО бригада Јане Сандански и Пиринскиот партизански одред Рила, а Петричкиот партизански одред бил во постојана врска со единиците на ЕЛАС на планината Али Ботуш.

Ослободување на Македонија во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Дел од нацртите за операциските дејствија на 20 бригада на 51 дивизија.

Ослободувањето на Македонија во Втората светска војна била последна етапа во борбата на македонскиот народ во средината на 1944 година. Ширум Македонија биле формирани околу 500 Народно ослободителни одбори и биле избрани 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ како највисоко законодавно и извршно народно претставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик бил прогласен за службен во македонската држава и започнал државниот развиток на Демократска Федерална Македонија како федеративна држава во рамките на ДФ Југославија. Тие решенија биле поддржани и од првата легална конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија биле формирани Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски баталјон и потоа Првата егејска НО бригада, која зела учество во борбите за ослободување на Тетовско и Гостиварско.

Во времето на завршните операции за ослободувањето на Македонија, под командата на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија и Партизанските одреди на Македонија веќе имале околу 85000 учесници во НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

По капитулацијата на Царството Бугарија, германските сили се повлекувале со големи загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово завршило целосното ослободување на Вардарска Македонија. Подоцна македонските дивизии учествувале и во ослободувањето на Косово и Јужна Србија, а Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ, составен од 22 000 борци борци, зел учество и во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Македонскиот народ во Вардарска Македонија ја заврши војната со околу 25 000 загинати борци и жртви. Од нив по националност: 7,000 Евреи, 7,000 Македонци, 6,000 Срби, 4,000 Албанци и 1,000 Бугари (2,000 цивилни, 1,000 колаборационисти, 14,000 Југославски воjници и партизани и 7,000 логорници). Со сето тоа НОАВМ даде значителен придонес во антифашистичката војна на Балканот и во Европа.

Депортација на Евреите од Македонија[уреди | уреди извор]

Урната од Скопје
Урната од Скопје
Урната од Битола
Урната од Битола
Урната од Штип
Урната од Штип
Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје поставени се три урни со пепел на Македонските Евреи. Тие во Македонија се донесени во 1961 година и биле изложени во Битола, Скопје и во Штип. Од овие три града ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани речиси сите Евреи од Македонија и кон крајот на март од скопскиот Монопол биле депортирани во логорот на смртта во Полска.[4]

Депортацијата на Евреите од Македонија претставува настан од Втората светска војна организиран од владите на фашистичка Бугарија и нацистичка Германија, со цел систематска елиминација на еврејското население од т.н. „новоослободени територии“ од страна на бугарската власт. Депортацијата на Евреите од Македонија претставува дел од депортација на Евреите од сите „новоослободени територии“ (Вардарска Македонија, Егејска Македонија, Поморавјето (Србија), и Тракија).

Сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Од Треблинка не се вратил никој. Не останал ниту еден сведок да прераскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од Македонија. Документите се единствените сведоци за докажувањето на судбината на Евреите во Македонија.

Од Вардарска Македонија биле иселени над 7.000 Евреи, додека вклучувајќи ги и оние од Егејска Македонија и Тракија околу 11.400. Според податоци од октомври 1945 година, на територијата на денешна Македонија преостанале само 419 лица, чијашто заедница денес брои околу 200.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, СКОПЈЕ 2008
  2. „МЕТОДИЈА ШАТОРОВ - ШАРЛО“. Архивирано од изворникот на 2016-04-04. Посетено на 2011-10-16.
  3. Николова В., Куманов М., Кратък исторически справочник. България, ДИ " Народна просвета ", С., 1983, с.333
  4. Јовановска, Маја. „Урните со пепел на македонските Евреи жртви на Холокаустот на едно место“. Канал 5. Посетено на 2011-07-10.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]